Спорт
Здрави тенисер(к)и заглавија во карантин во Мелбурн

Сите тенисери и тенисерки, како и нивните стручни тимови, кои со чартер-летот од Лос Анџелес, пристигнале во Мелбурн, ќе мора две недели да бидат во карантин. Организаторите на првиот Гренд слем во сезоната, Австралија опен, соопштија дека, во авионот двајца биле позитивни (член на посадата и еден патник).
Во авионот имало 67 патници (24 од нив се играчи што треба да настапат на Австралија опен) и 12 членови на екипажот. Двајцата заразени, 72 часа пред летот имале негативни тестови.
Тенисерите и тенисерките, како и патниците од овој лет ќе бидат сместени во хотел, предвиден за карантин и нема да смеат да ги напуштат своите соби во наредните 14 дена. Исто така тие нема да можат да тренираат.
Уругваецот Пабло Куевас, кој бил во авионот, на социјалните мрежи напишал дека ќе им биде овозможен некаков тренинг во затворено, но дека тоа е далеку од она што е планирано, пет сати тренинг на отворено, во „меурот“ во Мелбурн.
Според планот Австралија опен треба да започне на 8.февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Познати се групите за женскиот Евробаскет

ФИБА Европа ги одреди групите за женскиот Евробаскет. Европското првенство во женска конкуренција ќе се одржи од 17. до 27.јуни, во Валенсија и Стразбур.
Натпреварите во групите А и Б ќе се играат во Валенсија.
Во А-групата покрај домаќинот Шпанија се Шведска, Белорусија и Словачка. Србија, Италија, Црна Гора и Грција се во Б-групата.
Натпреварите во групите Ц и Д ќе се играат во Стразбур.
Турција, Босна и Херцеговина, Словенија и Белгија се во Б-групата, а домаќинот Франција, Русија, Чешка и Хрватска се во Д-групата.
Натпреварите во групите, осмина-финалните и четврт-финалните мечеви ќе се играат во Валенсија и Стразбур, а завршницата потоа ќе биде одржана само во Валенсија.
Спорт
Филипoвски пред отказ во Партизан
Словенецот Сашо Филиповски се наоѓа пред отказ во кошаркарскиот клуб Партизан. Филиповски, пред четири месеци, седна на клупата на поранешниот европски првак, не ги оправда очекувањата и според српските медиуми тој во текот на денот ќе го напушти клубот.
Филиповски на 5.ноември 2021 година го наследи Владо Шчепановиќ, кој доби отказ поради променливите резултати. Промената на тренерот не донесе ништо добро во таборот на црно-белите, туку дополнително се влошија.
Партизан нема шанси за пласман во плеј-офот во АБА лигата, а во регионалното нема победа во последните два месеци. Партизан во АБА лигата нема победа на последните шест натпревари, а минатиот месец не успеа да ја одбрани титулата во Купот на Србија.
Клубот ги задржа шансите за пласман во четврт-финалето во Еврокупот. Во среда, Партизан мора да го победи Метрополитан, за да се надева на пласман меѓу најдобрите осум екипи во ова натпреварување.
Српските медиуми пишуваат дека Филиповски нема да го води тимот на овој натпревар. Тој не го водел денешниот тренинг, а попладнево треба да има средба со клупските челници.
Спорт
Евролигата им додели А-лиценци на Баерн и Асвел

Евролигата, на денешната седница, реши да им додели А-лиценци на Баерн Минхен и Асвел од Вилербан.
Добри вести од седницата добија и во кошаркарскиот клуб Алба од Берлин. Овој клуб, во наредните две сезони, без оглед на пласманот во домашното првенство, во Евролигата ќе се натпреварува со специјална покана.
Ваквите одлуки на Евролигата, под знак прашалник го ставаат учеството на екипа од регионалната АБА лига во елитното кошаркарско натпреварување. Евролигата дополнително ќе се изјасни по ова прашање.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“