Спорт
(Видео) Убедлив пораз на Рајо Ваљекано во Виљареал
Столе Димитриевски со Рајо Ваљекано доживеа пораз на гостувањето во Виљареал со 3:0 во 33.коло од Ла Лига.
Виљареал ја продолжи серијата одлични резултати и остана во конкуренција за пласман во Конференциската лига. „Жолтата подморница“ со 45 освоени бода скокна на деветтата позиција.
Рајо Ваљекано е во безбедната зона, се наоѓа на 15.место на табелата со 34 бода.
Биљареал до победата го предводеше Норвежанецот, Александар Серлот.
Тој најпрвин погоди во 18. минута, во 30. минута повторно беше стрелец, но голот беше поништен поради офсајд.
Во 69. минута Москера ја искористи асистенцијата на Баена за 2:0, а во 74. додаде истиот играч му асистираше на Серлот за 3:0.
Во следното коло Виљареал и гостува на Селта, додека Рајо Ваљекано ја пречекува Алмерија која и математички испадна во Сегунда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Дуран спречи триумф на Ливерпул на „Вила Парк“
Фудбалерите на Астон Вила и Ливерпул одиграа возбудлив натпревар во претпоследноот коло на Премиер лигата на „Вила Парк“ во Бирмингем.
На крајот немаше победник 3:3. Победа на Ливерпул не дозволи Колумбиецот Дуран.
Ливерпул поведе во втората минута по грешката и автоголот на голманот Емилијано Мартинез, Јури Тиелеманс израмни во 12. минута.
Гостите од „Енфилд“ заминаа на пауза со предност што им ја донесе Коди Гакпо во 23. минута.
Во продолжението Астон Вила заигра подобро, иако Ливерпул стигна до 1:3 преку Кванса во 48. минута.
Тогаш на сцена стапи Колумбиецот Дуран, кој најпрвин погоди во 79.минута, а потоа во 88.минута избори бод на својот тим.
Ливерпул е трета со 79 поени, Астон Вила е на четвртата позиција со 63 бода.
Спорт
Словенец на центарот во финалето на Лигата на шампионите
УЕФА го одреди судијата за финалето на Лигата на шампионите. Тоа ќе биде Славко Винчиќ.
Словенецот долго време е судија од елитната група, а ова несомнено ќе биде најголемиот меч во неговата кариера.
Реал Мадрид и Борусија Дортмунд ќе се сретнат во финалето на Лигата на шампионите на стадионот „Вембли“.
🚨 OFFICIAL: Slavko Vinčić will referee the Champions League final! pic.twitter.com/EvAZNyGef3
— Madrid Xtra (@MadridXtra) May 13, 2024
Винчиќ оваа сезона им судеше на тимот на Един Терзиќ во Лигата на шампионите, во реваншот од четвртфиналето против Атлетико Мадрид.
Словенецот оваа сезона судеше на пет натпревари во Лигата на шампионите.
Натпреварот по кој ќе дознаеме кој ќе биде новиот шампион на Европа е закажан за 1 јуни.
Спорт
„Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата“
Марк Печи, поранешен британски тенисер и поранешен тренер на Енди Мареј, зборуваше за Новак Ѓоковиќ и можноста тој да се пензионира по Олимпијадата во Париз оваа година.
Ѓоковиќ не е во добра форма од почетокот на сезоната, има две полуфиналиња и два порази во трето коло на мастерсите, па многумина зборуваат за можноста наскоро да се пензионира.
Марк Печи го спореди со Пит Сампрас и најави дека очекува Ѓоковиќ да се пензионира по Олимпијадата во Париз.
Anyone else getting a Paris Olympics massive push for the one thing Novak doesn’t have and then Au Revoir to tennis?
Starting to get Sampras 2002 vibes.
Still have him in the favourite category for RG and Wimbledon but to be this great for so long takes incredible sacrifice.
— Mark Petchey (@_markpetchey) May 12, 2024
„Дали некој сè уште верува дека Новак ќе има голем обид на Олимписките игри за тој еден трофеј што го нема и потоа ќе се збогува со тенисот? Тој почнува да ги има оние вибрации на Пит Сампрас од 2002 година. Тој сè уште е меѓу фаворитите за Ролан Гарос и Вимблдон, но за да биде толку голем толку долго бара невидена жртва“, напиша Марк Печи.
Британецот потсети на деновите кога Сампрас се обидуваше да остане на врвот по освојувањето на 13. Грен слем во 2000 година на Вимблдон. Американецот се пензионираше две години подоцна, откако го освои 14. Грен слем трофеј на УС Опен. После тоа, тој не играше 12 месеци, за да го потврди своето пензионирање во летото 2003 година, пред турнирот во Њујорк.
Ѓоковиќ моментално има 24 Грен слем трофеи, но го нема олимпиското злато кое долго и многу го посакува.