Спорт
Во чест на Џајиќ, Црвена звезда ќе го повлече бројот 11

Фудбалскиот клуб Црвена Звезда одлучи да го повлече дресот со број 11 на свеченоста по повод 60-годишнината од доаѓањето во клубот на еден од најголемите играчи на сите времиња, Драган Џајиќ.
Џајиќ е прогласен за трета ѕвезда на Црвена звезда. Тој беше член на најтрофејната генерација во историјата на Звезда, која за 12 години освои пет титули, четири купа и Купот Митропа.
Подоцна беше истакнат функционер, а беше и технички директор кога Црвена звезда стана европски и светски шампион во 1991 година. Подоцна беше претседател од 1998 до 2004 година и од 2012 до 2014 година, кога Црвена звезда по пауза од седум години ја врати домашната титула на „Маракана“.
Ова е трет број што Црвена звезда го повлече од употреба.
Бројот 12 е повлечен во чест на навивачите, а бројот 26 поради прерано починатиот фудбалер Горан Гогиќ.
Дресот со број 11 кој сега го носи Осман Букари, ќе биде пензиониран по завршувањето на сезоната.
За Звезда одигра вкупно 389 натпревари и постигна 155 голови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.