Спорт
(Видео) Сандерленд го шокира Челзи во 93-та минута – Њукасл го победи Фулам
Два натпревари ја отворија саботната програма во Премиер лигата. Сандерленд покажа дека веќе не е изненадување во шампионатот, победи на „Стенфорд Бриџ“ со 2:1, додека со ист резултат Њукасл славеше во дуелот со Фулам.
Сандерленд, оваа сезона се врати во Премиер лигата и покажа дека нема намера да испадне. „Црните мачки“ во раната фаза оримија гол, Граначо погоди по само четири минути. За Аргентинецот ова беше деби гол во дресот на Челзи.
Гостите успеаја да се вратат во натпреварот во 22-та минута го израмнија резултатот со голот на Вилијам Исидор.
Овој резултат беше актуелен се до 93-та минута, кога молскавичен контранапад изведоа гостите, а „Стенфорд Бриџ“ го шокира Чемсдин Талби.
Челзи го забележа третиот пораз во последните пет натпревари и се наоѓа на деветтото место на табелата, додека Сандерленд со петтата победа, барем за момент се искачи на второто место.
Њукасл против Фулам поведе со голот на Џејкоб Марфи во 18-та минута и со тој резултат замина на полувреме.
Во продолжението од натпреварот, Саша Лукиќ постигна гол во 56-та минута и изедначи на 1:1.
Фулам сепак не успеа да освои бод, во таа намера го спречи Бруно Гимараеш, кој 90-та минута со спектакуларен удар му ја донесе победата на Њукасл.
„Страчките“ сега се на 11-то место, додека Фулам има четири порази по ред и моментално се на 16-то место на табелата.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неверојатниот Клебо победи во спринтот
Јоханес Хесфлот Клебо го освои седмиот златен олимписки медал.
Фантастичен ден имаше Клебо во трката со спринт во класичен стил во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Клабо го освои второ злато на овогодинешните Игри, откако претходно победи во скијатлонот 10+10 километри. Во кариерата има седум златни олимписки медали, на вечната листа пред него, со осум е само неговиот легендарен сонародник, Бјорн Дели.
Клебо ја заврши последната трка за 3:39,74, пред Американецот Бен Огден, кој го следеше брилијантно и конечно ја помина целната линија со само 0,87 секунди заостанување. Огден беше деветти во оваа дисциплина пред четири години во Пекинг, а ова е неговиот прв олимписки медал во кариерата.
Бронзата оди во Норвешка, а ја освои Оскар Опстад Вике, кој беше 6,81 секунди зад шампионот. Ова е и првиот олимписки медал на Вике.
Во квалификациите во оваа дисциплина се појави и македонскиот репрезентативец, Ставре Јада. На крајот во конкуренција на 95 натпреварувачи, го освои 88-то место.
Foto/ EPA
Спорт
Швеѓанките ги освоија медалите корс-кантри спринтот
Спринтот во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина мина во знакот на Швеѓанките. На патеката од 1,6 километри ги освоија сите медали.
Победи најголемата фаворитка, Лин Свон со време 4.03.05. За оваа 26-годишна девојка ова е прв златен медал од големите натпреварувања.
Свон а за 1.59 секунди беше побрза од бранителката на олимпиското злато, Јоана Сундлинг. Бронзениот медал и припадна на Маја Далквист.
Foto/ EPA
Спорт
Реал најде засилување во Тотенхем
Реал Мадрид сака да ја заврши реконструкција во дефанзивниот дел од тимот, што ја започна, што значи дека во летниот преоден рок приритет ќе биде централен дефанзивец.
Упамекано и Гуехи беа мети, се споменуваше и Конате од Ливерпул, а сега „Кралскиот клуб“ го насочи вниманието кон Кристијан Ромеро.
Дефанзивецот на Тотенхем е на листата на желби на Реал, а самиот Аргентинец не ја исклучи можноста за потенцијално заминување на крајот од сезоната, со оглед на тоа што не е во најдобри односи со раководството.
Според „Ел Чирингито“, Реал ќе се обиде да го донесе во Мадрид. Ромеро беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид минатото лето, но тој трансфер поропадна поради обесштетувањето што го бараа од Тотенхем.
Тогаш, Тотенхем бараше 75 милиони евра. Се претпоставува дека клубот од Лондон и од Реал ќе ја бара истата сума.
Foto/ depositphotos

