Спорт
(Видео) Кенијката прво беше дисквалификувана, а потоа и го вратија медалот
Женската трка на 5.000 метри својот епилог го имаше најпрвин на стадионот, а потоа двапати на зелената маса.
Сигурно беше дека златниот медал го освои Беатрис Чебет од Кенија. Во трката втора низ целта мина нејзината сонародничка Фејт Кипјегон, а трета заврши Сифан Хасан од Холандија.
Сепак, по жалбата од тимот на Етиопија дека Кипјегон остана без среброто. Етиопија се жалеше дека Кенијката за време на трката ја влечела за дресот нивната репрезентативка.
На тој начин на второто место се искачи Хасан, а на третото и припадна на Италијанката Наѓа Батоклети.
Целиот случај сепак не заврши тука. Следуваже жалба од спротивниот табор. Кенијците побараа да и биде вратен медалот на Кипјегон. Според нив немало намера Кипјегон да и попречи на ривалката.
По извесно време, нивната жалба беше прифатена и се беше вратено на почеток.
Поредокот е златен медал за Чебет, сребро за Кипјегон и бронза за Сифан Хасан.
Here is the shove in question involving Faith Kipyegon and Gudaf Tsegay… pic.twitter.com/6C1qGijDh6
— Chris Chavez (@ChrisChavez) August 5, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Габија го реши „Дерби дела Мадонина“
Милан како гостин го победи Интер со 2:1 во дерби мечот одигран во петотот коло во Серија А. Милан ја прекина црната низа против градскиот ривал, Интер ги доби претходните шест натпревари (три во првенството, два во Лигата на шампионите и еден во Суперкупот).
Милан и тренерот Паоло Фонсека, поради лошиот старт во сезоната беа под голем притисок пред дербито и одговорија на предизвикот. Го победија градскиот ривал во „Дерби дела Мадонина“.
Милан генерално беше подобриот тим на теренот, имаш повеќе шанси и на крајот заслужено победи.
Триумфот на црвено-црните го најави Кристијан Пулишиќ во десеттата минута. Американецот мина неколку играчи и успеа да го совлада Јан Сомер. На голот му претходеше грепата на Мхитаријан, кој загуби топка на 35 метри од својот гол.
По голот на Милано, тој успеа да ја умртви играта, малку да го забави ритамот на мечот, Интер го имаше поседот но не создаде сериозни шанси. Единствено што вреди да се спомене е обидот на Лаутаро.
Милан ја менуваше формацијата како одминуваше првото полувреме, но не можеше да го спречи израмнувањето кое следеше во 28. минута. Ди Марко со прецизен удар го совлада Мењан.
Гостите подобро влегоа и во вториот дел по неполни пет минути фудбал имаа шанса преку Рафаел Леао да стигнат до нова предност, но се истакна Сомер, додека Шајцарецот можеше скапо да го чини својот тим, бидејќи откако ја изби топката го закачи Ејбрахам. Се активираше ВАР кој ја поддржа одлуката на маријани да не досуди пенал.
Потоа Милан пропушти две големи шанси преку Леао и Ејрахам.
Милан можеше да има пенал, Маријани покажа на белата точка за според него, играње со рака на играч на Интер, но откако ВАР ја поништи неговата одлука.
И кога се очекуваше дербито да заврши без победник на сцена стапи дефанзивецот Габија кој погоди во 89. минута и со тоа на својот тим му ја донесе победата.
По пет кола лидер на табелата е Торино со 11 поени еден помалку има Наполи, додека со по осум бода Милан и Интер се на шестото и седмото место.
Спорт
Заврши сезоната за Тер Штеген
Капитенот на Барселона, Марк-Андре Тер-Штеген ја заврши сезоната 2024/25. Германецот се повреди во финишот на првото полувреме, против Виљареал, каде Барселона победи со 5:1.
Голманот на Барселона заработи тешка повреда на коленото, а според првите прогнози ќе отсуствува меѓу седум и девет месеци. Во најдобар случај би можел да се врати во финишот на сезоната.
Вечерва, Тер-Штеген незгодно се приземји по еден корнер, веднаш се фати за коленото, беше изнесен на носилки и набргу по натпреварот се потврдија лошите прогнози.
Работите да бидат уште полоши, тој е вториот играч за кого оваа сезона е завршена, претходно истото му се случи на младиот Марко Бернал. Тој против Рајо Ваљекано ги скина лигамнетите во коленото и ќе паузира околу 12 месеци.
Младиот Инаки Пења повторно ќе треба да го замени Тер-Штеген, што го направи пред точно една година, кога Германецот отсуствуваше два месеци.
Прашање е и дали Барселона ќе донесе нов голман во зимскиот преоден рок.
Спорт
(Видео) Гвардиола и Артета не се задоволни од судењето во дербито
Манчестер сити и Арсенал ремизираа 2:2 во дербито од петтото коло на англиската Премиер лига. Сити поведе со голот на Ерлинг Халанд во деветтата минута, но Арсенал направи пресврт во првото полувреме со головите на Рикардо Калафиори и Габриел. Џон Стоунс погоди во 98. минута за реми.
И двајцата тренери се осврнаа на судењето на Мајкл Оливер по натпреварот. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола протестираше поради првиот гол на Арсенал. Имено, Арсенал го постигна тој гол откако неговите играчи изведоа слободен удар додека десниот бек на Сити, Кајл Вокер беше надвор од позиција бидејќи судијата како капитен го повика на разговор на центарот на теренот. Вокер не се врати на своката позиција, а Арсенал разви акција од која постигна гол.
„Следниот пат кога судијата ќе го повика капитенот на разговор, нема да оди. Тој мора да им дозволи да се вратат на нивната позиција. Но, во исто време мора да избегнеме такви брзи додавања, знаеме дека играат брзо, мораме подобро да ја организираме одбраната“, изјави Гвардиола по натпреварот.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета го обвинува судијата што му дал втор жолт картон на Леандро Тросард во судиското надополнување во првото полувреме поради шутирање на топката по свирежот.
„Претпочитам да не коментирам бидејќи видов се, тоа е толку очигледно. Ќе оставам на вас. Веќе има проблеми кога го коментирав судењето“, рече тој на конференција за медиуми, а еден новинар спомна дека играчот на Сити, Џереми Доку не добил жолт картон за слично однесување.
„Тоа сакам да го кажам, она што го велам толку очигледно што мислам дека е непотребно да се коментира. Очекувам 100 натпревари во Премиер лигата оваа сезона да се одиграат десет на 11, десет до десет или девет до десет