Спорт
(Видео) Ѕвездата на Санс го одигра третиот најдобар офанзивен натпревар во НБА сезоната
Феникс Санс ја извојува четвртата последователна победа совладувајќи го Њу Орлеанс Пеликанс со 123:109 на крилата на Девин Букер, кој постигна дури 52 поени. Тоа е деветти учинок од најмалку 50 поени во НБА сезонава, но само Џанис Антетокунмпо постигна повеќе од ѕвездата на Феникс, а двапати – Индијана постигна 54 поени во ноември, а дури 64 поени против истиот противник во декември.
Букер погоди 18 од 30 голови од поле, шест од 11 тројки и сите 10 слободни. Кевин Дурент додаде 26 поени, а Јусуф Нуркиќ само пет, но со 15 скока и девет асистенции. Зион Вилијамсон ги предводеше Пеликанс со 24 поени.
Ова не беше ни приближно најдобрата изведба во кариерата на Букер. Тој уште во 2017 година постигна 70 поени за Бостон Селтикс, 59 за Јута Џез во 2019 година, а минатата сезона постигна 58 поени против Пеликанс. Ова е вкупно шести пат да постигнува најмалку 50, а веќе 34-ти пат да достигне најмалку 40.
Со четвртата последователна победа Санс го зграпчија водството во трката за плеј-офот и со скор од 23-18 го држат осмото место на Западот, но со само две победи помалку од Пеликанс кои се петти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јувеентус потона на Сардинија
Фудбалерите на Каљари, приредија мало изненадување со победата над Јувентус (1:0) во 21-то коло од Серија А. Натпреварот на Сардинија, уште еднаш ги потврди констатциите на стручната јавност во Италија, дека овој тим на Јувентус нема квалитет да се бори за шампионската титула.
Натпреварот во Сардинија, во кој гостите беа подобри, но не и доволно конкретни, беше решен во 65-та минута со мајсторијата на играчот на Каљари, Лука Мацители. Тоа беше совршена акција со два потега на домашниот тим.
Голот за триумф на Каљари можете да го погледнете Овде.
Гостите, пропуштија неколку шанси, Јилдиз ја погоди стативата во самиот финиш, но резултатот остана 1:0.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Чудо во Хернинг: Раул Гонзалес со Србија ја победи Германија
Србија приреди вистинска сензација со победата над Германија 30:27 (13:17), во второто коло на Европското првенство во ракомет. Избраниците на поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, со гранитна одбрана го шокираа големиот фаворит во второто полувреме, во кое надополнија негатива од четири гола.
Германија го диктираше темпото во првото полувреме, во кое Србија држеше приклучок благодарение на голманот Дејан Милосављев. Сепак во финишот на полувремето Германците успеаја да дојдат до голема предност.
Вториот дел, може да се каже дека е мастерклас на селекторот Гонзалес. Србите ги натераа Германците на период од шест минути без постигнат гол, поведоа со гол разлика, Германците одговорија со серија 4:1.
Вистинска драма се случуваше во финишот, а особено неверојатен беше моментот кога германскиот селектор побара тајм-аут, во моментот кога Кнор постигна гол, при водство на Србија 27:26.
— OvoOno (@OvoOnoX) January 17, 2026
Тој момент како да ги поремети Германците, Зербе промаши и седмерец, а потоа Србија мирно го заклучи натпреварот.
Којадиновиќ и Воркапиќ беа најефикасни со по шест гола, заедно со Пешмалбек (5), Додиќ (4) и Вања Илиќ (3). Се истакна и Милосављев, кој го заврши натпреварот со 12 интервенции. На другата страна, одлични беа Шлуров и Ушчинс (по 6 гола), како и Кнор (5) и Зербе (4).
Во последното коло, во оваа А група, Србија ќе игра против Австрија, а Германија ќе се соочи со Шпанија.
Спорт
Флик разочаран, голем талент ја напушта Барселона
Педро „Дро“ Фернандез, 18-годишниот талент на Барселона, наскоро ќе го напушти клубот, откако ќе биде активирана откупната клаузула во износ од шест милиони евра.
Тинејџерот, кој има понуди од неколку водечки европски клубови, го информирал тренерот Ханси Флик за својата одлука, што предизвика силна реакција од германскиот стручњак, пишува „Спорт“.
Според овој извор, Флик не ја примил добро веста. Тренерот наводно бил особено вознемирен бидејќи губи играч кого го смета за клучен за иднината на клубот, кој потекнува од Ла Масија и веќе има неколку настапи под негово водство.
Со оглед на тоа што заминувањето на Фернандез се очекува во рок од неколку дена, Флик одлучил дека играчот повеќе нема да тренира со првиот тим.
Оваа одлука е донесена со цел да се избегнат евентуални повреди, но и поради ставот дека играчот повеќе не е целосно фокусиран на работата со тимот. Реакцијата на Флик е разбирлива со оглед на довербата што ја покажа во 18-годишникот.
Тренерот го сметаше Фернандез за еден од играчите на кои им обрнуваше посебно внимание, а веста за неговото заминување длабоко го погоди. Неговото разочарување беше толку големо што наводно им кажал на луѓето од неговиот близок круг дека годоживеал „најголемото разочарување во својот живот“.
Инаку „Спорт“, тврди дека Дро кариерата ќе ја продолжи во редовите на актуелниот европски првак, ПСЖ.

