Спорт
(Видео) Повредата на Мареј ја засени убедливата победа на Денвер
Денвер Нагетс ја забележаа шестата победа во седмиот напревар оваа сезона. Актуелните шампиони го победија Чикаго со 123:101, но победата мина во сенка на повредата на Џамал Мареј.
Никола Јокиќ го предводеше тимот со 28 поени, 16 скока и девет асистенции. Во отсуство на Мареј, помош доби од Мајкл Портер јуниор кој постигна 27 поени.
Мареј, одигра 10 минути, постигна само два поени, а потоа поради болка го напушти теренот.
Тренерот на Денвер, Мајк Мелоун, призна дека е загрижен поради тоа.
„Навистина сè уште не сум разговарал со стручниот штаб, но таквите повреди секогаш ме загрижуваат бидејќи можат да траат долго. Сега мораме да бидеме паметни за целата ситуација, ги користевме Гордон и Џексон како резервни копии“, рече Мелоун. .
Мареј има просек од 18,7 поени и 8,7 асистенции во текот на седумте натпревари.
Jamal Murray headed to locker room limping..
— NBArepublic.com (@nba_republic) November 5, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ферстапен изедначи рекорд на Сена – Холанѓанецот на пол-позицијата во Имола
Макс Ферстапен го задржа максималниот учинок во квалификациите оваа сезона. Актуелниот шампион во Имола ја освои седмата пол-позиција оваа сезона.
Ферстапен до пол-позицијата дојде откако Ред Бул се соочуваше со многу проблеми на тренинзите, во квалификации покажа зошто е трикратен светски првак. Холанѓанецот, сметајќи ја и последната трка од минатата сезона е во серија од осум победи во квалификациите, со што го изедначи рекордот на легендарниот Аиртон Сена.
Шампионот, во квалификациите за 74, односно 91 илјадити делови од секундата беше побрз од возачите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис.
Домашната публика е разочарана од резулатот на Ферари. Шарл Леклер заврши на четвртото, а Карлос Саниц на петтото место. Шпанецот за една илијадитинка беше побрз од Џорџ Разел (Мерцедес).
Следуваат Јуки Цунода (РБ), Луис Хамилтон (Мерцедес), Даниел Рикардо (РБ) и Нико Хулкенберг (Хас).
Во квалифкациите разочараа Фернандо Алонсо кој ќе стартува од 19.место и Серхио Перез кој трката ќе ја започне од 11. место.
Трката за Големата награда на Емилија Ромања, в недела ќе започне во 15 часот.
Спорт
Чави демантира дека ќе добие отказ
Тренерот на Барселона, Чави Ернандез ги демантираше пишувањата на шпанските медиуми дека раководството на клубот размислува да го отпушти.
„Клубот ми кажа дека треба да останам смирен и да продолжам да работам со истата мотивација и посветеност. Ништо не се смени“, изјави Чави на прес-конференцијата во пресрет на утрешниот натпревар со Рајо Ваљекано.
Речиси сите прашања се однесуваа на шпекулациите на шпанските медиуми дека претседателот Џоан Лапорта бил изнервиран од изјавата на Чави, кој рече дека ситуацијата е многу тешка, пред се на економски план, за да може екипата рамноправно да се борат против Реал и други. европски тимови.
По таа изјава медиумите објавија дека Лапорта ја разгледува можноста летово да го отпушти Чави.
„Не знам и не ми е грижа од каде доаѓаат тие информации. Имам поддршка од претседателот и Деко, нашиот спортски директор“, изјави тренерот.
Чави во јануари изјави дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, но претседателот Лапорта го убедил да остане до крајот на договорот, во јуни 2025 година.
Во 2021 година Лапорта по вторпат се врати на чело на Барселона и наследи долг од повеќе од 1,3 милијарди евра.
Спорт
Три репрезентации му нудат државјанство на Французинот Олисе
Михаел Олисе се надеваше но не доби повик од францускиот селектор Дидие Дешам за ЕУРо 2024.
Овој 22-годишен крилен напаѓач зад себе има одлична сезона во Кристал Палас. Во Премиер лигата постигна 10 гола.
Сепак, Дешам за ЕУРо 2024 се реши за проверени имиња, па шанса пред Олисе добија Коман, Дембеле, Турам и Коло Муани.
Прашање е дали Олисе ќе има трпение да чека на повикот од Дешам.
Интересно во оој момент на него сметаат уште три репрезентации: Англија, Нигерија и Алжир.
Олисе играше за младинските селекции на француската репрезентација, а гореспоменатите репрезентации се подобни бидејќи е роден во Лондон од татко Нигериец и мајка која е Французинка со алжирско потекло.