Спорт
Вујовиќ: Помалку мртви од короната отколку од обичниот грип. Што се случува тука?
Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ, од Шабац, каде што се наоѓа во карантин, во интервју за српските медиуми во свој стил ја коментирал моменталната ситуација што ја предизвика коронавирусот.
„Среќен сум, имам мала куќа на брегот на Сава, нема многу луѓе околу мене, јас и сопругата уживаме, цело време сум надвор, се занимавам со риболов, чекам подобри денови. Пред неколку дена бев во градот, заклучив дека во однос на другите мене ми е добро. Се прашав како ова влијае врз психата на старите луѓе, пензионерите кои со недели се затворени во своите домови. Како тие го преживуваат ова“, рекол Вујовиќ и дополнил. „Гледам слушам, размисливам, многу нешта не се логични. Се бројат заразените и мртвите од коронавирусот, а починати има помалку од она што е вообичаено за овој период од годината. На светско ниво од короната има помалку мртви отколку од ‘обичниот грип’. Што се случува? Кој со кого и зошто си игра, веројатно никогаш нема да дознаеме. Признавам дека не ми се јасни работите, луѓе остануваат на улица без работа. Не знам, можеби за неколку месеци ќе го заборавиме сè ова, но светот повеќе никогаш нема да биде ист“, заклучил Вујовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус постигнал договор со новиот голман, Монца бара оштета од 20.000.000 евра
Реконструкција му престои на Јувентус во летниот преоден рок. Извесно е дека тренерот Макс Алегри ќе о напушти клубот, клупските челници се во потрага по засилувања во сите линии. Италијанските медиуми тврдат дека од наредната сезона Јувентус ќе има нов голман.
Спортскиот сектор на Јувентус ги завршил преговорите со голманот на Монца, Микеле Ди Грегорио. Наводно, Ди Грегорио и Јувентус договориле петгодишна соработка, за годишна плата од 2.000.000 евра.
Сега Јувентус треба да се договори со Монца. Првиот човек на клубот, Адријано Галијани за голманот бара оштета од 20.000.000 евра.
За да го намали обештетувањето, Јувентус ќе го понуди вториот голман Матија Перин, или пак некој друг фудбалер.
Ди Грегорио е „дете“ на Интер, но никогаш не доби шанса во клубот. Интер го испраќаше на позајмици во разни пониски лиги и на крај тој заврши во Монца кога тимот играше во Серија Б го купи за 4.400.000 евра. Интер ќе добие 10 отсто од следниот трансфер на Ди Грегорио.
Спорт
Гасе нема да остане на клупата на Марсеј
Фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј нема намера да го задржи актуелниот тренер Жан-Луј Гасе следната сезона.
Гасе беше донесен за да ја спаси сезоната, откако клубот го отпушти Џенаро Гатузо. Тоа му успеа до одреден степен, но како што стојат работите во клубот не се сигурни дека ќе го задржат следната сезона.
Како што пренесува „Лекип“, претседателот на Марсеј, Пабло Лонгорија тргнал по Паоло Фонсека, кој е прва желба на клубот.
Договорот на Фонсека со Лил истекува на крајот од сезоната, а клубот има намера да му понуди нов.
Марсеј веќе се обиде да го доведе во своите редови минатата сезона, но во последен момент трансферот го спречи претседателот на Лил, Оливие Летанг.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.