Спорт
(Видео) Tитулата отиде? Арсенал дома загуби од Брајтон

На Манчестер сити му се потребни само два поени во последните три меча оваа сезона за повторно да ја освои титулата од англиската Премиерлига, откако Арсенал доживеа незгоден 0:3 пораз од Брајтон, триумф со кој тимот на Роберто де Ѕерби се доближува до местата кои водат во Европа.
„Топчиите“, кои пред неколку месеци имаа осум поени предност пред Манчестер сити, очигледно паднаа под притисокот во финишот на сезоната – во последните шест меча имаат само две победи.
Катастрофата ја најави Хулио Енкисо со гол во 51. минута, по што гостите ги издржаа сите напади од страна на Арсенал, за Дениз Ундав, кој го замени Ункисо во 82. минута, четири минути подоцна да зголеми на 0:2, пред Первис Еступињан во 96. минута да ја комплетира катастрофата на „топчиите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Ренџерс го згазија Фенер, Јунајтед одигра нерешено кај Сосиедад

Глазгов Ренџерс и Лион стекнаа предност пред осминафиналните реванши во Лига Европа, откако славеа со 3.1 како гости кај Фенербахче, односно ФЦСБ. АЗ во Алкмар го победи Тотенхем, а дербито Реал Сосиедад-Манчестер јунајтед заврши без победник.
Манчестер јунајтед извлече добар резултат на гостувањето во Сан Себастијан. Имаше предност со глот на Зиркзе, а изедначи Ојерзабал од пенал.
АЗ го победи Тотенхем со авто голот на Бергвал во 18.минута.
Фенербахче доживеа шокатнтен пораз од Глазгов Ренџерс. Изненадувањето гостите го најавиха со глот на Десерс во седмата минута, Џику изедначи, меѓутоа Шкотите заминаа на одмор со предност, откако погоди Черни во финишот на полувремето.
Во вториот дел на Десерс му беше поништен гол по интервенцијата од ВАР собата, но точка на мечот стави Черни со својот втор гол во 81.минута.
Спорт
Нејмар беше повикан во репрезентацијата по повеќе од една година

Бразил го повика напаѓачот на Сантос, Нејмар Жуниор за квалификациите за Светското првенство овој месец против Колумбија и Аргентина по повеќе од една година, објави во четвртокот Бразилската фудбалска конфедерација.
33-годишниот фудбалер доживеа повреда на коленото на квалификацискиот натпревар на Бразил против Уругвај во октомври 2023 година.
По разочарувачкиот период во саудискиот премиерлигаш Ал-Хилал, Нејмар се врати во неговиот клуб од детството Сантос во јануари, постигнувајќи три гола и додавајќи три асистенции во седум натпревари за да го привлече вниманието на селекторот на Бразил, Доривал Јуниор.
Нејмар има 128 натпревари и рекордни 79 гола за својата земја, надминувајќи го бројот на Пеле од 77 гола. Тој беше дел од тимот на Бразил кој освои златен медал на Олимписките игри во Рио во 2016 година и исто така им помогна да завршат како второпласирани пред Аргентина на Копа Америка во 2021 година.
Бразил, кој е петти на табелата КОНМЕБОЛ со 18 бодови од 12 натпревари, на 21 март ќе и гостува на Колумбија, а пет дена подоцна ќе гостува во Аргентина.
Најдобрите шест директно се квалификуваат за Светското првенство.
Спорт
Интер сезонава цели кон тројната круна

Интер го победи Феенорд со 0:2 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. На Холанѓаните им недостигаше повеќе цел еден тим, 14 играчи се повредени или суспендирани, па Интер оствари рутинска победа со головите на Маркус Турам и Лаутаро Мартинез.
По натпреварот, новинар го праша тренерот на Интер, Симоне Инзаги дали сега цели кон двојна круна (италијанското првенство и Купот на Италија).
Инзаги му одговори со кренати три прста. Тренерот на Интер, покрај првенството и Купот, верува и дека може да ја нападне и европската титула.
Интер моментално води во италијанскиот шампионат откако освои бод во многу важно првенствено дерби против Наполи и остана еден бод пред нив и три пред Аталанта.
Тимот на Инзаги во полуфиналето во Купот ќе игра против Милан.
Инзаги е тренер на Интер од 2021 година и го предводеше на 198 натпревари. Минатата сезона го освои италијанското првенство, два пати го освои Купот и три пати Суперкупот. Во Лигата на шампионите пред две години стигнаа до финалето каде загубија со 1:0 од Манчестер Сити.