Спорт
Бејл донираше 500.000 фунти на болницата во која е роден

Ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл донираше половина милион фунти на болницата при Универзитетот на Велс во Кардиф, каде што и тој самиот е роден. Велс досега има над 8.000 случаи на корона вирусот и 624 потврдени фатални случаи.
„Само сакав да се заблагодарам на сите во НХС (британскиот здравствен систем) за напорната работа и жртвувањето при кризата. Болницата при Универзитетот на Велс има посебно место во моето срце, бидејќи таму сум роден и знам каква поддршка дава на моето семејство, моите пријатели и пошироката заедница“, вели Бејл, кој ја направи донацијата во негово име и во име на неговата сопруга Ема Рис-Џонс.
Our @Health_Charity the official charity of @cv_uhb would like to thank Wales and Real Madrid football legend, Gareth Bale and his wife Emma for their huge £500,000 donation to the University Hospital of Wales. @GarethBale11
Read more here: https://t.co/NPkxZ8ZKzx pic.twitter.com/E9NQnTJRMQ— Cardiff & Vale UHB (@CV_UHB) April 22, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.