Спорт
(Видео) Јилдиз и Влаховиќ за триумф на Јувентус кај Фросиноне

Foto/ EPA
Јувентус со победа во Фросиноне ја заврши 2023 година. „Старата дама“ победи со 2:1. Јувентус по 17 рунди има 40 поени, еден помалку, но и натпревар повеќе од лидерот Интер.
Тренерот на тимот од Торино, Макс Алегри во нападот започна со ветераното Аркадиуш Милик и младиот Кенан Јилдиз.
Турчинот на довербата возврати со гол за водството во 12. минута, со што стана најмладиот странец кој постигнал гол за „старата дама“.
Домашните израмнија на стартот од вториот дел преку Хамес Баес.
Клучниот момент на натпреварот се случи во 78.минута кога Влаховиќ го замени стрелецот на голот за Јувентус, Јилдиз. Три минути подоцна Србинот со шестиот сезонски гол му ја донесе победата на Јувентус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Лацио од пенал во 103-минута се спаси од пораз против Торино

Фудбалерите на Лацио и Торино одиграа спектакуларен натпревар (3:3) на „Олимпико“ во рамките на 6. коло од Серија А. Два гола беа постигнати во судиското надополнување на времето.
Прво, Саул Коко постигна гол во 90+2 за Торино и се чинеше во тој момент, обезбеди победа за „биковите“, бидејќи натпреварот беше продолжен четири минути.
Сепак, следеше трилер завршница – дефанзивецот на Торино, Марипан го собори Тијани Нослин во шеснаесетникот, веднаш до гол-аут линијата, судијата првично не покажа на „белата точка“ и предизвика гнев кај домашните.
Дури по долг преглед на ВАР, судијата па покажа на белата точка. Натпреварот беше продолжен, влезе во 13. минута од судиското продолжение.
На крајот, Данило Каталди погоди и ги постави конечниот резулта, 3:3.
Тимот на Маурицио Сари така остана со само две победи во текот на сезоната досега.
Претходно синот на тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, Џовани, постигна гол за Торино во 16-та минута. Потоа, двоен стрелец за Римјаните беше Матео Канселиери (24, 40), а на 2:2 изедначи Че Адамс со гол во 73-тата минута.
Foto/ EPA
Спорт
Расел со брилијантен круг до пол-позицијата во Сингапур

Џорџ Расел ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Сингапур. Возачот на Мерцедес до првото место во квалификациите дојде со најдобриот круг во историјата на патеката „Марина Беј“, 1:29.158.
Џорџ Расел ја освои втората пол-позиција оваа сезона, претходно тоа го направи во Канада. Британецот блескаше во квалификациите, особено во последната сесија. Извозе два неверојатни круга и беше единствениот што во вториот круг го подобри својот резултат.
До Расел од првиот ред трката ќе ја започне актуелниот шампион, Макс Ферстапен. Холанѓанецот и во Сингапур ја доби битката со возачите на Мекларен.
Лидерот во генералниот пласман, оскар Пјастри го освои третото, а вториот возач на Мерцедес, 18-годишниот Андреа Кими Антонели го комплетира вториот ред на стартот.
Следуваат, претендентот за шампионската титула Ландо Норис (Мекларен), па возачите на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер. Во Топ 10 место изборија Исак Хаџар (Рејсинг Булс), Оливер Берман (Хас) и Фернандо Алонсо (Астон Мартин).
Трката за Големата награда на Сингапур, в недела ќе започне во 14 часот по македонско време.
Спорт
Јамал под знак прашалник за Ел Класико

Ламин Јамал се повреди против Пари Сен Жермен и нема да се конкурра за место во тимот, за првенствениот натпревар против Севилја.
Она што ги загрижува сите во Барселона е дали младиот напаѓач ќе биде подготвен за Ел Класико против Реал, кое е закажано за 26 октомври.
Ова го потврди Ханси Флик на прес-конференцијата пред дуелот со Севилја.
„Со ваков вид повреда, многу е тешко да се предвиди дали ќе може да игра за три, четири или пет недели. Мора да почекаме и да видиме. Тој тренираше со нашиот тим лекарски тим под посебен режим. Ќе продолжи со нив во следните неколку недели; мора да одиме чекор по чекор и да видиме како ќе напредува.“
Би бил голем удар за Барселона ако Јамал не се опорави за дуелот со Реал, ако се знае каков ефект има врз играта на тимот на Ханси Флик.
Foto/ EPA