Спорт
Вујин: Ме привлече приказната на Михајловски, Скопје има голема ракометна енергија
Српскиот ракометен интернационалец, леворакиот „бомбардер“ Марко Вујин следната сезона ќе го носи дресот на Вардар 1961. Откако минатата сезона за него беше неуспешна во португалски Спортинг, сега, на залезот на кариерата од него се очекува да ја пополни десната бековска позиција во „црвено-црниот“ табор. На таа позиција изминатите години во Вардар партиципираа тројца феноменални играчи – Криштопанс, Македа и претходно Душебаев.
Србинот за специјализираниот ракометен сајт „Балкан-хендбол“ раскажува што го натерало Португалија да ја замени со Македонија.
„Вардар е голем клуб, актуелен освојувач на Лигата на шампионите. Ме привлече новата приказна на чело со Михајло Михајловски. Голема ракометна енергија се чувствува во Скопје и тоа многу ме потсетува на големите ракометни градови во кои играв, како Кил и Веспрем. Исто така ме привлече и сериозната екипа која ја има Вардар во наредната сезона. Се најдобро имам слушнато за условите за игра, луѓето и градот. Би сакал заедно да имаме успеси достојни за името на клубот“ – рече Вујин.
Освен Вујин, Вардар во наредната сезона ќе биде засилен и со голманот Кантегрел, македонските репрезентативци Филип Талески и Гоце Георгиевски, како и Гаџа, Векиќ и Јагуриновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Олимпијакос е последниот патник на завршниот турнир – Грците ја добија мајсторката во Барселона
Кошаркарите на Олимпијакос ја совладаа Барселона, во мајсторката одиграна во Каталонија со 63:59 и се пласираа на завршниот турнир во Евролигата, кој ќе се одржи од 24-26. ќе се одржи во Берлин во мај.
Грчкиот тим, кој вторпат победи на гостински терен во четвртфиналната серија со Барса, на тој начин им се придружи на Реал Мадрид, Панатинаикос и Фенербахче кои претходно се пласираа во Берлин.
Избраниците на Јоргос Баркокас трета година по ред се пласираа на завршниот турнир во Евролигата.
Претходната година беа поразени во финалето од Реал, а годината претходно беа елиминирани во полуфиналето од Анадолу Ефес кој подцна ја освои титулата.
Ривал на Олимпијакос во полуфиналето ќе биде Реал и тоа ќе биде реприза на финалето од минатата сезона од Каунас.
Вечерва во Блауграна, двата тима одиграа исклучително тврд и дисциплиниран натпревар во кој доминираа одбраните.
Олимпијакос во сердишницата од решевачката четвртина со серија поени и добра одбрана со која ги затворија сите патишта до нивниот обрач направија клучен исчекор кон победата.
Серијата од 8:0 во тој налет се покажа како клучна.
Две тројки постигнаа гостите во тој интервал, по една Мекисик и Папаниколау.
Барса, не се предаде, а пропушти одлична можност да го израмни резултатот кога Грците водеа со 57:54. Потоа Абрињес го повлече нападот, но Мекисик му ја „украде“ топката за во продолжение Милутинов да остане сам во рекетото на противникот и со забицвање да ја запечати победата на Олимпијакос.
Српскиот центар го заврши мечот со 10 поени (4/5 за два, 2/4 слободни фрлања), 10 скокови, две асистенции и блокада за убедливо највисок индекс на корисност 26 за 25 минути на теренот, Мекисик постигна 12. (2/4 за три), Папаниколау 11 (3/6 за три).
Само Лапровитола со 17 (3/8 за два, 2/7 за три) со седум скока и четир асистенции и Алекс Абринес со 13 поени (3/3 за два, 2/5 за три) во Барселона постигнаа двоцифрен број на поени.
Спорт
(Видео) Хоселу го реши трилерот во Мадрид – Реал е во финалето на ЛШ
Реал Мадрид 18.пат во клупската историја ќе се бори за трофејот во Купо/Лигата на шампионите. Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ во инфаркт завршница го победи Баерн со 2:1. Апсолутен херој на Реал е искусниот напаѓач Хоселу, кој со головите во 88. и 91.минута направи пресврт, откако Баерн поведе со голот на Дејвис во 68.минута.
Реал Мадрид за трофејот ќе игра против Борусија Дортмунд на 1 јуни во Лондон, на „Вембли“.
IM SPEECHLESS JOSELU THIS IS THE GREATEST PERFORMANCE EVER pic.twitter.com/bkUsielbaP
— WolfRMFC (@WolfRMFC) May 8, 2024
Спорт
Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови
Ракометната репрезентација на Македонија ќе има тешка задача да избори пласман на Светското првенство. Вечерва во Торшван, Фарските Острови ја победија Македонија со 34:27.
Македонија, во дуелот со репрезентацијата која беше најпријатното изнеандување на последното Европско првенство, во ниту еден момент не беше конкурентна.
Од стартот македонските ракометари му дозволија да го наметне својот стил на игра. Одбраната немаше решение за играчот на Кил, Скипаготу кој постигна десет гола.
Македонија ја рпедводеше Филип Кузмановски со осум постигнати гола, Митев постигна пет, а Никола Костески четири.
Реванш натпреварот во Скопје се игра в недела од 19:00 часот.