Спорт
(Видео) Реал ја загуби „круната“ во Манчестер, Сити против Интер во големото финале
Манчестер сити го декласираше Реал Мадрид со убедливи 4:0 за да се пласира во финалето на Лигата на шампионите, каде што ќе се судри со Интер, кои вчера го комплетираа триумфот над Милан. Големото финале се игра во Истанбул на 10 јуни.
Со ова се става крај на „владеењето“ на „кралевите“ во Лигата на шампионите на брутален начин, посебно во неверојатното прво супериорно полувреме на тимот на Пеп Гвардиола. Додека Манчестер сити (и Пеп) ќе се обидат да ја скршат клетвата и да стигнат до европскиот трофеј по години доминација во Англија, во Реал Мадрид остануваат многу неодговорени прашања околу иднината на ѕвездите во години, како и на Карло Анчелоти на клупата пред најавениот „ремонт“ во текот на летниот преоден рок.
Првото полувреме беше вистински кошмар за гостите од Мадрид, кои пристигнаа на „Етихад“ со 1:1 од првиот меч. Иако се очекуваше дека Сити ќе биде тимот кој ја има иницијативата, поседот од топка од 80 отсто на Сити и само еден удар кон голот на противникот (пречката на Крос) беа премалку за тимот кој е актуелен европски шампион.
Иако Ерлинг Халанд „мируваше“, Бернардо Силва во 23. минута постигна прекрасен гол по асистенцијата на Кевин де Брујне, за во 37. минута да зголеми на 2:0. Иако Реал го крена (ниското) ниво на почетокот на второто полувреме, не успеаја да создадат вистинска опасност пред голот на Едерсон, а кога Едер Милитао си ја смести топката во сопствената мрежа во 74. минута, прославата на домаќините можеше да почне, за потоа Пеп Гвардиола да го стави во игра Хулијан Алварез и тој во 91. минута само да ја зголеми мизеријата на Реал.
Сити сега е на добар пат да го повтори успехот на Манчестер јунајтед од 1999 година – играат во финалето на Лигата на шампионите, им треба една победа во последните три меча во Премиерлигата за нова титула, а во финалето на ФА купот ќе се судрат со Манчестер јунајтед за комплетирање на тројната круна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шпанскиот сојуз го казни Атлетико Мадрид
Фудбалерите на Атлетико Мадрид ќе мора да ги играат последните два домашни натпревари оваа сезона во шпанската Ла Лига да ги одиграат пред делумно затворени трибини.
Фудбалскиот сјуз на Шпанија го казни клубот поради расиситичкиот испад на неговите навивачи, во саботрата на натпреварпт против Атлетик Билбао. Дел од навивачите го навредуваа Нико Вилијамс. Заедно со затворањето на дел од трибините, Атлетико ќе треба да плати и казна од 20.000 евра.
Последните два домашни натпревари оваа сезона Атлетико ќе ги одигра прптив Селта Виго во 35.коло и Осасуна во претпоследното, 37.коло.
Атлетико моментално е четврти во поредокот, на позиција која ќе води до настап во Лигата на шампионите следната сезона. Тимот на Диего Симеоне има шест бода повеќе од петтопласираниот Атлетик Билбао.
Спорт
Ред Бул и Адријан Њуи спогодбено се разделија
Адријан Њуи, најдобриот дизајнер во модерната ера на Формула 1, го раскина договорот со Ред Бул. Дека двете страни работата на спгодбен раскин на договорот се шепекулираше изминатите денови. Њуи бил решен да го напушти Ред Бул, а ниту Ред Бул не се обиделе да го задржат Њуи.
Ред Бул денеска потврди дека човекот чии креации освоија шест титули во Светскиот шампионат за конструктори и седум во конкуренција на 19. години поминати во лабораториите на Милтон Кејнс, ќе го напушти тимот на крајот на сезоната.
Тимот наведе дека „потребата да бара нов предизвик во кариерата“, го натерала Њуи да си замине, иако долго време се зборува за несогласување меѓу првиот човек на австрискиот тим Кристијан Хорнер според многу мислења најдобриот жив дизајнер на Формула 1 болиди.
„Сакаме да му се заблагодариме на Адријан за сите подвизи во времето кое го поминавме заедно. Тој одигра клучна улога во постигнувањето на неверојатни седум титули кај возачите и шест меѓу конструкторите со вкупно 118 победи, заедно со 101 пол-позиција, вклучувајќи ја и победата на Торо Росо од пол-позицијата во 2007 година“, стои во соопштението кое го обајви Ред Бул.
Допрва ќе се види каква ќе биде иднината на Њуи. Сигурно е дека тој нема да престане да работи. Според медиумите тој може да заврши во еден од овие три тема: Ферари, Мерцедес, Астон Мартин.
Наводно, 65-годишниот Англичанец веќе добиле понуда од Ферари, тим кој се засилува на сите нивоа.
Ако го доведат и Њуи по Луис Хамилтон од Мерцедес, Ферари ќе го добие најтрофејниот возач на сите времиња и најуспешниот шеф за технолошки развој на болидите во Формула 1 од редовите на двата најголеми ривали.
Спорт
Калинић неће више играти за Србију
Кошаркарот на Барселона, Никола Калиниќ, по победата на Барселона над Олимпијакос (82:80), во Атина, за Спортал изјави дека повеќе нема да играза репрезентацијата на Србија.
„Мислам дека завршив. Не сум таму ни со главата ни со телото, мислам дека не можам повеќе да се борам со тоа како што е потребно. Време е некои од помладите момци да играат и да се докажат. Особено по тој успех минатата сезона. Мислам дека овде се е јасно“, изјави Калиниќ.
Калиниќ за Србија дебитираше во 2013 година, со репрезентацијата освои сребрени медали на Олимписките игри и на Светското првенство.