Спорт
(Видео) Флуминенсе прв пат во историјата го освои Копа Либертадорес
Foto/ EPA
Флуминенсе по прв пат во клупската историја го освои Копа Либертадорес. Во финалниот натпревар на „Маракана“, во Рио де Жанеиро, Флуминенсе во продолженијата ја победи Бока јуниорс. Натпреварот во регуларниот тек заврши 1:1, голот за најважниот трофеј во историјата на Флуминенсе го постигна Кенди во 99.минута. Бока јуниорс остана не шестте освоени трофеи. Великанот од Буенос Аирес последне пат Коп Ливертадорес го освои во 2007 година,
Флуминенсе првиот дел од натпреварот го заврши со предност 1:0. Стрелец на голот беше Кано во 36.минута.
FLUMINENSE TAKE THE LEAD IN THE COPA LIBERTADORES FINAL!!!
MARCELO COULD BE WINNING ANOTHER TROPHY!!! pic.twitter.com/paF3pUwP0Y
— Noodle Vini (@vini_ball) November 4, 2023
Бока во натпреварот се врати со голот на десниот бек, Адвинкула во 72.минута.
Luis Advincula gets the equalizer for Boca Juniors vs Fluminense. 1-1.#CopaLibertadores
pic.twitter.com/0S8LQudKLC— $ 🇵🇸 (@samirsynthesis) November 4, 2023
ГГолот за победа е дело на Кенеди во 99.минута. Поради начинот на кој што го прослави голот, го доби вториот жолт картон. Набргу силите на теренот беа израменти бидејќи поради удирање на противнички играч Фабра доби црвен картон.
This is peak #Libertadores!
Fluminense’s John Kennedy (yes that’s his name) with possibly the game winner in the final (and was already on a yellow) gets himself sent off for celebrating with the fans.
You can’t make this up! pic.twitter.com/pACwLgRUsZ
— Roberto Rojas (@RobertoRojas97) November 4, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хет трик на Довбик – Џирона со седм гола ја испрати Гранада во Сегунда
Во вториот натпревар од последното 38. коло на шпанската Примера, фудбалерите на Џирона ја декласираа Гранада со 7:0.
Џирона во голем стил ја заврши најуспешната сезона во клупската историја. Екипата од Каталонија е трета на табелата и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.
Три гола постигна Украинецот Артем Довбик, кој сега е прв стрелец во лигата со 24 гола, еден повеќе од Норвежанецот Александар Серлот од Виљареал.
Во победата два гола постигна вториот Украинец Циганков, односно Гарсија и Стуани.
Спорт
Реал го прегази Олимпијакос, ќе ја брани титулата против Панатинаикос
Реал Мадрид ќе ја брани титулата в недела против Панатинаикос, откако во второто полуфинале на завршниот турнир во Берлин го победи Олимпијакос со 87:76 (28:10, 28:27, 15:21, 16:18).
Во второто полуфинале немаше никаква неизвесност. Слично како и во првото полуфинале, работите беа решени во рната фаза од натпреварот. Реал, во првата четвртина со шест тројки го торпедираше кошот на Олимпијакос и во вториот период влезе со предност од 18 поени.
Во ист ритам Реал продолжи и во втората четвртина, во која дојде до највисоката преднотс (54:29).
Олимпијакос се разбуди во второто полувреме, во еден момент, во последната четвртина со доближи на негатива од само осум поени, но Реал лесно го одби тој напад и на крајот заслужено победи.
Џанан Муса го предводеше Реал со 20 поени, Марио Хезоња постигна 12, а Гершон Јабуселе и Винсан Поарије по 11.
Кај Олимпијакос се истакнаа Алек Питерс постигна 23 со 10 скока, Шекил Мекисик 17, а Најџел Вилијамс-Гос 15 поени.
Финалниот натпревар Реал-Панатинаикос ќе се одигра в недела од 20 часот.
Спорт
Пандев во „Тимот на светот“, ќе игра против Романија 1994
Тимот на светот утре во Букурешт ќе одигра ревијален натпревар против „златната генерација“ на романскиот фудбал која остави фантастичен впечаток на СП 1994.
На Светското првенство во 1994 година Романија стигна до четвртфиналето.
Дел од тимот на светот ќе биде и Горан Пандев. Во овој тим се меѓудругите Дида, Маикон, Стоичков, Ривалдо, Панучи, Маркос Сена, Савиола, Карембе…
Во тимот на Романија ќе бидат Попеску, Димитреску, Лакатуш, Прунеа, Лупеску, Мунтеану, Дан Петреску…