Контакт

Спорт

(ВИДЕО) Грилиш: Нема да ве лажам, постојано пијам и се забавувам

Објавено пред

Џек Грилиш беше во центарот на вниманието на светската јавност откако се опиваше до бесвест по финалниот натпревар од Лигата на шампионите против Интер. Неговиот Манчестер Сити победи со 1:0 и ја освои тројната круна сезонава, а англискиот репрезентативец славеше бурно и не се отрезнуваше со денови.

dobivaj vesti na viber

После тоа некако успеа да се отрезни. Тој се приклучи на репрезентацијата на Англија и доби половина час во убедливиот триумф (7:0) против Македонија.

Грилиш не се кае за тоа што се случи. Тој тврди дека е таков и дека не сака никого да лаже за тоа што прави во слободното време.

„Знаев што правам. Таков сум и така излегувам и се забавувам”, призна Џек Грилиш.

„Во ред, не е секогаш толку жестоко, но ја освоивме тројната круна и тоа е нешто што веројатно никогаш повеќе нема да се повтори. Уживав, но не сум единствениот. Сите ме снимаат мене, но можам да ви покажам одредени снимки каде другите се исти како и јас. Никогаш нема да лажам и да кажам дека не пијам и дека не се забавувам. Тоа го правам постојано. Искрен сум, го живеам мојот сон играјќи за најдобриот клуб во светот “, изјави Џек Грилиш.

Тој стана член на „граѓаните“ во 2021 година. Манчестер Сити на Астон Вила и плати речиси 120 милиони евра. За тимот од „Етихад“ за две години одигра вкупно 89 натпревари и има ефект од 11 гола и 15 асистенции.

Претходно со години настапуваше за Астон Вила каде израсна во младинските категории на овој клуб. За првиот тим настапи 213 пати, постигна 32 гола и забележа 43 асистенции.





©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Мерцедес нема намера да го ангажира Саинц

Објавено пред

Карлос Саинц ќе го загуби своето место во Ферари во 2025 година бидејќи тимот од Маранело го ангажираше Луис Хамилтон. Шпанецот нема голем простор за маневар околу тоа каде ќа ја продолжи кариерата.

dobivaj vesti na viber

Медиумите шпекулираа дека токму тој ќе го замени Хамилтон во Мерцедес, но според последните информации овој тим нема намера да го ангажира Карлос Саинц.

„Скај спортс“, дознава дека Мерцедес не размислуваат да го доведат Шпанецот, не затоа што мислат дека е лош возач, туку затоа што не сакаат да избрзуваат со потпишувањето.

Имено, Крег Слејтер, новинар на „Скај спортс“, во Монте Карло дознал дека Мерцедес сака да види какви опции има со Макс Ферстапен. Доколку тоа е далеку од реализација, а лесно би можело да биде така, Мерцедес би го ангажирал младиот Италијанец Кими Антонели, кој во август ќе наполни 18 години.

Ред Бул исто така не е реална опција за Саинц.

„Скај спортс“, дознава дека Саинц е најблиску до потпис за Ауди, кој ќе влезе во Формула 1 во 2026 година. Тогаш Карлос би добил голема плата од новиот конструктор.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Тиквеш го освои Купот на Македонија

Објавено пред

Foot/ ffm.mk

dobivaj vesti na viber

Фудбалерите на Тиквеш испишаа историја и за прв пат во историјата го освоија Купот на Македонија. Исто така, оваа победа им овозможи на кавадарчани првпат да учествуваат во европските купови, тие ќе играат во квалификациите во Конференциската лига.

Во финалето кое се одигра на Националната Арена националниот стадион „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада Воска Спорт со 2:1.

Тиквеш поведе преку Кристијан Стојкоски, кој постигна одличен гол од слободен удар во 41. минута.

По еден час игра, Бразилецот Луан Силва зголеми на 2:0, за голема радост на 10.000 навивачи кои од Кавадарци дојдоа во главниот град да го бодрат својот тим.

Голот за надеж за Воска го постигна Никола Саркоски во 77. минута, но охриѓани немаа сили да се вратат во мечот.

Со ова Тиквеш ја заокружи најуспешната сезона во клупската историја, во првенството овој тим го освои четвртото место.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Гасперини го надмудри Алонсо, Лукман со хет-трик го растури Баер, Аталанта ја освои Лига Европа

Објавено пред

Фудбалерите на Аталната го освоија првиот европски трофеј во клупската историја. „Ла Деа“, во финалето во Даблин, го победи Баер Леверкузен со 3:0. Хет-трик постигна Адемола Лукман, кој го совлада Ковар во 12., 26. и 75.минута. Аталанта со победата во финалето стави крај на европскиот рекорд на Баер, играчите на Чаби Алонсо до овој меч немаа пораз на 51 натпревар.

dobivaj vesti na viber

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

„14 пратеници“, обзнанија Таравари и Хасани: Коалицијата „Вреди“ добила пратеник повеќе во однос на Европскиот фронт по прегласувањето

По прегласувањето на избирачко место во Општина Желино, кое е во рамки на изборната единица 6, според претставникот на „Вреди“,...

Македонија14 часа

Ковачевски се повлече од претседателската функција во СДСМ, и го повика целото раководство да го направи истото

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ којашто ја...

Македонија16 часа

Директорот на „Идризово“ по пожарот со четворица задушени чувари: Се запали душек од сунѓер, кој може да пламне и од догорче од цигара

Четворицата задушени чувари од затворот „Идризово“ се во добра состојба и се очекува утре да бидат пуштени дома, вели директорот...

Македонија17 часа

Спорните договори за вработување се само со потписот на Иљази – ДСЗИ влезе на Токсикологија

Државниот санитарен и здравствен испекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за вработување на лицата за...

Свет19 часа

Кои земји досега ја признаа Палестина

Речиси три четвртини од земјите во светот ја признаа државата Палестина, која ја прогласи палестинското раководство во егзил пред повеќе...

Македонија20 часа

На скопскиот аеродром спречен влез на 1,7 тони медикаменти, кои се штетни за здравјето на граѓаните

Царинските службеници на влез на Меѓународниот аеродром „Скопје“ спречија влез на 1,7 тони медикаменти, „силденафил цитат упс“ и „сибутрамин“, кои...

Македонија20 часа

Велигденов: Владата да се заземе за интересот на „Македонска пошта“ бидејќи 2.000 вработени ќе останеме на улица

Првиот синдикалец на „Пошта“ информира дека и покрај претходните протести не е регулирано прашањето на редовно примање плата и не...

Македонија22 часа

Зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила

По добиената пријава во ЦУК, за зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила во општина Ранковце,...

Македонија22 часа

Граѓаните на Куманово да не ја користат водата за пиење од Водоводот, алармира ЦУК

Денеска, до Центарот за управување со кризи до Секторот за операции и координација е побарана координација помеѓу институциите заради надминување...

Европа23 часа

Норвешка ја призна палестинската држава

Владата на Норвешка денеска соопшти дека нордиската земја признава независна палестинска држава. Норвешкиот премиер Јонас Гар Стор денеска изјави дека...

Македонија23 часа

„Георгиев и Мемети се само дел од криминално судскиот октопод“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ се причината поради која денеска правосудството е корумпирано. Наке Георгиев и Иџет Мемети се остатоците од криминалната...

Свет23 часа

Првиот случај на птичји грип откриен на фарма во Австралија, не е истиот вид како во САД

Птичјиот грип е откриен на живинарска фарма во близина на Мелбурн, Австралија, а првите резултати од тестовите покажуваат дека не...

Свет24 часа

На италијанскиот министер за одбрана му се слоши, хоспитализиран поради болки во градите

Во вторникот на италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозе му се слошило за време на состанокот на Врховниот совет за...

Свет24 часа

Стотици илјади луѓе на улиците на Техеран, Хамнеи води молитва за Раиси

Стотици илјади луѓе се собраа утрово на улиците на Техеран за да присуствуваат на погребот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси...

Свет24 часа

(Видео) Неколку лица загинаа во торнадо во Ајова, десетина повредени

Неколку луѓе загинаа во торнадо во градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова, додека десетина луѓе се повредени, пренесе Ројтерс....

Македонија1 ден

(Видео) Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Центарот за управување со кризи информира дека заради локалните врнежи на дожд има пријави за поплавувања и штети од град...

Македонија2 дена

Осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски – Палчо, спроведен во Кривичниот суд: одреден му е притвор од 30 дена

Осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од...

Македонија2 дена

30-дневен притвор за судијата Наќе Георгиев

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија2 дена

Одземање на пасошот и мерки за претпазливост за Иџет Мемети, бара Обвинителството

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот...

Македонија2 дена

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, им забрани на вработените на Клиниката за токсикологија да даваат медиумиски изјави...