Спорт
(Видео) Влаховиќ не дозволи уште еден кикс на „старата дама“

Фудбалерите на Јувентус го совладаа Фросиноне со резултат 3:2 (2:2) во натпреварот од 26. коло на италијанската Серија А.
Централна фигура на натпреварот беше српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ, кој постигна два гола во првото полувреме, а потоа асистираше за победничкиот гол во 95. минута.
Првиот гол го постигна Влаховиќ во 3. минута. Следуваше шок за „старата дама“, Фросиноне со головите на Чедира и Бресанини направи целосен пресврт. .
До крајот на првиот дел Влаховиќ го изедначи резултатот.
Тоа беше негов деветти гол во Серија А во седум одиграни натпревари во 2024 година.
До победата Јувентус дојде во 95.минута со голот на Ругани, со што „старата дама“ ја прекина серијата од епт натпревари без победа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Даниела Алексовска е Европски шампион во ММА

Македонија слави уште еден историски успех! По освоениот сребрен медал на Европското првенство во 2024 година, оваа година, Даниела Алексовска, членка на „Д Стронгест“, се закити со златен медал на Европското ММА првенство 2025 во Белград, Србија.
Во финалето на женската дивизија, Алексовска ја совлада Анастасија Хородивска од Украина – актуелната светска вицешампионка – во првата рунда за помалку од една минута со зафат (триаголник), освојувајќи ја првата европска ММА титула за Македонија во женска конкуренција.
Овој успех претставува значајна победа за македонскиот ММА спорт, а Алексовска уште еднаш докажа дека припаѓа на европскиот врв.
Спорт
Андреева го освои Дуаби, испиша историја во женскиот тенис

Руската тенисерка Мира Андреева стана најмладата шампионка на ВТА турнир од серијата 1.000. Андреева ја освои титулата во Дубаи.
Андреева во финалето во Дубаи ја победи Клара Таусон со 7:6(1), 6:1, по еден час и 47 минути битка.
Таа стана најмладата тенисерка која некогаш победила на ВТА турнир од серијата 1.000 откако оваа категорија беше додадена во календарот во 2009 година.
Од утре таа ќе стане и најмладата Топ 10 тенисерка (ќе биде деветта на ВТА листата) по Никол Ваидисова во 2006 година.
Андреева се мачеше во првиот сет, не успеа да го реши на свој сервис при резултат 5:4, но затоа блесна во тај-брејкот во кој на противничката и препушти само еден поен.
Моментумот од тај-брејкот го пренесе во вториот сет во кој буквално ја збриша својата противничка.
Спорт
(Видео) Рио Фердинанд: Изненаден сум што Евертон не доби пенал

Натпреварот на „Гудисон Парк“ меѓу Евертон и Манчестер јунајтед заврши нерешено 2:2, но детаљот кој ги засени головите се случи во судиското надополнување кога првично беше досуден пенал за Евертон, а потоа одлуката беше поништена по интервенција на ВАР.
Контакт меѓу Де Лихт и Ешли Јанг имаше, Холанѓамецот цо 93.минута го вечеше за дрес левиот бек на „карамелите“, кој падна во шеснаесетникот.
Судијата Медли веднаш покажа на белата точка, но откако ја прегледа ситуацијата преку ВАР, се предомисли. На многумина им е нејасно зошто се предомислил, вклучувајќи го и легендарниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд.
„Изненаден сум што не беше пенал. Имаше контакт. Сметам дека најлошо во оваа ситуација е што вака интервенираше ВАР“, рече Фердинанд.
Евертон водеше по 33 минути со 2:0, но на крајот Манчестер јунајтед сепак успеа да изедначи на 2:2 со головите на Фернандеш во 72. минута и Угарте во 80. минута.
O pênalti marcado para o Everton que, após intervenção do VAR, foi cancelado. pic.twitter.com/QI238oeSSP
— ⚽ (@DoentesPFutebol) February 22, 2025