Спорт
За Горетцка повеќе нема место во Баерн
По најнеуспешната сезона во клупската историја во последните 12 години, челниците на Баерн решија да направат сериозна реконструкција.
Тимот вее го напуштија Матијас Де Лихт и Нусар Мазрауи, а како што објавија германските медиуми, во тимот нема да биде ниту Леон Горецка (29).
Искусниот германски играч за врска не е во плановите на тренерот Венсан Компани и наскоро би можел да биде продаден. Горецка во Баерн пристигна пред шест години од Шалке како слободен играч.
Со клубот освои се што можеше, а одигра 221 натпревар и постигна 40 гола со 46 асистенции.
Според „Трансфермаркт“, тој вреди 30 милиони евра. Неговиот договор трае уште две години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Цунода за граничната полиција на САД: За малку ќе ме вратеа дома
Јапонецот Јуки Цунода зборуваше за непријатностите со американската гранична полиција пред викендот за Големата награда на Лас Вегас.
Граничмите полицајци го издвоиле возачот на РБ тимот на аеродромот додека тој патуваше на ПР настан посветен на тркачкиот викенд и го испрашувале 24-годишниот, сомневајќи се дека тој сака да емигрира во САД.
„За среќа, ме пуштија по неколку реченици… Многу, всушност. За малку ќе ме вратеа дома. Сега се е во ред, но да – среќа е што сум тука“, изјави Јапонецот.
Цунода верува дека срамот можел да се избегне доколку цариниците му дозволиле да разговара со други лица.
„Бев со физиотерапевт. Се разбира, царинската контрола се врши посебно. Одеднаш, службеничката ме повика во собата и ја прашав дали можам да донесам придружник. Можеби тој подобро би објаснил кој сум јас и ситуацијата во Формула 1. Не можеш ништо да направиш во таа соба“, додаде Цунода, потсетувајќи дека вакви проблеми немал кога патувал во Остин на Големата награда на тексас.
„Редовно ги исполнував барањата за виза. Срамно е ова. Изминативе три викенди се помина без проблеми. Чудно ми е што воопшто ме издвоија“, подвлече Цунода.
До крајот на сезоната остануваат уште три викенди, а Цунода е 11. во генералниот пласман на возачи со 28 бодови.
Спорт
Реал на аукција ја продава соблекувалната
Реал Мадрид, најголемиот клуб во светот, и „Сотби“, кој има еднаков статус меѓу аукциските куќи, ги здружија силите во голем проект.
Од 12 до 26 ноември соблекувалната на Реал Мадрид, која славниот клуб ја користеше од 2001 до 2022 година, ќе се најде на аукција.
Како дел од големото реновирање и проширување на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, соблекувалната е отстранета, но Реал 24. Шкафчињата кои ги користеа Кристијано Роналдо, Дејвид Бекам, Зинедин Зидан, Фиго, Роберто Карлос, Серхио Рамос, Карим Бензема, Лука Модриќ… нема да бидат фрлени.
„Соблекувалната претставува извонреден период во историјата на Реал Мадрид. Шкавчињата што ги ставивме на аукција раскажуваат приказна за седум победи во Ла Лига, шест во Лигата на шампиони, два Копа дел Реј… За нив наддава во состојбата во која беа во сезоната 2021/22, во која Реал ја освои Ла Лига и Лига на шампиони. Ова е прв пат да ја понудиме целата соблекувална, а тоа сведочи за популарноста и статусот што го ужива Реал Мадрид“, изјави Џорџ Норт, шефот на продажбата на „Сотби“.
Секој шкафче од соблекувалната има почетна цена од 10 илјади фунти или околу 12 илјади евра. Купувачот кој ќе понуди највисока понуда добива сертификат за автентичност и автограм на фудбалерот кој го користел шкафчето.
Покрај шкафчињата се продава и голем грб Реал со дијаметар од три метри, кој се наоѓаше на подот од соблекувалната. Неговата почетна цена е 12 илјади фунти.
Спорт
Колку заработил Надал од учеството на турнирите?
Еден од најдобрите тенисери во историјата Рафаел Надал стави точка на кариерата со поразот од Шпанија од Холандија во Дејвис купот.
Шпанскиот тенисер ја започна својата професионална кариера во 2001 година и оттогаш освои дури 92 турнири, од кои 22 Гренд Слем и 36 од Мастерс серијата.
„Кралот на земјаната подолога“, како што го нарекуваа затоа што го освои Ролан Гарос 14 пати, заработи 134,5 милиони американски долари само од учество на турнири.
На тоа треба да се додаде и заработката од спонзорските договори.
Не се знае точно колкава сума добил од тие договори, но се претпоставува дека е поголема од онаа шт ја заработил со учеството на турнирите, бидејќи со години соработувал со најсилните брендови како Најки, со кои сè уште има договор, Ролекс, итн.
Како пензионер Надал ќе се занимава со приватен бизнис, кој го има неколку години, како синџир ресторани, хотел, тениска академија, а ќе биде и заштитно лице на тенисот во Саудиска Арабија.