Контакт

Спорт

Во Ред бул сигурни: Ферстапен е, дефинитивно, побрз од Хамилтон

Објавено пред

Макс Ферстапен има далеку подобра контрола на болидот од Луис Хамилтон и, дефинитивно, е побрз од својот ривал од Мерцедес, смета советникот на Ред бул, Хелмут Марко, кој додава дека сега тие треба да осигурат да му дадат болид со кој ќе стане шампион.

По само две трки од сезоната 2021, надежите се дека ќе имаме неизвесен шампионат откако Хамилтон и Ферстапен имаат по една победа иако Хамилтон е лидер во генерален пласман со дополнителниот поен за најбрз круг во Имола минатиот викенд.

„Мислам дека двајцата ќе ја одлучуваат титулата. Израмнети се и далеку пред другите. Ако продолжиме да му даваме болид што ќе биде еднакво брз како Мерцедес, Макс може до титулата. Кога се зборува за контрола на болидот и за брзината, Макс, дефинитивно, е понапред. Но, Луис има повеќе искуство и тоа носи баланс. Макс учи нешто ново во секоја трка и не заборавајте колку е млад“, вели Марко.

Спорт

Близнаците Њокас потпишаа за Металург

Објавено пред

Браќата близнаци, Кевин и Оливие Њокас од денеска и официјално се дел од Металург. Близнаците со Металург потпишаа двегодишен договор. Кевин и Оливие се први Французи во историјата на клубот од Автокоманда.

Браќата открија дела долго време преговарале со Металург. Оливие, за клубот, слушнал само убави зборови од својот соиграч, Кирил Лазаров.

Кевин Њокас е десен бек, кој професионалната кариера ја почна во Пари Сен Жермен за кој настапувал од 2006 до 2012 години. Потоа по две години играше во Шамбери и во Гепинген, а една сезона го носеше дресот и на Гумерсбах. Од 2018 година е дел од Бенфика од каде и доаѓа во Металург. За репрезентацијата на Франција одигра 41 натпревар и има златни медали од ЕП 2014 во Данска и СП 2015 во Катар.

Оливие Њокас е лев бек, кој исто така првиот професионален договор го потпишал со екипата на Пари Сен Жермен, за која настапувал од 2006 до 2008 години. Оливие по заминувањето од ПСЖ една сезона мина во шпанскиот Алкобендас, а потоа пет сезони беше дел од Кретеј.

Од 2014 до 2016 години го носеше дресот на Балинген, а последните пет сезони ги мина во Нант, каде настапуваше со селекторот и капитен на македонска репрезентација, Кире Лазаров.

За репрезентацијата на Франција одигра 32 натпревари и е носител на сребрен медал од ОИ 2016 во Бразил и на златен медал од СП 2017 во Франција.

Фото/rkmetalurg.mk

Прикажи повеќе...

Спорт

Тер Штеген ќе го пропушти ЕУРО 2020

Објавено пред

Натпреварот со Селта, одигран во неделата, беше последен за голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген оваа сезона. Покрај тоа што ќе го пропушти дуелот во Еибар, во последното коло, Тер Штеген нема да настапи ниту на ЕУРО 2020.

Барселона, вчера, доживеа пораз од Селта (1:2), а во понеделникот Тер Штеген, објави дека мора да ја оперира тетивата во десното колено.

„Заедно со клупските доктори решив да одам на операција на тетивата. Тажен сум што ќе го пропуштан ЕУРО 2020 со Германија. По многу години повторно ќе бидам само навивач на националниот тим. Се надевам дека на крајот ние ќе славиме“, рекол Тер Штеген.

Операцијата на Тер Штеген ќе му биде извршена во Шведска под надзор на докторите на Барселона.

Германија на ЕУРО 2020 покрај Мануел Ноер на голманските позиции ќе ги има Бернд Лено и Кевин Трап.

Прикажи повеќе...

Спорт

Далиќ го објави тимот за ЕУРО 2020

Објавено пред

Златко Далиќ, селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, го обајви списокот со кој светските вице-шампиони ќе настапат на ЕУРО 2020. Петмина од одбраните 26 се ирачи на Динамо Загреб (Иванушец, Петковиќ, Оршиќ, Гвардиол и Ливаковиќ).

Хрватска на ЕУРО 2020 ќе биде предводена од својот најдобар играч Лука Модриќ. Покрај фудбалерот на Реал, главна сила на Хрватите ќе бида Иван Перишиќ и Марсело Брозовиќ, шампиони со Интер во Серија А, односно Матео Ковачиќ.

На резервниот список на селекторот се: Уремовиќ, Ливаја, Башиќ, Понграчиќ, Ловриќ, Ивушиќ, Мајер и Моро.

Хрвстак на ЕУРО 2020 година ќе игра во Д-групата против Англија, Чешка и Шкотска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Пендаровски: Процесот на преговори со ЕУ не смее да се оптоварува со историски контроверзии

ти на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот „Брдо – Бриони“, што се одржува во Брдо кај Крањ....

Македонија2 часа

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Регион3 часа

(Видео) Вучиќ: Не успеавме да се договориме, иницијативата на Србија не беше прифатена

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по самитот Брдо-Бриони рече дека целиот регион е на европскиот пат и дека треба заедно...

Економија5 часа

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет6 часа

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија6 часа

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет6 часа

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет8 часа

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа8 часа

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет9 часа

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Свет9 часа

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа. Најновата беше извршена само...

Свет9 часа

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: СДСМ останува локомотива за напредокот на македонската држава

Со задоволство сакам да соопштам дека денеска СДСМ одржа успешен 26. Конгрес, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот...

Македонија1 ден

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата. Таа беше изгласана со 682...

Свет1 ден

Нетанјаху со благодарност до земјите кои го поддржале Израел, меѓу нив и Македонија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи им се заблагодари на владите на голем број земји во светот за, како...

Македонија1 ден

Регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на...

Свет1 ден

(Видео)10 годишно девојче во урнатините на Газа, низ солзи вели: Не можам да го трпам ова, јас сум само дете

Жестоките напади меѓу Израел и Хамас се најтешки за луѓето во Газа, каде што луѓето умираат секој ден – претежно...

Свет1 ден

Курц: Целта на истрагата е да ме отстранат од функцијата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека целта на поднесената пријава против него, поради наводни лажни изјави пред истражниот одбор во...

Свет1 ден

Гутереш запрепастен од страдањата на цивилите во Газа

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш е „шокиран“ од страдањето на цивилите во Газа, рече неговиот портпарол. „Генералниот секретар е...

Свет1 ден

(Видео) Немирна ноќ во Газа, истрелани околу 120 ракети, бројот на загинати и повредени расте

Израелската армија објави дека 120 проектили биле истрелани од Појасот Газа во текот на ноќта. Продолжена е вонредната состојба во...

Досие