Спорт
Вилијан се откажа од милиони и замина од Арсенал
Вилијан се откажа од потенцијални милиони од Арсенал, за да го раскине договорот со клубот и да се врати во својот клуб од детството, Коринтијанс.
33-годишниот Вилијан пристигна на „Емирати“ минатото лето со слободен трансфер и потпиша тригодишен договор со „топчиите“. Вилијан претходно седум сезони беше во Челси, пред минатата сезона да одигра 37 натпревари и да даде 1 гол за Арсенал.
Best of luck at @Corinthians, @willianborges88 ?
— Arsenal (@Arsenal) August 30, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Блатер ги советува навивачите да не одат во Америка
Сеп Блатер, поранешниот претседател на ФИФА, ја изрази својата поддршка за идејата навивачите да не патуваат во Соединетите Држави за време на Светското првенство во 2026 година (11 јуни – 19 јули) од безбедносни причини.
„Имам само еден совет за навивачите: избегнувајте ги Соединетите Држави. Постојат работи што со право го доведуваат во прашање домаќинството на ова Светско првенство“, напиша поранешниот шеф на Меѓународната фудбалска федерација (1998-2015), додавајќи:
„Она што го гледаме во Соединетите Држави, маргинализација на политичките противници, злоупотреби од страна на имиграциските служби итн. – тешко дека ги охрабрува навивачите да одат таму“.
Швајцарскиот адвокат Марк Пит, експерт за борба против корупцијата ангажиран од Блатер помеѓу 2011 и 2014 година за да предложи реформи на ФИФА, беше уште поексплицитен.
„Навивачи, избегнувајте ги Соединетите Држави. Сигурно ќе имате подобар поглед на телевизија. По пристигнувањето, навивачите треба да очекуваат дека ако не се однесуваат правилно со властите, веднаш ќе бидат испратени дома. Ако имаат среќа…“ рече Пит.
Блатер, гласен критичар на Џани Инфантино, сегашниот претседател на ФИФА, беше негов претходник до 2015 година и неговата оставка, која следеше по низа скандали.
Обвинет за измама, меѓу другото, Блатер, заедно со Мишел Платини, конечно беше ослободен во 2025 година од страна на швајцарските судови.
Најголемата глобална фудбалска смотра е закажана од 11 јуни до 19 јули 2026 година, а 16 градови од трите споменати северноамерикански држави ќе имаат статус на домаќини.
Спорт
Зверев е првиот полуфиналист на АО
Германскиот тенисер Александар Зверев, поголеми проблеми го победи Лернер Тиен и се пласира во полуфиналето на Австралија Опен.
Зверев го победи Тиен со 3-1 во сетови (6:3, 6:7, 6:1, 7:6).
Мечот траеше три часа и 13 минути, а во полуфиналето Зверев ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Карлос Алкараз – Алекс Де Минор.
Првиот сет го решија два гема, шестиот и седмиот, во кои Зверев искористи една од своите две брејк топки, а Тиен не ја искористи својата.
Серверите беа исклучително сигурни во вториот сет, кој на крајот му припадна на Американецот. Во третиот Зверев доминираше, експресно ја врати предноста.
Тај-брејк се играше во четвртиот сет.
Зверев спаси сет-топката на 5:6, а потоа поведе со 6:0 во тај-брејкот и не долго потоа мирно го приведе натпреварот кон крајот за негово трето последователно полуфинале на Австралија Опен.
Foto/ depositphotos
Спорт
Шоутајм на Дончиќ во Чикаго
Лос Анџелес Лејкерс победија во Чикаго, благодарение на извонредната игра на Лука Дончиќ. Конечниот резултат во Јунајтед Центарот беше 118:129 (31:35, 25:34, 33:35, 29:25).
Освен 27-годишникот од Љубљана, само Коби Брајант забележа повеќе од 45 поени, двоцифрен број асистенции и повеќе од пет тројки на еден натпревар во дресот на Лејкерси.
Броевите на Дончиќ беа следниве – 46 поени, седум скока, 11 асистенции. Него го испрати Леброн Џејмс со 24 поени, пет скока и три асистенции, а Јапонецот Руи Хачимура имаше само еден поен помалку.
Кај Чикаго се истакна Коби Вајт со 23 поени, пет скока и шест асистенции, а Никола Вучевиќ, имаше дабл-дабл со 18 поени и 11 скока, како и пет асистенции.
Резултати:
Атланта – Индијана 132:116
/Мекалум 23 – Сијакам 26/
Шарлот – Филаделфија 130:93
/Милер 30 – Мекејн 16/
Кливленд – Орландо 114:98
/Мичел 45 – Банкеро 37/
Хјустон – Мемфис 108:99
/Дурент 33, Шенгун 33 – Алдама 17/
Бостон – Портланд 102:94
/Причард 23 – Грант 19/
Минесота – Голден Стејт 108:83
/Рандл 18, Гобер 15, 17ск – Пост 13/
Foto/ depositphotos

