Спорт
Волф: Не сум сигурен дека Хамилтон ќе продолжи со Ф1 по грабежот
Луис Хамилтон може да не закрепне од болката што рекордната осма светска титула му била грабната, вели шефот на Мерцедес, Тото Волф, откако Сребрената стрела потврди дека нема да продолжи со жалбата за последната трка во Абу Даби, но и дека нема да присуствуваат на вечерашната гала-вечера кога ќе му се додели титулата на Ферстапен.
Хамилтон ја загуби титулата откога Макс Ферстапен го претекна во последниот круг на трката на патеката Јас Марина кога директорот на трки на ФИА, Мајкл Маси, ги смени процедурите за безбедосното возило за да дозволи трка во последниот круг.
„Ќе биде потребно долго време да сфатиме што се случи во неделата. Не верувам дека некогаш ќе го надминеме тоа чувство. Сигурно не Луис како возач. Никогаш нема да ги надминеме болката и шокот што ни беше предизвикани. Се надевам дека Луис ќе продолжи да се трка бидејќи е најдобриот возач на сите времиња. Како тркач, неговото срце ќе каже дека мора да продолжи бидејќи е на врвот на своите квалитети. Но, првин мора да ја надмине болката што му беше предизвикана во неделата. Тој е човек со силни вредности. Сигурен сум дека ќе ја добиевме легалната битка, но има разлика помеѓу вистинската одлука и добивањето правда“, вели Волф.
Тој вели дека немал контакт со Мајкл Маси, ниту сака да има.
„Не сум заинтересиран да имам разговор со Мајкл Маси. Одлуките што ги направи во последните четири минути од трката значеа грабеж на заслужената титула на Луис Хамилтон. Тој поведе и не го пропушти водството. Да биде ограбен во последниот круг од трката е нерпифатливо“, додава Волф.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дембеле одбил да го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми.
ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на шампионите.
Според извештаите, Дембеле веќе добил првична понуда од клубот, но таа не е во согласност со неговите финансиски барања.
Како што се истакнува, понудената плата е околу 30.000.000 евра по сезона, проблем е што менаџерот на фудбалерот бара речиси двојно поголема сума, поради што договорот во моментов е далеку.
Во сезоната 2024/2025, Дембеле ги освои најважните индивидуални награди, вклучувајќи ја Златната топка, наградата „Најдобар“ на ФИФА и наградата за најдобар играч на Лигата на шампионите, а одигра и клучна улога во освојувањето на првиот европски трофеј во историјата на ПСЖ.
Спорт
Барселона нуди 30 милиони евра за Рашфорд
Маркус Рашфорд се чини дека ги се наметна во Барселона на задоволство на тренерот Ханси Флик.
Челниците на „блауграната“ решија да му испратат понуда на Манчестер Јунајтед за откуп на договорот на репрезентативецот на Англија.
Според шпанските медиуми, Барса е подготвена да издвои 30 милиони евра.
Во дресот на Барселона, крилниот напаѓач одигра 18 натпревари и постигна два гола.
Спорт
Рој Кин: Фергусон е како смрдеа од која не можеш да се ослободиш
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, повторно проговори за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, а овој пат остро го критикуваше легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Познат по своите остри и директни ставови, Кин отворено проговори во програма во живо за отпуштањето на Рубен Аморим и начинот на кој клубот носи клучни одлуки, не штедејќи ги луѓето кои, формално, повеќе не се дел од структурите на Манчестер Јунајтед.
„Што всушност се случува на тие интервјуа за работа? Секогаш ме интересира зошто истите луѓе добиваат шанси. Како можат да сфатат по 12 или 14 месеци дека некој не е вистинскиот човек за клубот?“, почна Кин.
Потоа отиде чекор понатаму и директно го спомена Фергусон, кој сè уште редовно ги гледа натпреварите од трибините на „Олд Трафорд“.
„Не го сфаќате ли тоа во разговорот? Го гледата чобекот во очи. Гледате кој навистина ги прави потезите во Манчестер Јунајтед. Фергусон и Дејвид Гил сè уште се шетаат како смрдеа што не може да се избрка.“
Нетрпението меѓу Рој Кин и Алекс Фергусон трае од 2005 година, кога легендарниот менаџер одлучи да го продаде својот капитен по контроверзно интервју на клупската телевизија.
Дека тензијата сè уште постои, потврди самиот Фергусон во 2024 година, кога го исфрли Кин од листата на своите најдобри капитени во историјата на клубот, и покрај фактот дека Ирецот ја носеше капитенската лента во осум исклучително успешни сезони.
Најновите коментари на Кин се само продолжение на долгогодишната и јавна расправија меѓу две икони на Манчестер Јунајтед.

