Спорт
(Видео) Канело го претепа противникот и ја одбрани титулата

Мексиканскиот боксер Саул Канело Алварез ја одбрани титулата во супер велтер категорија. Tој на поени го победи Жермел Шарло.
Канело славеше во Лас Вегас со едногласна одлука на судиите – 119:108, 118:109 и 118:109.
Мексиканецот го нокаутира Шарло во седмата рунда на патот до неговата 60. победа во 64 борби во кариерата.
Canelo makes Charlo take a knee in round 7🤯
— 🌴ᴛʜᴇᴀʀᴛᴏꜰᴡᴀʀ🌴 (@TheArtOfWar6) October 1, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мбапе добил нестварна сума како бонус за потпис на договорот
Килијан Мбапе, минатото лето се пресели од ПСЖ во Реал. Првиот човек на Реал, Флорентино Перез долго време го убедуваше фудбалерот дека Мадрид е вистинскиот град за него. На крајот успеа не само да го добие потписот на Мбббапе, туки и да не плати обесштетување.
Реал не му плати ништо на ПСЖ бидејќи договорот на Мбапе беше истечен, но издвои значителна сума за потписот на напаѓачот.
Нвинарот на „Ел Чирингито“, Маркал Љоренте тврди дека Французинот од клубот добил неверојатен бонус.
„Клубот му плати на Килијан Мбапе 117 милиони евра како бонус за потписот на договорот“, изјави Љоренте.
Меѓутоа, Љоренте набрзо беше демантиран од друг новинар, Нуно Антон.
„Оваа бројка е навистина блиску до бонусот што го доби, но деветката на Реал Мадрид не ги доби веднаш сите пари, туку ќе го добива на рати се додека е во клубот“.
Спорт
Дебакл на Ѓоковиќ во првиот меч на Индијан Велс

Новак Ѓоковиќ е поразен во второто коло на Индијан Велс. Ботик ван де Зандшулп беше подобар од него во три сета 6:2, 3:6, 6:1.
Новак Ѓоковиќ за прв пат по 2018 година загуби во првиот меч на првиот Мастерс во сезоната. Но, она што загрижува е што втора година по ред губи во Индијан Велс од „лаки лузер“. Ѓоковиќ е далеку од вистинската форма, претходно го загуби и првиот меч на турнирот во Доха од Матео Беретини. .
Ван де Зандшулп целосно ја заслужи победата. Во првиот сет тој ги казни сите грешки на противникот. Само во вториот сет најдобриот во историјата покажа дел од играта што го карактеризираше во поголемиот дел од неговата кариера и го доби сетот..
Интензитеот во играта на Ѓоковиќ падна во третиот сет, а Ботик полн со самодоверба „леташе“ по теренот. Тој едноставно беше непробоен во одбраната и на крајот одлично го одигра решавачкиот сет.
Спорт
(Видео) Интер ја преживеа Монца

Фудбалерите на Интер со многу мака ја совладаа последнопласираната Монца со 3:2, по пресврт, откако гостите неочекувано гостите водеа со 2:0 до 45. минута.
Стрелци на головите по хируршки прецизни напади беа Самуеле Бириндели и Кеита Балде, чии гол е навистина спектакуларен.
Прашање е како ќе завршеше натпреварот доколку ветеранот Марко Арнаутовиќ во првата минута од судиското не го препоплови водството на гостите.
Во вториот дел Чалханоглу изедначи на 2.2 во 64.минута.
Конечно, решавачкиот момент се случи во 77. минута кога Лаутаро Мартинез со глава упати удар топката ја допре Киријакопулос, голманот на Монца спектакуларно одбрани, но тогаш се вклучи ВАР.
Тпката за два сантиметри ја минала гол линијата.
18-та победа на Интер им овозможи утрешниот дена да го пречекаат со четири бода повеќе од Наполи, додека Монца останува закована на дното на табелата со се помалку шанси да избори опстанок.