Спорт
(Видео+Фото) Бугарите поради фудбалот направија хаос на улиците на Софија
Неколку лица се повредени во судири меѓу навивачите и бугарската полиција во Софија пред квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 меѓу Бугарија и Унгарија
Навивачите групно се упатија кон стадионот, но бугарската полиција ги спречи да се приближат до спортскиот објект откако поставија кордони.
Околу 17:40 часот по средноевропско време дошло до судири меѓу навивачите и полицијата.
Навивачите фралале факели и тврди предмети кон полицијата, која одговорила со водени топови. Локалните медиуми јавуваат дека има повредени од двете страни.
Mad scenes in Sofia outside the National Stadium where Bulgaria plays Hungary behind closed doors: clashes between fans and police forces, water bombs and cars set on fire… pic.twitter.com/KcIU1Foskd
— Metodi_Shumanov (@shumanskoo) November 16, 2023
Бугарските навивачи протестираат против претседателот на ФС на Бугарија Борислав Михаилов и бараат негова оставка. Бугарските навивачи сметаат дека Михаилов е еден од главните виновници за лошите резултати на бугарската репрезентација.
Протести беа организирани и пред седиштето на Министерството за спорт, каде група навивачи бараат оставка од првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Бугарија.
Фудбалерите на Бугарија со два бода се на последното место на табелата од групата Г од квалификациите за ЕП 2024 година.
16.11.2023🇧🇬Football protest in Sofia calls for urgent leadership overhaul in Bulgarian football union https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/0PyYjpfs0c
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) November 16, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) ПСЖ во Монако од 0:2 до 3:2
Фудбалерите на Пари Сен Жермен го победија Монако со 3:2 во првиот натпревар од 1/16 финалето на Лигата на шампионите.
„Светците“ ќе го слават моментот кога Дезире Дуе стапна на теренот, бидејќи Дембеле мораше да го напушти теренот во средишницата од првото полувреме.
Но, пред тоа, сè што можеше да тргне наопаку за Пари Сен Жермен се случи.
Монако поведе во првата минута. Головин му асистираше на Балогун, кој го свлада Сафонов. Монако продолжи во ист ритам и ја дуплираше предноста.
Балогун му избега на Маркињос и повторно и лесно ја смести топката во голот.
ПСЖ можеше да се врати во игра кога Кварацхелија изнуди пенал, но Кен го одбрани ударот на Витиња. Но, пет минути подоцна, Дуе влезе во игра.
По само 80 секунди, одзеде топак и ја погоди мрежата. До крајот на првото полувреме, избраниците на Луис Енрике израмнија.
Шут од далечина, Кен одбрани, но Хакими налета на одбиената топка и го израмни резултатот.
Пресвртот пред пресвртот на ПСЖ се случи на почетокот од второто полувреме кога Головин заработи директен црвен картон по фаулот врз Витиња.
Дуе повторно стапи на сцена, доби додавање од Ворен Заир Емери и од 12 метри го постигна голот за победа.
Foto/ EPA
Спорт
Германците ги освоија медалите во боб двосед
Германија го повтори својот неверојатен успех и ги освои сите три медали во боб двосед на Зимските олимписки игри. Златото им припадна на Јоханес Лохнер и Георг Флајшхауер, среброто на Франческо Фридрих и Александар Шулер, додека дебитантите Адам Амур и Александар Шалер ја освоија бронзата.
Победата на Јоханес Лохнер и неговиот сопирач Георг Флајшхауер беше сигурна уште од првото возење во понеделникот. Лохнер, кој настапува на своите трети и последни Олимписки игри како лидер во двете дисциплини во боб, ги оправда очекувањата во вторникот и стигна до златото со огромна разлика од 1,34 секунди. За 35-годишниот пилот, ова е трет олимписки медал, но прво злато.
Ваквиот расплет е пресликан од последните Игри во Пекинг во 2022 година, кога Германија исто така ги освои сите медали во боб двосед. Тогаш Фридрих беше прв, а Лохнер втор. Последната нација што постигна таков подвиг на Зимските игри по ред беше исто така Германија, во санкање за жени во 2002 и 2006 година.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Винисиус постигна спектакуларен гол, па направи хаос, Мурињо исклучен
Реал Мадрид стекна минимална предност во дуелот со Бенфика, во првиот бараж меч за пласман во осминафиналето, во Лигата на шампионите. На „Да Луж“, во Лисабон, Реал ја победи Бенфика со 1:0. Единствениот гол во 50-та минута го постигна Винисиус Жуниор.
Три недели по спектакуларната пресметка во првата фаза и голот на голманот Трубин во 98-та минута, Бенфика и Реал одиграа уште еден натпревар. За разлика тој меч, во кој беше надигран, Реал доминираше и на крајот заслужено победи.
Во силно темпо мина првото полувреме, првите 15 минути им припаднаа на домаќините, потоа Реал воспостави контрола, а во последните пет минути од првиот дел Трубин три пати спречи водство на Реал.
Вториот дел започна со брилијантниот гол на Винисиус во 50-та минута.
Провокацијата на Винсиус ја вжешти атмосферата на стадионот. Бразилецот заработи жолт картон за провокативната прослава на голот, откако доби жолт картон му се пожали на судијата дека бил расистички навредуван од Џанлука Престијани од Бенфика.
Винисиус потоа седна на клупата, не сакаше да игра. Прекинот траеше 10 минути.
Прекинот го „уби“ одличниот ритам во кој беа двата тима. По една полу шанса имаа едните и другите. Потоа интересен момент во 85-та минута.
Жозе Мурињо заработи црвен картон поради жестоки протести. Тренерот на Бенфика побара жолт картон за Винисиус, односно исклучување за Бразилецот, но судијата Летексје не мислеше така, но, по бурните протести, на крајот му покажа црвен картон на Мурињо.
Реваншот се игра наредната среда во Мадрид.
Foto/ EPA

