Спорт
(Видео) Скандал во Црна Гора, ја тргна ногата за да може противникот да постигне гол

Дечиќ, лидерот во црногорскиот шампионат, победи против последнопласираниот тим Младост од Доња Горица со 3:0. Првиот гол на гостите стана вирален. Реакцијата на стоперот на домашната екипа Звонк Чеклиќ го обиколи регионот.
Во финишот на првото полувреме, Чеклиќ се тргна наместо да се обиде да го блокира ударот на Бојан Матиќ за првиот гол на гостите при победа од 3:0.
Во финишот на првото полувреме на фудбалерите на Младост има „падна концентрацијата“, па играчите на Дечиќ непречено шутираа кон нивниот гол.
На полувремето стоперот Чеклиќ беше заменет..
„Вијести“ пишува дека не е првпат во Црна Гора да се играат сомнителни натпревари, но дека вакво нешто одамна не е видено. Слична реакција имаше и коментаторот на натпреварот.
„Уф… скокна Чеклиќ, топката отиде под него и заврши во голот. Стрелец Матиќ. Еве, погледнете како Чеклиќ ја тргна ногата. За што се работи? Зошто? Еве, погледнете. Неверојатно… И очекувано.”
Коефициентот беше 1,25 за победа на Дечиќ, а за Младост 9.
Ugasite ligu #fscg ❗️
Hitno je❗️#montenegro pic.twitter.com/EypZOUFLvT— JanEk (@nekboa) February 28, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Проблем за Рома, се повреди Дибала
Рома успеа да ремизира со играч помалку против Порто во првиот натпревар од плејофот за пласман во осминафиналето на Лигата на Европа, но остана без важен играч.
Пауло Дибала мораше да ја напушти играта во 39. минута во ремито на неговиот тим на „Драгао“ во Порто (1:1).
Причина за ова е потенцијално нова повреда на коленото која Дибала ја заработи во текот на првото полувреме. Тој продолжи да игра по еден дуел, но мораше да побара измена неколку минути подоцна.
Маестро со топката, еден од најголемите таленти на својата генерација, имаше одлична кариера, но честите повреди го спречија да направи нешто многу повеќе. Речиси да нема сезона од 2016 година кога поради разни повреди не пропуштил барем месец-два.
Дибала се пресели од Палермо во Јувентус во 2015 година. Тој одигра седум сезони во црно-белиот дрес, а потоа бесплатно се пресели во Рома.
Дибала и оваа сезона нема лоши бројки. Аргентинецот на 30 натпревари во сите натпреварувања постигна шест гола и додаде три асистенции.
Спорт
Го добивме најмладиот стрелец во историјата на европските натпреварувања

Фудбалерите на Шамрок приредија вистинска сензација со гостинската победа во Молде, во првиот натпревар од плеј-офот за осминафиналето на Конференциската лига.
Иако беше постигнат само еден гол, тој влезе во историјата на натпреварувања под капата на УЕФА.
Имено, стрелецот Мајкл Нунан го реши натпреварот во 57. минута и стана најмладиот стрелец во историјата на меѓународните клупски натпреварувања. Нунан стана рекордер со 16 години и 197 денови.
Интересно ова беше негов деби настап за Шамрок, откако потпиша за ирскиот клуб оваа зима.
За само 21 ден, тој го собори рекордот на Белгиецот Ромелу Лукаку, кој со 16 години и 218 дена постигна два гола за Андерлехт во победата од 3:1 над Ајакс во Лига Европа во 2009 година.
Спорт
(Видео) Галатасарај прегазен во Алкмар, Порто извлече реми против Рома

Комплетирани се сите први натпревари од осминафиналето на Лигата на Европа, кои ветуваат уште поголеми возбудувања во реваншите за седум дена.
Дербито на вечерта се одигра на „Драгао“ каде Порто и Рома ремизираа 1:1 (0:1).
Најдобар играч на натпреварот беше Зеки Челик, кој длабоко во надополнувањето на првото полувреме и донесе предност на „волчицата“.
Рома одигра многу добро тактички против Порто, но киксираше дури во 67. минута кога домаќините креираа контранапад, од кој Франциско Моура израмни од далечина.
Само шест минути подоцна, Брајан Кристанте доби втор жолт картон, но Рома се одбрани во последните минути. Проблем за Рома е повредата на Паоло Дибала, според првичните информации Аргентинецот посериозно се повредил.
Предност на домашен терен ќе има ФЦСБ. Романците на „Тумба“ во Солун го победија ПАОК со резултат 2:1 (0:1).
Домашниот тим уште на стартот ја оправда улогата на фаворит и поведе во 21. минута со голот на Самата.
Сепак, еден од најдобрите играчи, Таисон, беше исклучен во судиското надополнување на првиот дел, а Романците ја предноста ја искористија во вториот дел.
Веќе во 50. минута Георгита го израмни резултатот, додека 10 минути подоцна Дава го комплетираше пресвртот и му донесе значајна предност на ФЦСБ пред реваншот во Букурешт.
Галатасарај доживеа дебакл во Алкмар, АЗ славеше 4:1 (2:1).
Холанѓаните поведоа во 12. минута преку Мијнанс, но осум минути подоцна израмни Салаи.
Сепак, во 37. минута Перо има ја врати предноста на домаќините. Проблемите за Галата се зголемија кога во 51. минута Ајхан доби црвен картон. .
АЗ тоа го материјализираше преку Класи и Волф во 57. и 66. минута за големи +3 во пресрет на реваншот на Босфор.