Спорт
Вилшир: Имав 9 години, седев во парк и си реков „одам во Арсенал“
Екс-фудбалерот на Арсенал, Џек Вилшир откри како одлучил да отиде во редовите на Арсенал. „Топчиите“ го довеле во своите редови уште кога имал само 9 години.
Со 16 години стана најмладиот во редовите на Арсенал кој заиграл во Премиерлигата.
Вилшир раскажува дека кога имал 9 години настапувал за нисколигашот Лутон и кога ја добил понудата од „топчиите“, не сакал да прејде во тимот од северен Лондон.
Во последен момент, по договор со родителите, решил да го облече дресот на Арсенал и да прејде во нивната академија.
„Игравме против Барнет, а судијата работеше како скаут за Арсенал. Му пријде на татко ми и му рече дека сака да ме одведе во Арсенал и дека нема да мора да поминам никаква проба. Не сакав да преминам. Татко ми не ми вршеше притисок и ми рече јас да одлучам. Бев во паркот со другар ми, а татко ми дојде со црвено комби и ми рече `ова е ден за одлука`. Му реков на другар ми, `Одам во Арсенал`. Останатото е историја“ – вели Вилшир.
Од 2018 година е член на Вест Хем.
Вилшир повредите го спречија да стане еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Белгија доби нов селектор
Фудбалскиот сојуз на Белгија го отпушти тренерот Доменико Тедеско (39) на 17 јануари по серијата лоши резултати.
Нов селектор на Белгија е Французинот Руди Гарсија (60), кој прв пат во кариерата ќе работи како селектор.
Гарсија во кариерата ги водеше Корбеј-Есон, Сант-Етјен, Дижон, Ле Ман, Лил, Рома, Марсеј, Лион, Ал Наср и Наполи. Тој беше француски шампион со Лил во 2011 година, а во 2011, 2013 и 2014 година беше прогласен за најдобар француски тренер.
Да потсетиме дека под водство на Тедеско, Белгија едвај се пласираше во осминафиналето на минатогодишното Европско првенство, додека тие завршија на третото место, во групата во Лигата на нации, со само една победа и шест порази го освои третото место.
Резултатскиот пад на белгиската репрезентација започна по судирот на Тедеско со првиот голман Тибо Куртоа, поради што голманот на Реал Мадрид одлучи дека повеќе нема да брани за националниот тим. Сега неговото враќање е многу можно.
Спорт
Саудијцие нудат 350 милиони евра за Винисиус?
Британскиот новинар Бен Џејкобс, кого на социјалната мрежа „Х“ го следат над 300.000 луѓе, пишува дека Саудијците подготвуваат понуда од 350 милиони евра за ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.
Според новинарот, Реал Мадрид е отворен за преговори бидејќи би можел да го префрли Килијан Мбапе на левата крилна позиција и со парите од трансферот на Винисиус да ангажира класична „деветка“.
Доколку трансферот биде реализиран тоа бил бил светски рекорд. Актуелниот рекорд во 2017 година го урна ПСЖ, кога за 222 милиони евра го ангажираше Нејмар од Барселона.
Спорт
(Видео) Нестварен меч и неверојатен кош на Никола Јокиќ
Никола Јокиќ продолжи со неверојатни партии и подвизи. Откако стана првиот играч во историјата на најсилната лига кој постигнал четири трипл-дабл во низа без да ја одигра последната четвртина, во победата на Денвер над Сакраменто на домашен терен од 132:123, тој го додаде својот петти последователен трипл-дабл, исто така историски.
Јокиќ за 37 и пол минути на теренот постигна 35 поени (12/19 од поле), имаше 22 скока и 17 асистенции, како и две блокади и една загубена или една украдена топка.
Српскиот центар го забележа 168. во кариерата (150. и во регуларниот дел + 18 во плеј-офот).
Тој стана вториот играч во историјата на НБА, по Вилт Чембрлен, кој одиграл натпревар со учинок од 35/20/15 во најважните категории.
Јокиќ особено импресионираше во натпреварот за аналите на НБА со потегот на крајот од третата четвртина. Ја фати топката во близина на својот кош, а потоа во стил на бек на американски фудбал со едната рака ја фрли топката кон противничкиот кош.
Топката влезе во мрежата со со звукот на сирената. Поточно, таа помина три четвртини од теренот. Експертите за статистика пресметаа дека ова е шестиот најдолг шут во историјата на НБА.
Во моментот кога топката влезе во кошот, сследуваше бурна реакција од околу 18.000 луѓе, а коментаторите паднаа во транс.
„Постигна кош директно од Сомбор“, викаше еден од нив.
OH MY JOKIĆ JOKIĆ JOKIĆ 😱😱😱
HITS A NONCHALANT HEAVE FROM 3/4 COURT!! pic.twitter.com/6nn3f6kU4c
— NBA (@NBA) January 24, 2025