Спорт
Второто Ел класико во Ла Лига ќе се одигра на 20.март

Ла лига го објави кога ќе се одигра второто Ел класико во фудбалскиот шампионат на Шпанија.
Реал ќе ја пречека Барселона на 20.март, во рамките на 29.коло. Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе започне во 21 часот.
Првото дерби во сезоната, им припадна на фудбалерите на Реал, тие славеа во Барселона со 2:1. Тимовите се сретнаа и минатиот месец, во полу-финалето на Суперкупот. Во Саудиска Арабија, по продолженијата ја победи Барселона, а подоцна и го освои трофејот.
Реал, во овој момент се лидери на табелата, имаат 15 поени повеќе од Барселона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Влаховиќ и Ди Марија за совршен старт на сезоната за Јувентус

Навивачите на Јувентус мораат да бидат задоволни од стартот на новата сезона во Серија А, откако Душан Влаховиќ и Анхел ди Марија блеснаа во нападот за рутинска 3:0 победа над Сасуоло во првото понеделничко коло во италијанската елита.
Ди Марија, кој пристигна како слободен играч од Пари Сен-Жермен, го поздрави „Алијанц стадионот“ во 26. минута со фантастичен гол, за на одмор се отиде со 2:0 предност на домаќините, откако Душан Влаховиќ беше сигурен од белата точка во 43. минута од мечот.
Само што почна второто полувреме, во 51. минута од мечот, Ди Марија му асистираше на Влаховиќ за уште еден гол и потврда на одличниот старт на сезоната за тимот на Макс Алегри.
Спорт
Мората „распука“, Атлетико го „збриша“ Хетафе

Атлетико Мадрид имаше совршено отварање на новата сезона од шпанската Ла лига, стигнувајќи до 3:0 победа во „малото“ мадридско дерби кај Хетафе во режија на Жоао Феликс и посебно, повратникот Алваро Мората, кој постигна два гола.
Феликс уште во 15. минута од мечот го најде Мората на работ на шестнаестникот, и фудбалерот кој две сезони беше позајмен на Јувентус, постигна прекрасен гол за 0:1. Истата комбинација на фудбалери во 59. минута донесе 0:2 водство, за во 75. минута, триумфот на тимот на Диего Симеоне да го потврди замената Антоан Гризман.
Спорт
Наполи со „петарда“ во Верона, Осимен со совршен одговор за расистичките извици

Наполи стигна до трилер-победа од 5:2 на гостувањето кај Верона за убаво да ја отвори новата сезона во Серија А, во која клубот влегува со големи амбиции за висок пласман. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса да влезе во игра во 75. минута.
Верона прва дојде во водство преку Кевин Лазања во 29. минута од мечот, но до крајот на полувремето гостите направија пресврт. Новото засилување, Грузиецо Хвича Кваратсхелија, првин во 37. минута израмни пред Виктор Осимен во судиското продолжение да постигне гол за 1:2 и на интересен начин одговори на расистичките извици од делот на навивачите на Верона.
Домаќините не се предадоа и во 48. минута израмнија преку Томас Анри, но потоа „партенопеи“ ја покажаа силата. Кваратсхелија му асистира на Пјотр Зиелински во 55. минута, за десет минути подоцна Станислав Лоботка да зголеми на 2:4. Матео Политано во 79. минута од мечот зголеми на конечни 2:5.