Спорт
(Видео) Серија А: Без победник во „Дербито на сонцето“
Фудбалерите на Наполи и Рома ремизираа 2:2 во „Дербито на сонцето“.
Сите четири гола беа постигнати во второто полувреме. Серијата ја отвори Паоло Дибала од пенал во 59. минута. Интересно, Дибала прв пат во кариерата постигна гол на стадиното кој го носи името на неговиот славен сонародник Диего Марадона.
Само пет минути подоцна возврати Матиас Оливеира, а Хвича Кварацкелија избори пенал, кој во гол го претвори Виктор Осимен во 84.минута.
Нигериецот го постигна 14. гол во Серија А оваа сезона.
Рома од пораз ја спаси Тејми Ејбрахам во 90.минута. За Англичанецот, кој долго време отсуствуваше поради повреда, ова беше прв гол по пауза од една година.
Рома моментално е петта на табелата со 59 бодови, додека Наполи е осми со девет бодови помалку. Рома до крајот ќе води жестока борба со Аталанта за петтото место. Аталанта, која има два бода помалку и натпревар помалку од Рома, во истиот термин го обеди Емполи со 2:0.
Стрелци беа Марио Пашалиќ од пенал во 42. минута и Адемола Лукман во 51. минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јамал и Рафиња ја вратија Барселона на второто место
Фудбалерите на Барселона ја оправдаа улогата на фаворити, на домашен терен го совладаа Реал Сосиедад со 2:0 и се вратија на второто место на табелата во шпанската Примера. Со овој пораз Реал Сосиедад падна на седмата позиција, која носи пласман во Конференциската лига.
Каталонците сосема заслужено ги освоија трите бода, но повторно избраниците на Чави Ернандез си поиграа со нервите на своите навивачи.
Барселона поведе во 40. минута по одличната акција која ја започна Левандовски, стрелец беше Ламине Џамал. Тоа беше седми гол во сезоната, петти во лигата за суперталентираниот 16-годишник.
Во финишот на натпреварот во 93.минута Рафиња од пенал го постави конечниот резултат.
Спорт
Давидовац го реши трилерот во „Пионир“
Кошаркарите на Црвена звезда поведоа со 1-0 во финалната серија во АБА лигата. Црвена звезда по два ипол часа кошарка го победи Партизан со 85:82.
Вечните ривали водеа голема борба во текот на целиот натпревар. Ниту еден од тимовите немаше предност поголема од девет поени.
Дербито во самиот финиш од линијата за слободни фрлања го реши Дејан Давидовац. Најпрвин погоди за 83:80, на спротивната страна одговори со поени Џејмс Нанели.
Во следниот напад Давидовац го надмудри Ледеј кога беше судена „мртва топка“ и потоа повотрно поентираше од линијата за слободни. Со звукот на сирената потоа од центарот на теренот неуспешно се обиде Аврамовиќ.
Најдобар во победничкиот тим беше Јаго Дос Сантос со 18 поени. Лука Митровиќ и Милош Теодосиќ додадоа по 14 поени. Херојот Давидовац постигна 12 поени.
Кај Партизан блескаше Џејмс Нунели со 27 поени и шест скока. Кевин Пнатер постигна 13 поени, а Алекса Аврамовиќ додаде десет поени.
Вториот натпревар е закажан за среда на 15 мај, а домаќин повотрно е Црвена звезда.
Спорт
(Видео) Дуран спречи триумф на Ливерпул на „Вила Парк“
Фудбалерите на Астон Вила и Ливерпул одиграа возбудлив натпревар во претпоследноот коло на Премиер лигата на „Вила Парк“ во Бирмингем.
На крајот немаше победник 3:3. Победа на Ливерпул не дозволи Колумбиецот Дуран.
Ливерпул поведе во втората минута по грешката и автоголот на голманот Емилијано Мартинез, Јури Тиелеманс израмни во 12. минута.
Гостите од „Енфилд“ заминаа на пауза со предност што им ја донесе Коди Гакпо во 23. минута.
Во продолжението Астон Вила заигра подобро, иако Ливерпул стигна до 1:3 преку Кванса во 48. минута.
Тогаш на сцена стапи Колумбиецот Дуран, кој најпрвин погоди во 79.минута, а потоа во 88.минута избори бод на својот тим.
Ливерпул е трета со 79 поени, Астон Вила е на четвртата позиција со 63 бода.