Спорт
(Видео) Два прекрасни гола и реми – епската битка Реал-Сити ќе се одлучува во Манчестер

Реал Мадрид и Манчестер сити одиграа 1:1 во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“, за да осигураат фантастична пресметка во реваншот во Англија, каде што ќе се одлучува патникот во големото финале.
Во реприза на двомечот од пред една сезона, навивачите на Реал Мадрид ги пречекаа своите херои на стадионот со кореографија на која потсетија дека се „газди“ во Лигата на шампионите со своите 14 трофеи. Сити, уште во лов на првата титула од европската елита, почнаа со апсолутна доминација во поседот на топката, притискајќи ја одбраната на Реал, но без многу стоотстотни шанси.
Кога изгледаше дека „виси“ голот на домаќините, во 36. минута тимот на Карло Анчелоти покажа зошто е многу опасен – по една брза акција на Едуардо Камавинга, Винисиус Жуниор постигна прекрасен гол за водство на актуелните шампиони. Во второто полувреме, гостите повторно се потпреа на својата теренска доминација, но и сега тешко се доаѓаше до голот на Тибо Куртоа до 67. минута, кога Кевин де Брујне постигна уште еден прекрасен гол за израмнување.
Во второто полуфинале, утре на „Сан Сиро“ во првиот меч се среќаваат градските ривали Интер и Милан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Пораз на Шкендија од Рајо Ваљекано
Македонскиот шампион Шкендија со пораз стартуваше во главната фаза во Конференциската лига. Вечерва во Мадрид, Рајо Ваљекано ја порази Шкендија со 2:0.
На „Ваљекас“, Рајо мечот го реши во првите половина час, во интервалот од 28-та до 32-та минута.
Унаи Лопез го постигна првиот, а Фран Перез вториот гол.
⚽️ Fran Pérez 31'
UEFA Conference League | 🇪🇺 Rayo Vallecano 2-0 Shkëndijapic.twitter.com/BfW10IP8vb
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 2, 2025
Овој резултат остана до крајот на натпреварот, најмногу поради голманот на Шкендија, Геје, кој во вториот дел имаше неколку изворедни интервенции.
Foto/ EPA
Спорт
Медиумите за Јамал: Треба да разбере дека се уште не е ѕвезда

Најпопуларните шпански медиуми го критикуваат Ламин Јамал по поразот на Барселона од Пари Сен Жермен (1:2) во второто коло од Лигата на шампионите.
Иако има само 18 години тоје е еден од најдобрите играчи на Барселона. Медиумите во овој случај немаа милост кон неговата младост, во коментарите беа исклучително остри.
Радио „Марка“ оцени дека Јамал „сè уште не треба да се смета себеси за ѕвезда“.
„АС“, вели дека „младата ѕвезда“ сè уште „има многу да подобри“ во својата игра и покрај неговиот неоспорен талент.
„По одличното прво полувреме во кое делеше додавања и асистенции како да нема утре, тој исчезна во вториот дел од натпреварот, играше несмасно и без идеи. Јасно е дека мора многу да се подобри ако сака да ја освои Златната топка следната година“.
„Мундо Депортиво“, инаку каталонски медиуми, беше малку поблаг, но конкретно го истакна фактот дека Јамал мора да најде начин да игра на исто ниво во текот на целиот натпревар.
Јамал постигна два гола и запиша четири асистенции во пет натпревари оваа сезона.
Foto/ EPA
Спорт
Милевски повика 26 фудбалери за Белгија и за Казахстан

Фудбалската репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од квалификациите за Светското првенство 2026 што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Во октомври не очекуваат два клучни натпревари, најпрво гостувањето кај Белгија во Гент, а потоа и дуелот со Казахстан во Скопје, во пресрет на ноемвриската завршница на циклусот за пласман на Мундијалот.
Селекторот Благоја Милевски го објави списокот без поголеми изненадувања.
Од комбинација отпаднаа повредениот Лирим Ќамили и Димитар Митровски, а повратник е Давид Бабунски од редовите на Вардар.
Во составот на Македонија се следните 26 фудбалери:
Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија);
Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија);
Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија);
Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија);
Собирот на репрезентацијата е закажан за 6 октомври. Македонија најпрво ќе игра против Белгија на 10 октомври во Гент, а на 13 октомври во Скопје ќе го пречека Казахстан.
Во моментов, нашата селекција е прва на табелата со 11 бода, еден повеќе од Белгија и Велс.
Извор/ Фудбалска федерација на Македонија