Спорт
(ВИДЕО) Сан Антонио на драфтот ќе ја добие најголемата кошаркарска сензација после Леброн Џејмс

Виктор Вембањама, тинејџерската кошаркарска сензација од Франција дефинитивно ќе биде член на Сан Антонио Спарс. Ова е исходот од годинешната НБА лотарија која ја добија Спарс и со тоа се стекнаа со правото на првиот пик на драфтот за 2023 година, кој ќе се одржи на 22 јуни во Њујорк.
Вембањама ќе биде нов модерен центар, феномен висок 220 сантиметри, но подеднакво непробоен под кошот и подвижен и креативен во нападот.
Поради неверојатниот Вембањама, годинашниот драфт е најочекуваниот од оној во 2003 година, кога Кливленд го избра првиот исто така средношколец, Леброн Џејмс, кој стана легенда на НБА лигата.
Со оглед на неговата возраст и неверојатниот талент и разновидност, Вембањама е проектиран како генерациска суперѕвезда. Играч за кој се предвидува дека ќе одбележи ера и секако ќе го врати Сан Антонио од дното на врвот на НБА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) „Тој Португалец ку..ин син“ – Жестоки навреди за Фиго на „Монжуик“

Дури и 25 години по трансферот, навивачите на Барселона не му простија на Луис Фиго што се пресели во Реал Мадрид.
Португалецот го почувствува тоа на своја кожа кога се појави меѓу навивачите на каталонскиот клуб, вчера на „Монжуик“.
Фиго го гледаше поразот на Барселона од ПСЖ во Лигата на шампионите во живо од ВИП ложата.
Парижаните покажаа зошто се шампиони на Европа, бидејќи направија пресврт и ја победија Барса и покрај фактот дека играа без своите тројца главни напаѓачи и капитенот Маркињос.
Кога навивачите разбраа дека Фиго е тука следуваш серија жестоки свиркања, а потоа целиот стадион му отпеа навредлива песна.
„Тој Португалец, ку..ин син“, беше пораката што одекнуваше од трибините на „Монжуик“.
Barcelona fans chanting "ese portugués, hijo puta es" at Luís Figo when they saw him in the UEFA box tonight.
25 years later and the feelings are still vicious.
The most infamous transfer of all time?pic.twitter.com/xhAQjh9W9a
— Sean Gillen (@SeanGillen9) October 1, 2025
Новинарката Лаја Сервело Хереро од местото на настанот изјави дека навредите биле „заглушувачки“ и дека се повторувале на секои пет минути.
Иако Фиго беше клучна фигура за Барселона во текот на петте години во кои имаше 249 настапи, тој ги шокора со преселбата во Реал Мадрид во јули 2000 година.
Тој трансфер се смета за најголемо предавство во историјата на фудбалот.
Во својот прв натпревар на „Камп Ноу“ како играч на Реал Мадрид во ноември 2002 година, тој доби сличен прием од домашните навивачи, при што еден навивач фрли свинска глава кон него.
🏟️ Así fue el recibimiento del Camp Nou a Luis Figo luego de su polémico fichaje por el Real Madrid.pic.twitter.com/e4h0kXirDy
— La Vieja Guardia (@ViejaGuardiaEA) January 3, 2024
Спорт
Де Брујне: Немам недоразбирања со тренерот Конте

Кевин Де Брујне е најголемото засилување што пристигна во Наполи ова лето.
Поранешниот капитен на Манчестер Сити блескаше на натпреварот од Лигата на шампионите против Спортинг. Наполитанците победија со 2:1, а Белгиецот му асистираше на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд за двата гола.
„Тимски одигравме одличен натпревар. Спортинг е сериозен тим. Не беше лесно кога израмнија, но успеавме да го постигнеме вториот гол и да ја однесеме победата“, рече Де Брујне.
Во последните денови, италијанските медиуми пишуваа за конфликтот на Де Брујне со тренерот Антонио Конте за време на натпреварот од Серија А против Милан.
„Немам никаков проблем со Конте. Медиумите пишуваа секакви работи овие денови. Секогаш ги почитував одлуките на тренерите, тоа е случај и со Конте. Реагирав бурно, бидејќи навистина сакам да победам. И тука завршува приказната“, рече Де Брујне.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Манчестер Јунајтед потпиша тинејџер од Колумбија

Кристијан Ороско, 17-годишен тинејџер од Колумбија, е нов член на Манчестер Јунајтед.
Англискиот клуб за Ороско на Форталеза и плати обесштетување од плати еден милион долари.
Адвокатите на Манчестер Јунајтед ги одобрија сите договори, а главниот скаут Антоначио беше медијатор.
Ороско игра како заден играч за врска, а одигра девет натпревари за репрезентацијата на Колумбија до 17 години.