Спорт
(Видео) Шок на „Монжуик“ – Барселона не успеа да ја победи Гранада
Фудбалерите на Барселона уште еднаш ги разочараа своите навивачи. Во фантастичен натпревар на „Монжуик“ тие не успеаја да ја победат претпоследната екипа на табелата, Гранада (3:3).
Ламин Јамал, чудото од дете на Барселона, беше главен актер на теренот против Гранада. Тој го постигна првиот гол на натпреварот, во 14. минута.Негов втор во сениорската кариера, интересно повторно против истиот ривал.
Сепак, Гранада, која претходно остана непоразена само еднаш во 11 гостувања сезонава, не се предаде против големиот фаворит. Дури во 43. минута гостите го упатија првиот удар кон голот на ривалот, но и тоа беше доволно Санчез да израмни на асистенција на Пелистри.
Нов шок за навивачите на Барселона на стадионот на кој се одржаа Олимписките игри во 1992 година во 60. минута, овојпат стрелец беше уругваецот Пелистри, кој остана сам на втората статива и лесно ја смести топката во мрежата.
Само три минути подоцна изедначи Левандовски со својот 10.гол во Примера оваа сезона.
Три минути подцна нов шок за сите на стадионот, Гранада ја врати предноста со голот на капитенот Мигел. Барселона од пораз ја спаси Јамал во 80.минута кога го постигна вториот гол на натпреварот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дејан Милосављев во Кјелце до 2030 година
Поранешниот голман на Вардар, европски првак со црвено-црните, Дејан Милосављев, од наредната сезона ќе брани во Полска. Репрезентативецот на Србија потпиша договор со Кјелце.
Популарниот Банда потпиша договор со екипата на Талант Дујшебаев до 2030 година, односно 3+1 години.
„Дејан Милосављев е еден од најдобрите голмани во Европа во последните години. Шест години беше член на Фуксе Берлин, со кого, меѓу другото, минатата сезона беше вицешампион на Лигата на шампионите, ја освои Лигата на Европа и Бундеслигата. Од 2014 година е постојан репрезентативец на Србија. Ќе настапи за својата земја за Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска во јануари. Минатата сезона беше втор според бројот на одбранети удари во Лигата на шампионите. Забележа 166 одбрани на 19 натпревари, што е процент на успешност од над 27%. Во тековната сезона во Бундеслигата, тој веќе имаше 120 одбрани во 15 натпревари“, презентираше полскиот вицешампион на Милосављев.
Дејан Милосављев е третото официјално засилување за Кјелце, за следната сезона, по десните бекови Лука Ловро Кларица од Загреб и Жулиен Бос од Нант.
Кјелце ќе биде петти клуб во кариерата на Милосављев по Југовиќ, Партизан, Вардар и Фуксе Берлин.
Спорт
Слот има добри вести: Собослaј е подготвен, се враќа Фримпонг
На прес конференцијата на Арне Слот пред гостувањето на Ливерпул кај Тотенхем имаше добри вести, но „Црвените“ одат во Лондон без седум играчи. Тотенхем и Ливерпул играат во 18:30 часот.
Иако имаше многу шпекулации, Арне Слот вели дека Доминик Собослај треба да биде подготвен за натпреварот во сабота. Добрата вест е дека повредата на Коди Гакпо не е толку сериозна како што првично се чинеше.
Конор Бредли, кој ја отслужи суспензијата против Брајтон, исто така ќе се врати во тимот, а ќе се врати и Џереми Фримпонг, кој отсуствуваше поради повреда од 22 октомври.
Заедно со добрите вести, има и некои не толку пријатни. Арне Слот не може да смета на Џо Гомез, Мохамед Салах не е тука, исто така и Ватару Ендо, Џовани Леони, Стефан Бајчетиќ, Џејден Фанс и Кајде Гордон.
Слот објасни дека ќе знае дали Собослај може да биде на теренот од самиот почеток, по денешниот тренинг, односно кога ќе разговара со медицинскиот персонал после тоа.
„Ако се чувствува добро, ако сè оди како што треба, тогаш ќе биде стартер“, рече Слот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Барселона сепак ќе го откупи договорот на Рашфорд
Макрус Рашфорд (28) ја оправдува довербата што клубот му ја покажа кога го донесе на позајмица минатото лето со неговите настапи во дресот на Барселона. Англискиот напаѓач досега постигна седум гола и девет асистенции во 23 официјални натпревари. Затоа, во спортскиот сектор, Барселона сè повеќе размислува за активирање на откупната клаузула, пишува „Мундо Депортиво“.
Рашфорд се покажа како исклучително важно решение за тренерот Ханси Флик, особено во периодот кога тимот беше без повредениот Рафиња речиси два месеци. Напаѓачот, на позајмица од Манчестер Јунајтед до 30 јуни следната година, ја искористи својата можност и играше на многу високо ниво.
Затоа, раководството на клубот во овој момент ја разгледува опцијата да ја активира откупната клаузула вредна 30 милиони евра и да го задржи Англичанецот во своите редови.
Она што особено се цени кај англискиот репрезентативец е неговата разноврсност. Рашфорд може да игра на лево и десно, но и како централен напаѓач, што му дава на Флик многу тактички опции, особено во случај на повреди на други играчи.
Неговиот придонес е видлив не само преку головите, туку и преку деветте асистенции кои сведочат за прецизноста на неговите додавања и центрирања, без разлика дали од игра, корнери или слободни удари.
Foto/ depositphotos

