Спорт
(Видео) Судии се тепаа на детски натпревар во САД

Доживеавме и ова да го видиме во светот на спортот, тепачка на судии среде натпревар. Се случи во САД на дуел на детски кошаркарски тимови.
На дуелот одигран во Колорадо, тројцата судии започнаа тепачка во последната четвртина.
Четвртиот судија заедно со претставници на салата се обиде да ги раздвои завојуваните страни…
⬇️ 𝐖𝐚𝐭𝐜𝐡:
Last Saturday, at a Colorado youth basketball game, three referees got into an all-out brawl in the middle of the court.The fight broke out during the fourth quarter of a fourth-grade boys’ basketball game between Cherry Creek and Legend Blue.
The Gold Crown… pic.twitter.com/EshbHWj1u3
— RedWave Press (@RedWave_Press) December 12, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јувентус следното лето сака да го доведе Мајк Мењан

Јувентус го има голманот на Милан, Мајк Мењан, за своја главна трансферна цел следното лето. Тогаш францускиот репрезентативец може да стане слободен агент, пишува „Газета дело Спорт“.
„Старата дама“ ќе се обиде да ги искористи тешките преговори меѓу Мењан и Милан, кои досега не доведоа до продолжување на договорот. Челси ја следеше ситуацијата со него ова лето, но голманот реши да остане во Милан под водство на новиот тренер Масимилијано Алегри.
Баварскиот гигант Баерн Минхен исто така го гледа францускиот чувар на мрежата како потенцијална замена за ветеранот Мануел Нојер.
Спорт
Ерлинг Халанд е најдобар играч во Премиер лигата за септември

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, е избран за најдобар играч на Премиер лигата за септември, откако во три натпревари постигна пет гола и една асистенција. Ова е негово четврто признание за најдобар играч на месецот во англиското првенство.
„Граѓаните“ во овие три средби забележаа победи над Манчестер јунајтед и Барнли, а ремизираа со Арсенал. Манчестер сити моментно се наоѓа на петтото место на табелата со 13 освоени бодови.
Во категоријата за најдобар тренер, признанието му припадна на менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер. Тој го предводеше својот тим до две победи против Вест хем и Ливерпул и реми со Сандерленд, обезбедувајќи силен старт на сезоната.
Спорт
Столе Димитриевски: Одбраната ни беше беспрекорна против Белгија

Македонската репрезентација се враќа од Белгија со бод по нерешениот меч (0:0), а голманот Столе Димитриевски ја истакна одличната игра во одбраната.
„Беше тежок натпревар, Белгија имаше силна офанзива и постојано нè притискаше. Но, одбраната ни беше перфектна. Игравме без грешка и го исполнивме планот“, изјави Столе Димитриевски.
Гледајќи кон следниот меч против Казахстан кој се игра во понеделник во Скопје, Димитриевски додава:
„Од првиот натпревар во квалификациите сме фокусирани на победа. Натпреварот ќе биде тежок, но играме дома пред нашата публика. Потребен ни е одмор и добра подготовка за да ги освоиме трите бода.“
Македонија во понеделник на Арената „Тодор Проески“ ќе го пречека Казахстан, со цел да ја задржи лидерската позиција во групата и после октомврискиот квалификациски прозорец.