Спорт
(Видео) Ол-стар натпреварот се претвора во циркус, Дончиќ твита, Леброн раскажува вицеви
Историскиот НБА Ол-стар натпревар се одигра во Индијанаполис. За прв пат еден тим успеа да постигне повеќе од 200 поени на шоуто на најголемите ѕвезди од најсилната лига. Истокот го совлада Западот со 211:186.
Тоа беше натпревар во склад со трендот што ја зафати НБА лигата, дожд од кошеви и тројки. Тимовите заедно постигнаа речиси 400 поени, а за каков натпревар станува збор кажува податокот дека Ол-стар натпреварот во 1953 година заврши со вкупно 154 поени.
Синоќешниот Ол-стар заврши со нереални 168 обиди за три поени.
„Кој ќе ми врати четири часа од животот?“, е еден од коментарите на фановите на социјалните мрежи.
„Уште еднаш, овие НБА ѕвезди не покажаа почит кон играта. Уште една фарса за три поени. Нема рака во лице на противникот. Какво губење време. Адам, треба да направиш нешто. Ова е срам за вашиот спорт“, твитна колумнистот во пензија Бостон Глоуб, Боб Рајан.
Директно го критикуваше комесарот на лигата Адам Силвер и тренерите.
„Ако вие лично не сте навредени од оваа срамна фарса што се случува во Индијанаполис во моментов, тогаш или не ја сакате или не ја разбирате кошарката. Овие „ѕвезди“ треба да се цензурираат. А каде се тренерите? Дали некој од нив дали имаш гордост?”
Токму тоа го донесе мечот на сите ѕвезди. Мајтапење, незаинтересирано шетање по теренот, шутирање до бесвест од далечина и целосно непочитување на играта и резултатот.
За ислустрација колку големите ѕвезди беа несериозни: Лука Дончиќ на полувремето објави тивт, а Леброн Џејмс кој стана рекордер, го одигра својот 20. Ол-стар натпревар, во еден момент на Лука Дончиќ и Никола Јокиќ и кажувал вицеви.
Luka came online at the half to defend his shot selection 🤣 pic.twitter.com/V85kRlTvLN
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 19, 2024
"Me. Wilt Chamberlain. Bob Cousy. Dr. J."
LeBron jokes about his teammates in his 1st NBA All-Star Game 🤣#NBAAllStar Game on TNT pic.twitter.com/VgPTKPzvLu
— NBA (@NBA) February 19, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал
Лука Модриќ и наредната сезона ќе го носи дресот на реал Мадрид. „Мундо Депортиво“. Овој медиум, кој е поблизок до Барселона отколку до Реал, тврди дека Модриќ и челниците на Реал постигнале вербален договор за продолжување на договорот на уште една година. Договорот е постигнат по тричасовната средба одржана вчера во Валдебебас.
Истата информација ја објавија и „Онда Мадрид“ и „Телемадрид“, два медиуми специјализирани за следење на Реал Мадрид. Според нив, Модриќ ги прифатил условите што му ги понудил клубот. Тој досега заработуваше околу 10 милиони евра нето по сезона, а сега се согласи да ја преполови платата.
Според Шпанците хрватскиот играч за врска планира да одигра уште една сезона во Реал, а потоа како 39-годишен да се збогува од фудбалот. Така Модриќ би станал најстариот фудбалер во историјата на Реал Мадрид кој се пензионирал во дресот на шпанскиот великан. Рекордот моментално го држи Пако Хенто, кој се пензионираше на 38 години.
Хрватската легенда на Реал Мадрид освои се. Меѓу другото, пет европски, четири шпански титули и два Купа на кралот и Златната топка. Тој одигра 531 натпревар, постигна 39 и постави 86 гола.
Во тековната сезона претежно беше резерва, но со значаен придонес на патот на Реал кон освојување на Ла Лига и финалето на Лигата на шампионите. Иако беше во стартниот тим на само 22 натпревари, успеа да постигне 2два гола и да забележи осум асистенции.
Спорт
Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри
Кенениса Бекеле, големата атлетска ѕвезда, ќе учествува на Олимписките игри во Париз, 12 години по неговиот последен настап на најголемиот светски спортски настан.
Бекеле, кој има 41 година, последен пат настапи на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, кога заврши на четвртото место на трката на 10 километри.
Тој ги пропушти Рио де Жанеиро (2016) и Токио (2022) и сега е дел од 10-члениот атлетски тим на Етиопија за Париз.
Во главниот град на Франција ќе трча маратон на кој во последно време бележи одлични резултати. Тој во декември го освои четвртото место во Валенсија, додека неодамна беше втор во Лондон.
Бекеле освои три олимписки злата и едно сребро. Во Атина во 2004 година победи на 10 километри и беше втор на 5 километри, додека четири години подоцна во Пекинг славеше и на 5 и на 10 километри.
Олимпискиот маратон за мажи е закажан за 10 август.
Спорт
(Видео) Индијана избори мајсторка против Њујорк
Кошаркарите на Индијана славеа против Њујорк (116:103) и со тоа го обезбедија мајсторка во „Медисон Сквер Гарден“.
Екипите продолжија да го бранат домашниот терен, па така и во шестиот меч од полуфиналната серија на Истокот, гостинот загуби.
Најзаслужни за триумфот на Индијана беа Паскал Сијакам со 25 поени, седум скока и пет асистенции и Мајлс Тарнер со 17 поени, осум скока и три асистенции.
Тајрис Халибартон (+9ас), Ти Џеј Меконел и Ендру Небхард постигнаа по 15.
На другата страна се истакнаа Џејлен Брансон кој постигна 31 и Донте ДиВинченцо кој постигна 17 поени.
Првото двоцифрено водство „Пејсерс“ го остварија на крајот од првото полувреме и со исклучок на почетокот на вториот дел не го испуштија.
Разликата во последната четвртина се искачи на +23.
Решавачкиот седми натпревар е закажан за в недела од 21.30 часот во Њујорк.
Победникот, во финалето ќе игра против Бостон Селтикс, кој ги елиминираше Кливленд Кавалирс.