Спорт
Во Хрватска на 34-годишна возраст почина Иван Челиковиќ
Во Хрватска на 34-годишна возраст почина Иван Челиковиќ (34). Челиковиќ работеше во Фудбалската академија Конавле, една година од кариерата тој играше во Македонија, во дресот на Шкендија.
а во својата играчка кариера настапуваше за Конављанин, Дугопоље, Солин, Интер од Запрешиќ, Шкендија, Локомотива и Јарун. Во ХНЛ забележа 134 настапи, најмногу како играч на Интер.
НК Конављанин на социјалните мрежи ја сподели тажната вест која ја пренесуваме во целост:
„Утрово нашиот драг Иван Челиковиќ ненадејно не напушти. Секогаш љубезен и весел, добар дух на клубот и местото, на теренот и надвор од теренот, голем пријател. Тешко е да се замисли дека веќе те нема. Во овој момент е тешко да се најдат вистинските зборови, болката и тагата се големи.
Искрено сочувство до најблиските. Погребот на Иван ќе се изврши во среда во 15 часот на гробиштата Св. Недела во Чилипи“.
Челиковиќ е роден на 10 април 1989 година во Нова Градишка. Тој беше татко на две деца. Минатата година по десет години се врати во Конављанин, последен пат за тој клуб играше кога тимот од Чилип играше во првата деценија на овој век во осминафиналето од Купот на Хрватска.
Потоа од третолигашот Конављанин се пресели во Интер од Запрешиќ, чиј дрес го носеше три и пол сезони. Следуваше авантура во Македонија, тој помина една година во тетовска Шкендија, а потоа се врати во Запрешиќ каде играше до 2020 година кога се пресели во Локомотива.
Тој се врати во Конављанин на 2 октомври 2022 година, а својот последен натпревар го одигра на 3 декември 2023 година во Крвавац во победата од 2:0 против Гусар во последното коло од првиот дел на шампионатот во Првата ЖНЛ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бјелица доби отказ
Фудбалскиот клуб Унион Берлин соопшти дека му ја врачил оставката на хрватскиот тренер Ненад Бјелица по серијата лоши резултати во Бундес лигата.
Челниците на Унион решија да го заменат Бјелица по поразот од Бохум (3:4) во 32. коло од Бундес лигата.
Хрватскиот тренер го презеде тимот од Берлин во ноември минатата година, откако беше отпуштен oд Урс Фишер.
Унион Берлин моментално е на 15. место на табелата во германскиот шампионат со 30 бодови.
Во соопштението на клубот се наведува дека тимот до крајот на сезоната ќе го води Марко Гроте.
„Со нетрпение го очекувам предизвикот и убеден сум дека ќе успееме да избегнеме испаѓање од Бундеслигата. Добро го познавам нашиот тим и знам дека сме способни за опстанок“, изјави Гроте, а пренесува официјалниот сајт на клубот.
До крајот на сезоната во Бундеслигата, Унион следната сабота му гостува на Келн, а потоа на 18 мај на домашен терен го пречекува Фрајбург.
Спорт
Баркли: Јокиќ е најдобриот странец на сите времиња во НБА
Легендата на НБА, Чарлс Баркли многу го почитува центарот на Денвер, Никола Јокиќ.
И додека се очекува српскиот кошаркар по третпат наскоро да биде прогласен за МВП во НБА караванот, Баркли го пофали Јокиќ како гостин во подкастот на Шенон Шарп.
Долго време се сметаше дека Германецот Дирк Новицки е најдобар странец во НБА, но Баркли мисли поинаку.
„До доаѓањето на Јокиќ, Дирк беше најдобриот странец во историјата на НБА“, вели Баркли.
Инаку, Новицки, кој доживеа ѕвездени моменти со Далас, има по една титула и едно МВП признание.
Спорт
Васкес ќе го продолжи договорот со Реал
Реал Мадрид речиси сигурно ќе го продолжи договорот со Лукас Васкез.
Реал ги прекина преговорите за нови договори до крајот на сезоната, бидејќи се очекува тимот да играа во финалето на Лигата на шампионите. Тимот оваа сезона ја освои титулата во Примера и игра во полуфиналето на Лигата на шампионите.
На многу играчи им истекуваат договори на крајот од сезоната и тренерот Карло Анчелоти треба да донесе одлука за составот за следната сезона, а како што пренесоа денеска шпанските медиуми, тренерот сака Васкез да остане уште една година.
Фудбалерот и управата сакаат соработката да продолжи, а Васкез се истакна со своите настапи во претходните недели.
Васкез ќе наполни 33 години во јули и е подготвен за 10-та сезона во Реал Мадрид, а двете страни се блиску до договор.
Се очекува Начо Фернандез и Лука Модриќ да го напуштат Сантијаго Бернабеу.