Спорт
(Видео) Дебкал на Денвер, втор брејк на Минесота
Актуелните шампиони на НБА лигата, Денвер Нагетс претрпеа уште еден брејк. Минесота Тимбервулвс, вториот меч од полуфиналната серија во „Бол арена“ во Денвер го добија убедливо со 106:80.
Минесота, во втрориот мечдемонстрираше зошто е нејзината одбрана е најдобра во лигата, а со две серии од 19:0 во финишот на втората и почетокот на втората четвртина го декласираа шампионот.
Ентони Едвардс и Карл Ентони Таунс ги предводеа „Волците“ со по 27 поени, од клупата Наз Рид Никел Александер Вокер придонесоа со по 14 поени.
Најефикасен кај Денвер беше Арон Гордон со 20 поени, Никола Јокиќ забележа дабл-дабл од 16 поени и 16 скока, имаше и осум асистенции, но со лош процент на реализиција (5-13), а целосно потфрли Џамал Мареј кој се мачи со повредата, постигна осум поени (3-18 од игра), имаше и 13 скокови.
Серијата сега се сели во Минеаполис, Минесота ќе биде домаќин во наредните два натпревари, првиот се игра во сабота од 3.30 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Почина легендарниот Бил Волтон
Легендарниот центар, член на Куќата на славните, е роден на 5 ноември 1952 година во Калифорнија. За време на неговата колеџ кариера играше за Универзитетот Ју-Си-Ел-Еј.
Бил Волтон пристигна во Портланд Трејл Блејзерс како прв пик на драфтот во 1974 година. Во текот на кариерата играше за Портланд, Лос Анџелес Клиперс, Бостон Селтикс.
Тој беше двократен шампион НЦАА шампион и двократен шампион во НБА (по една титула освои со Портланд и Бостон).
Волтон беше МВП на финалната серија во 1977 година во дресот на Портланд.
Двапати учествуваше на Ол-стар натпреварите, освои многу индивидуални награди, беше најдобар шести играч во НБА, најдобар во скокови и блокади.
Својата НБА кариера ја заврши со просек од 13,3 поени, 10,5 скока и 3,4 асистенции по натпревар.
Спорт
Емери го продолжи договорот со Астон Вила
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, потпиша нов петгодишен договор со клубот од Бирмингем. Шпанецот ќе остане на „Вила парк“ до 2029 година.
По фантастичната сезона во Премиер лигата, Астон Вила обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а голема заслуга за тоа има шпанскиот тренер.
Унаи Емери (52) пристигна на „Вила Парк“ од Виљареал во октомври 2022 година, кога клубот беше на 17. место во Премиер лигата. Во истата сезона ги предводеше до седмото место, а оваа сезона ја заврши на четвртата позиција зад Манчестер сити, Арсенал и Ливерпул.
Поранешниот менаџер на Севилја, ПСЖ и Арсенал оваа сезона ја одведе Астон Вила до полуфиналето на Конференциската лига во првата европска кампања на клубот од Бирмингем по 13 години.
Спорт
Фабрицио Романо: Челзи има нов тренер
Енцо Мареска (44) наскоро ќе го преземе Челзи, пренесува трансфер инсајдерот Фабрицио Романо. Мареска, пред две недели го врати Лестер во Премиер лигата, а Романо пренесува дека веќе ја прифатил понудата од „Стенфорд Бриџ“.
Италијанецот ќе потпише двегодишен договор со опција за продолжување на уште една година. Остануваше уште клубовите да се договорат околу обесштетувањето. Челзи сака Мареска да го преземе тимот уште оваа недела.
Ова е трета самостојна работа на Мареска на сениорско ниво, откако претходната сезона беше дел од стручниот штаб на Пеп Гвардиола во Манчестер сити, каде придонесе за освојување на тројната круна.
Претходно раководеше со У-23 тимот на Сити, од кој замина во Парма, но таа епизода беше неуспешна, па набрзо повторно се врати во стручниот штаб на Гвардиола.
Како фудбалер кариерата ја градеше во ВБА, Јувентус, Болоња, Пјаченца, Фиорентина, Севилја, Олимпијакос, Малага, Сампдорија, Палермо и Верона. Тој се пензионираше пред шест години.