Спорт
Војната продолжува – Ред бул му порача на Мерцедес да ја држи устата затворена

Шефот на Ред бул рејсинг, Кристијан Хорнер, му прати остра порака на својот ривал од Мерцедес, Тото Волф, да ја држи устата затворена за контроверзиите со задните крила на болидот на Ред бул.
Расправијата за крилата стана главна тема во Формула 1 на Шпанското ГП кога Луис Хамилтон ги коментира флексибилните крила кај болидот на ривалот по што ФИА реагира со ново тестирање и со менување на правилата, но тие ќе стапат во сила по овој викенд во Азербејџан. Откако Ред бул доминираа на првите два тренинга во Баку, Хорнер прати порака до Мерцедес да бидат тивки поради нивното флексибилно крило, овој пат на предниот дел од болидот.
„Мислам дека Мерцедес претера со своето потенцирање на задните крила, а основата е дека нашиот болид е легален и дека тој ги мина сите тестови. ФИА ги прави тие тестови, не ние. Ако нешто изгледа полошо од нашето крило, тогаш е нивното на предниот дел. Ако тие чепкаат еден дел од болидот, мора да се погледне и другиот дел. Затоа треба да бидат внимателни со своите желби. Да бев на местото на Тото Волф, со такво предно крило, би ја држел устата затворена“, вели Хорнер.
Од друга страна, самиот Волф вообичаено многу расположен за разговор со новинарите и по слабите резултати на тестирањето, реши да не дава коментари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рафиња ја „крена“ Барса над Севилја, сега имаат 8 поени предност!

Барселона полека станува главен фаворит за титулата во шпанската Ла лига, откако го искористија денешниот „кикс“ на Реал Мадрид и поразот од 1:0 од Мајорка, за да стигнат до убедлива 3:0 победа над Севилја и да се одвојат на осум поени од лутите ривали на врвот на табелата.
Мечот на „Ноу Камп“ не започна најдобро за Чави Ернандез, кога по само осум минути игра, Серхио Бускетс мораше да излезе од игра поради повреда. Севилја, со серија од две победи под водство на Хорхе Сампаоли беше израмнет противник во првото полувреме, пред да им се случи „колапс“ во вторите 45 минути.
Ветеранот Жорди Алба во 58. минута успеа да го совлада Боно со убав удар, за потоа на сцена да стапи Рафиња. Бразилецот прво му асистираше на Гави во 70. минута, за девет минути подоцна да зголеми на 3:0.
Со победата, Барса има 53 поени на првото место на табелата, пред Мадрид со 45, додека Реал Сосиедад се трети со 39 поени. Севилја остануваат 16-ти со 21 поен, два над зоната за испаѓање.
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-42409”));
Спорт
Интер ја зголеми мизеријата на градскиот ривал

Интер стигна до минимална, но апсолутно заслужена 1:0 победа над Милан во ново издание на „Дерби дела мадонина“, во кое се покажа дека „нераѕурите“ остануваат најсериозен ривал на лидерот Наполи, додека за кризата во „црвено-црниот“ дел од Милано засега нема решение.
„Крвник“ на Милан повторно беше Лаутаро Мартинез, кој во 34. минута по корнерот на поранешниот играч на Милан, Хакан Чалханоглу го отвори резултатот. Ова беше дури седми гол кој Мартинез го постигнал на градските ривали, со што стана вториот најдобар стрелец за Интер во „Дерби дела мадонина“ по Стефано Најерс, кој има постигнато 11 гола.
Иако овој резултат остана до крајот, тимот на Симоне Инзаги беше апсолутно доминантен во мечот со Милан, доминирајќи со над 60 отсто посед на топката и со 16 обиди кон голот на Татарушану. Лаутаро уште еднаш ја затресе мрежата на Милан во 90. минута, но овојпат голот беше поништен поради офсајд.
Интер остануваат втори на табелата со 43 поени, дури 13 зад Наполи, додека Милан, за кои ова е трет пораз во низа во Серија А, по понижувачките 2:5 од Сасуоло и 0:4 од Лацио, се шести со 38 поени.
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-42415”));
Спорт
Гвардиола со неверојатен изговор: Долг е патот од Манчестер до Лондон!

Пеп Гвардиола има уникатно објаснување за поразот на неговите Манчестер сити од Тотенхем од 1:0, тврдејќи дека патот од Манчестер до Лондон бил пренапорен да се помине со воз.
Со ова се комплетираше неверојатната статистика – Гвардиола пет пати со Сити го посетил новиот стадион на Тотенхем и пет пати си заминувал како губитник, а неговиот тим во петте меча не постигнал гол.
„Да се дојде од Манчестер до Лондон, тоа е како да патуваш до северна Европа. Се работи за 4 часа и 20 минути, четири и пол часа да стигнеш до хотелот. Верувајате, тоа е исцрпувачки. Жал ми е, но така е“, изјави бизарно Гвардиола.