Спорт
(Видео) Не го допре противникот, ВАР сепак му даде црвен картон на Калверт-Луин
Кристал Палас и Евертон одиграа 0:0 на „Селхурст Парк“, во рамките на ФА Купот. Средбата ја одбележа скандалозната одлука на англискиот судија Крис Кавано.
Напаѓачот на Евертон, Доминик Калверт-Луин, со лизгачки старт освои една топка и покрај тоа што стартуваше со отворен ѓон, но не го допре противничкиот дефанзивец Натаниел Клајн.
Сепак во ток момент за вкклучи ВАР и повремениот англиски репрезентативец доби црвен картон во 79. минута.
Ветеранот на Евертон, Шејмус Колман, по натпреварот, беше огорчен од шокантната одлука на судијата Кавано.
„Внимателно погледнет ја забавената снимка. Колку повеќе пати ја гледата толку че ви изгледа полоша. Од моја гледна точка, ова е одличен лизгачки старт. Стартот не е за црвен картон“, изјави видно разочараниот Ирец.
На социјалните мрежи бројни фудбалски фанови ја нарекоа одлуката срамна, а свое мислење даде и поранешниот играч на Тотенхем Џејми О’Хара кој исклучувањето го нарече „апсолутна шега“ и додаде дека „фудбалската игра е уништена од ВАР-от“.
Calvert Lewin was just sent off for this. Shameful decision by the refpic.twitter.com/ZemAmnUr40
— Pope (@popeofficial_) January 4, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата
Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона.
Палмер, кој летово пристигна во Челси од Манчестер сити, постигна 22 гола на 33 натпревари и забележа десет асистенции.
Тој е водечка сила на сините оваа сезона, а на последните три натпревари постигна по два гола.
Тој победи во конкуренција на Александер Исак (Њукасл), Коби Мајно (Манчестер јунајтед), Букајо Сака и Вилијам Салиба (Арсенал) и Дестини Удоги (Тотенхем).
Траката за Златната копачка во Премиер лигата, Палмер ќе ја заврши на второто место зад Ерлинг Халанд од Манчестер сити, кој постигна 27 гола.
И не само тоа, 22-годишниот Палмер е номиниран и за најомилен играч на гласањето на навивачите во Премиер лигата.
Офанзивниот играч за врска на Челзи неодамна беше прогласен и за играч на месец април во Премиер лигата, откако постигна седум гола на четири натпревари.
Треба да се додаде дека тој со огромно мнозинство ја освои наградата за најдобар играч на Челзи оваа сезона.
Спорт
Салфетката на која Меси потпиша за Барселона продадена за 760.000 фунти
Салфетата на која Лионел Меси ја потпиша согласноста дека ќе и се приклучи на Барселона во 2000 година е продадена за 760.000 фунти (околу 888.000 евра), објави во петокот британската аукциска куќа Бонамс.
Бонамс првично очекуваше продажната цена да биде во опсег од 300.000 фунти до 500.000 фунти. Онлајн аукцијата траеше од 8 до 17 мај.
„Салфетката ја промени судбината и на клубот и на Меси, кој стана еден од најголемите играчи на сите времиња“, објави Бонамс.
Овој фудбалски сувенири бил внимателно чуван во сеф од Хорасио Гаџиоли, тогашниот менаџер на Меси. На салфетката не е само потписот на Меси, туку и потписите на Карлес Рексач, тогашниот спортски директор на Барселона и Хосеп Марија Мингела, скаутот за таленти кој го препозна потенцијалот на Меси.
Салфетката, која беше потпишана за време на ручекот во „La Reial Societat de Tennis Pompeia“ во Монжуик, содржи писмена обврска од Рексач.
„Во Барселона, на 14 декември 2000 година, во присуство на господата Мингела и Хорасио, Карлес Рексач, спортски директор на ФК Барселона со ова се согласува, под негова одговорност и без разлика на какви било спротивни мислења, да потпише договор со играчот Лионел Меси под услов да се држиме до договорените суми“, пишува на салфетката.
Меси, кој оттогаш освои голем број големи титули, вклучувајќи ја Лигата на шампионите и Светското првенство, имаше само 13 години кога се приклучи на академијата на Барселона, откако дојде од аргентинскиот клуб Њуелс Олд Бојс.
Спорт
Алкалоид го победи Вардар 1961, ќе се бори за трофејот во Купот
Фото/ facebook.com/rkalkaloid
Алкалоид ќе му се спротивстави на Еурофарм Пелистер во борбата за трофејот во Купот на Македонија. Вечерва, Алкалоид славеше победа над бранителот на пехарот, Вардар 1961 со 25:24 (15:13).
Со исклучок на почетните минути кога црвено-црните поведоа со 4:0, натпреварот беше изедначен, а во финишот крајно драматичен.
Во последните осум минути Алкалоид влезе со предност 24:22. Во последната минута екипата на Кире Лазаров влезе со 25:24, не го искорсит последниот напад, а Вардар 1961 во последната секунда избори седмерец.
Голамнот Галевски го одбрани ударот на Срдановиќ. Најдобар стрелец на мечот беше Мартин Серафимов со седум гола, пред Арно Бинго со шест гола.
Финалниот натпревар во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одигра в недела од 19:30 часот.