Спорт
(Видео) Наполи со пресврт ја победи Верона
Фудбалерите на Наполи славеа против Верона со 2:1 во натпреварот од 23. коло на Серија А.
Наполи на тој начин ја забележа 10-та сезонска победа и моментално се наоѓа на седмото место на табелата со 35 бодови.
Во првото полувреме немаше голови, а Верона поведе со голот на Копола во 72. минута.
Нгонг седум минути подоцна израмни, а Наполи на крајот стигна до трите бода. Голот во 87. минута го постигна Кварацкелија.
Во следната рунда Наполи ќе гостува кај Милан.
Претходно во текот на денот бодовите ги поделија Торино и Салернитана, а на тој натпревар немаше голови.
🇬🇪🇮🇹Kvaratskhelia with his 6th goal of the season for Napoli and what a goal this one is!⚽️
A comeback win for Napoli incoming🔥🔥🔥pic.twitter.com/cvEs5hWpaO
— Georgian Footy (@GeorgianFooty) February 4, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Горецка пред трансфер во Премиер лигата
Репрезентативецот на Германија, играч на Баерн, Леон Горецка (30), би можел да му се приклучи на Тотенхем во зимскиот преоден рок, објавија британските медиуми.
Оваа сезона, Горецка не беше во почетниот состав на ниту еден од шесте натпревари од Лигата на шампионите, додека во Бундеслигата тренерот Винсент Компани често го заменува по еден час игра.
Тренерот на Спарс, Томас Франк, верува дека германскиот играч за врска би бил одлично решение за проблемите во средниот ред, а медиумите тврдат дека Горецка е отворен и за нови предизвици.
Поволна околност кога станува збор за потенцијален трансфер во англиски клуб е фактот што договорот на Горецки со Баерн истекува на крајот од оваа сезона.
Foto/ depositphotos
Спорт
Фелипе Луис го продолжи договорот со Фламенго
Фелипе Луис ќе остане тренер на Фламенго до 2027 година, објави во понеделникот бразилскиот клуб.
Човекот кој освои пет трофеи во првата година од својата професионална тренерска кариера, потпиша нов договор и со тоа стави крај на сите шпекулации за неговиот понатамошен ангажман.
Фиелипе Луис, некогаш ѕвезда на Атлетико Мадрид и бразилската репрезентација, веднаш по завршувањето на кариерата, започна да работи како тренер. Прво во тимовите до 17 и до 20 години на Фламенго, а првиот тим го презеде во септември 2024 година.
Со клубот од Рио де Жанеиро, во тековната година го освои националното првенство на Бразил, Купот, Суперкупот, првенството Кариока и Копа Либертадорес.
„Тој не оди никаде“, пишува во официјалното соопштение на Фламенго во врска со потпишувањето на новиот договор.
Спорт
Роналдо откри кога ќе се пензионира
Најдобриот стрелец на португалската репрезентација, 40-годишниот Кристијано Роналдо, изјави дека ќе престане да игра кога ќе ја постигне својата цел, односно ќе собере илјада гола во кариерата.
Роналдо постигна два гола за својот Ал-Наср во победата од 3-0 против Ал Акдуд во фудбалското првенство на Саудиска Арабија во саботата. Тој дојде до бројката од 956 гола во кариерата досега, а му недостасуваат 44 гола за да ја постигне својата цел.
„Не е лесно, но сум многу мотивиран и полн со страст. Не е важно каде играм, во Европа или на Блискиот Исток. Секогаш уживам во фудбалот и сакам да играм повеќе. Знаете кои се моите цели: да освојувам трофеи и да стигнам до илјада гола. Ако ме одминат повредите, дефинитивно ќе ја достигнам бројката од илјада гола“, рече Роналдо, кој го носи дресот на Ал-Наср од јануари 2023 година, а ова лето го продолжи договорот до јуни 2027 година.
Роналдо е најдобриот стрелец во историјата на Реал Мадрид со 450 гола. Со 143 гола, тој е рекордер и во португалската репрезентација. Исто така, тој е единствениот фудбалер кој ја поминал границата од 100 гола во дресот на четири клуба (Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и Ал-Наср).
Foto/ depositphotos

