Спорт
(Видео) Ливерпул за полувреме го прегази Лутон
Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Лутон со 4:1 (0:1) во натпреварот од 26. коло на Премиер лигата и останаа на врвот на табелата пред преостанатите натпревари од оваа рунда.
Тимот на Јирген Клоп повторно има четири бода повеќе од Манчестер сити.
„Црвените“ порано го одиграа натпреварот од ова коло поради финалето на Лига купот што ги очекува в недела против Челзи.
Првиот дел, неочекувано заврши со водство на Лутон. Стрелец беше Огбене во 12.минута.
Во вториот дел Ливерпул го прегази својот противник. Стрелци еа Вирџил Ван Дијк во 56. минута, Коди Гакпо во 58., Луис Дијаз во 71. и Харви Елиот во 89. минута.
Аргентинецот Алексис Мекалистер запиша две асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Mик Шумахер во Индикар
Германскиот возач Мик Шумахер (26), син на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, следната сезона ќе се натпреварува во Американската Инди серија за тимот Рахал Летерман Ланиган (RLL).
Синот на легендарниот седумкратен шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, има 43 стартови во Формула 1, а неговиот најдобар пласман е шестото место.
Тој се тркаше за Хас во сезоните 2021 и 2022 година, а подоцна беше тест-возач за Ферари и Мерцедес. Последните две години се натпреваруваше во Светското првенство на издржливост (WEC) на ФИА за Алпин, пред да се пресели во Индикар.
Шумахер ќе го вози болидот Dallara DW12 со мотор на Хонда на сите 17 трки следната сезона.
„Возбуден сум за автомобилот и американскиот начин на мотоспорт, кој се чини дека е повеќе фокусиран на чисто и директно тркање, и токму тоа го очекувам. И секако, љубопитен сум за нови искуства и секогаш сум заинтересиран за проширување на моите хоризонти. За мене, ова е почеток на ново патување и возбуден сум за почетокот на сезоната“, рече Шумахер.
Сезоната „NTT Indy Series 2026“ започнува со Големата награда на Фајерстоун во Санкт Петербург на 1 март. Закажани се 17 трки, а сезоната завршува на 6 септември во Монтереј, Калифорнија.
Спорт
(Видео) Тешка повреда на Един Вишќа
Дуелот меѓу Башакшехир и Трабзон, одигран во синоќа, освен донесе гол шоу и победа на гостите 4:3, беше обележан и со сериозна повреда на Един Вишќа.
Поминаа само пет или шест минути од почетокот на натпреварот кога Фести Ебоселе сљкаше да спречи контра напад. Ирецот „влета“ во Вишќа, кој падна на левата нога, а стапалото му се сврте неприродно.
Вишќа веднаш гестикулираше, бараше помош, судијата му покажа жолт картон на Ебоселе, а играчот на Башакшехир дури и не разбра зошто. Дури откако доби повик од ВАР собата, главниот судија го исклучи фудбалерот на Башакшехир.
Başakşehir – Trabzonspor maçında
Başakşehir'de Ebosele, VAR incelemesinin ardından direkt kırmızı kart gördü
Edin Visca sakatlığının ardından yerini Olaigbe'ye bıraktı
#iBFKvTS pic.twitter.com/peb7E6jmSX
— 𝐂𝐚𝐜𝐚 𝐁𝐞𝐲 (@1Cacabeyy_cb) November 24, 2025
Капитенот на Трабзон беше однесен во болница, а клубот не коментираше за деталите од повредата. И Трабзон и Башакшехир му посакаа брзо закрепнување, а турските медиуми шпекулираа дека станува збор за повреда што би можела да му ја заврши кариерата на 35-годишниот фудбалер.
Вишќа има договор со Трабзон до крајот на сезоната, одигра повеќе од 500 натпревари во Турција и двапати беше шампион.
Спорт
Дерби на денот: Челзи против Барселона на „Стенфорд Бриџ“
На осум стадиони во Европа, вечерва ќе се одиграат првите натпревари од петтото коло, во Лигата на шампионите. Програмата ќе биде отворена со натпреварите во Истанбул (Галатасарај-Унион Сен Жилоа) и Амстердам (Ајакс-Бенфика), а дербито ќе се одигра на „Стенфорд Бриџ“, во Лондон, меѓу Челзи и Барселона.
Челзи и Барселона имаат долга историја на меѓусебните дуели, но ова ќе биде прва нвна средба по сезоната 2017/2018. Тогаш во осминафиналето, Барселона по 1:1 во Лондон, победи дома со 3:0 и се пласира во наредната рунда.
Досега во историјата одиграле 14 натпревари, двата тима имаат по четири победи, шест пати играле нерешено.
На табелата, Челзи и Барселона се 11-ти и 12-ти со по седум поени.
Челзи се одлични пред домашната публика, загубија само два од последните 61 натпревари од групната/лигашката фаза на УЕФА. Во серија се од 16 натпревари без пораз, а започна по неуспехот против Валенсија во ЛШ во септември 2019 година (0:1).
Барселона не успеа да победи само во три од последните 20 натпревари од натпреварувањата на УЕФА против англиски тимови, а нивниот чудо од Ламин Јамал веќе постигна седум гола во Лигата на шампионите пред да наполни 19 години и му требаа уште три за да го израмни рекордот на Килијан Мбапе.
ЛШ, 5.коло:
Вторник:
Ајакс – Бенфика 18.45 часот
Галатасарај – Унион Сен Жилоа
Бодо/Глимт – Јувентус 21.00 часот
Борусија (Д) – Виљареал 21.00
Челзи – Барселона 21.00
Манчестер Сити – Баер Леверкузен 21.00
Наполи – Карабаг 21.00 часот
Марсеј – Њукасл 21.00 часот
Славија Прага – Атлетик Билбао 21.00
Среда:
Копенхаген – Каират 18.45 часот
Пафос – Монако 18.45
Арсенал – Баерн 21.00 часот
Атлетико Мадрид – Интер 21.00
Ајнтрахт – Аталанта 21.00
Ливерпул – ПСВ 21.00
Олимпијакос – Реал Мадрид 21.00
ПСЖ – Тотенхем 21.00
Спортинг – Бриж 21.00

