Спорт
Вулвс со пресврт победија во Саутемптон

Вулверхемптон, на „Сент Мери“ во Саутемптон, забележаа победа од 2:1, во првиот меч од неделната програма во Премиер лигата. Слично како и во минатата сезона, Вулфс, со пресврт во вториот дел, го освоија бодовите против „светците“.
Историјата се повтори, минататат сезона Саутемптон водеа против Вулфс со 2:0, по првиот дел, на крајот беа порезени со 2:3, а денес „Волците“ славеа со 2:1, иако губеа на полувреме.
Добрата игра во првиот дел, Саутемптон ја крунисаа со само еден гол. Дани Ингс го совлада Руи Патрисои во 25.минута.
Вулвс, во вториот дел, во интервал од 12 минути постигнаа два гола. Рубен Невеш во 53.минута погоди од белата точка, а во 65.минута, Педро Нето го постави конечниот резултат.
Оваа победа и јубилејна 100 за Нуно Еспирито Санто на клупата на Вучверхемптон.
Во наредното коло, Саутемптон ќе го пречека Челси, додека Вулфс ќе им бидат домаќини на Лидс јунајтед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кејн нема намера да се враќа во Англија, сака да остане во Баерн

Капитенот на Англија и напаѓач на Баерн Минхен, Хари Кејн, изјави дека е отворен за продолжување на договорот со германскиот шампион и дека враќањето во Премиер лигата повеќе не е приоритет.
Кејн, кој ја освои Бундеслигата минатата сезона и со тоа конечно стигна до првиот трофеј во својата кариера, има договор со Баерн до 2027 година.
Иако имаше шпекулации за можно враќање во Англија, особено во Тотенхем, Кејн сега вели дека е фокусиран на Минхен и успехот со германскиот клуб.
„Можам да се замислам себеси во Баерн подолго од сегашниот договор. Сè уште не сме разговарале за тоа, но ако дојде до тоа, подготвен сум за искрен разговор“, изјави 32-годишниот напаѓач за Би-Би-Си.
Кејн е во одлична форма оваа сезона – постигна 19 гола за клубот и репрезентацијата.
Главни цели во понатамоѓната кариера на Кејн се освојувањето на Лигата на шампионите со Баерн или Светското првенство со Англија, што, вели тој, би му го отворило патот до „Златната топка“.
„Би сакал да ја освојам Златната топка. Тоа е трофеј што му припаѓа на најдобриот поединец од најдобриот тим. Затоа е потребна титула во Лигата на шампионите или на Светското првенство“, објаснува Кејн.
Во моментов, Кејн се подготвува за претстојните натпревари на Англија – пријателски натпревар против Велс и квалификациски натпревар за Светското првенство против Латвија.
Спорт
Матиќ: Велат дека Влаховиќ е најдобар српски играч – фудбалот во Србија беше на повисоко ниво

Српскиот фудбалер Немања Матиќ зборуваше за италијанските медиуми за сонародникот, напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ.
Искусниот играч од средниот ред се врати во Италија ова лето и го засили тимот на Сасуоло. Претходно во Серија А го носеше дресот на Рома.
Бидејќи напаѓачот на Јувентус е една од главните теми на тамошните новинари, прашањето за Влаховиќ беше логично.
Во изјава за италијанскиот „Скај Спорт“, тој истакна дека напаѓачот на „старата дама“ се издвојува како најдобар српски фудбалер во моментов.
„Никогаш не играв со него бидејќи ја напуштив репрезентацијата пред седум, осум години, но сите велат дека тој е најдобриот српски фудбалер во моментов. Фудбалот во Србија е различен сега во споредба со периодот од пред 10, 15 години, кога генерално бевме на повисоко ниво“, рече Матиќ.
Немања Матиќ се осврна на денешната младина. Имаше што да им порача.
„Новите генерации играат премногу „PlayStation“, има толку многу работи надвор од фудбалот, како што се социјалните мрежи, активностите со навивачите, премногу работи што го одвлекуваат вниманието. Потешко е да им се помогне на младите луѓе, сите тие сакаат да ги имитираат Роналдо и Меси“, заклучи Матиќ.
Влаховиќ сè уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата по оваа сезона, бидејќи неговиот договор истекува на крајот од сезоната.
Оваа сезона, во осум натпревари, но само 255 минути, тој постигна четири гола и додаде една асистенција.
Спорт
Баерн го контактирал менаџерот на Гуехи

Марк Гуехи ги договори сите услови со Ливерпул, но Кристал Палас го запре неговиот трансфер, на истекот на летниот преоден рок. Палас реши да го стопира трансферот на капитенот, бидејќи не успеа да најде соодветна замена.
Марк Гуехи влезе во последната година од договорот со Кристал Палас. Јасно е дека откако му пропадна трансферот во Ливерпул, дека тој наредното лето без обесштетување ќе замине од клубот.
Германскиот инсајдер, новинар на „Билд“, Флоријан Плетенберг денес откри дека Баерн Минхен презема конкретни чекори и дека Баварците сериозно се заинтересирани за англискиот репрезентативец.
Тој тврди дека спортскиот директор Макс Еберл е голем обожавател на англискиот стопер и дека имал почетни разговори со неговите менаџери. Сепак, многу зависи и од епилогот со Упамекано, кој е исто така во последната година од договорот со Баерн и засега има превисоки барања.
Исто така, Флоријан Плетенберг додава дека Англичанецот е внимателно следен од шпанските гиганти – Реал Мадрид и Барселона, и дека Гвеј нема ништо потпишано со Ливерпул.
„Црвените“ сè уште чекаат, веруваат дека Гуехи на крајот ќе го одржи зборот и ќе потпише за Ливерпул како слободен агент.