Спорт
Загриженост во Белгија – ќе биде ли Азар подготвен за ЕП?

Најновата повреда на Еден Азар го крена степенот на загриженост во Фудбалскиот сојуз на Белгија. Белгијците стравуваат дека капитенот на репрезентацијата нема да биде подготвен за Европското првенство.
„Чекаме, но ова е загрижувачки. За разлика од Денис Прат, Кевин де Брујне и Дрис Мертенс, Еден има хронична повреда, која секогаш лошо завршува“, рекол докторот на репрезентацијата на Белгија, Кристоф Сас, и продолжил:
„Првин имаше проблем со зглобот, а потоа трипати со мускулот. Лошо му оди, тешко се излегува од еден таков круг на повреди. Важно е да тренира како врвен спортист, но и тоа е тешко кога е во процес на рехабилитација“.
Според медиумите во Белгија, од националниот Сојуз ќе барале од Реал редовно да добиваат информации за состојбата на Азар, дури се надевале дека од Мадрид ќе му дозволат рехабилитацијата да ја продолжи во Белгија.
Белгијците се сомневале дека Азар не добива доволно квалитетна медицинска нега во Мадрид.
Азар најновата повреда на мускулот, поради која ќе паузура од четири до шест недели, ја доживеа во понедлникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Незапирливиот Гираси е херојот на Дортмунд

Фото/ EPA/ERIK S. LESSER
Борусија Дортмунд го победи мексиканскиот Монтереј со 2:1 во осминафиналето на Светското клупско првенство во САД.
Многу брзо, Борусија поведе во овој дуел. Серу Гираси се снајде брилијантно по прекрасното додавање на Карим Адејеми. Остана сам пред голманот и од 14-та минута беше 1:0.
Потоа Монтереј имаше една добра шанса кога Хесус Корона шутираше покрај голот, а набрзо се обиде и Нелсон Деоса, но ударот го одбрани Грегор Кобел.
Во 24-та минута, Гираси повторно постигна гол. Адејеми повторно му беше асистент. Имаше шанса да постигне хет-трик уште во 30-та минута, но не успеа да го искористи прекрасниот центаршут на Белингам.
Монтереј одговори веднаш на почетокот од второто полувреме. Херан Бертераме постигна гол со глава за 2:1, кога го постави конечниот резултат.
Борусија Дортмунд во четвртфиналето ќе игра против Реал Мадрид.
Сите четвртфинални парови
4 јули, Пасадена: Палмеирас (Бразил) – Челзи (Англија)
4 јули, Орландо: Флуминенсе (Бразил) – Ал Хилал (Јужна Арабија)
5 јули, Атланта: ПСЖ (Франција) – Баерн (Германија)
5 јули, Њу Џерси: Реал (Шпанија) – Дортмунд (Германија).
Спорт
Арина Сабаленка не му верува на соколовото око

Од специјалниот известувач
Уште една вимблдонска традиција потклекна пред налетот на новото време. Доколку за онаа од 2021. година, кога организаторот на турнирот дозволи постојано да се игра тенис и во „средишната недела“, а за што причина беше природата или таканаречените климатски промени, поради кои секоја година во првата седмица рапоредот на мечевите беше целосно пореметен од „неочекуваниот“ дожд, за оваа, втора промена, виновен е технолошкиот прогрес. Од овој Вимблдон, прв пат во неговата 138 годишна традиција, нема повеќе да има линиски судии. Наместо нив, соколовото око или хокај системот ќе ја превземе улогата на единствен правичен делител на правда – дали топката е внатре или надвор од теренот.
Оваа промена беше причина и Арина Сабаленка од Вимблдон да ги прокоментира новите околности, односно дали ќе ѝ недостасуваат линиските судии и дали целосно му верува на хокај системот.
„Имам незгодно искуство и со двете ситуации. Некогаш не бев сигурна дали хокај системот е исправен, а некогаш судијата ја немаше донесено најдобрата одлука.“
За неа најголемиот проблем со хокај системот е притисокот кој го има во глава дали да го предизвика, а потоа да не може да се расправа со него.
„Што год да покаже, мораш да се согласиш дека е во право“.
Оттука и прашањето, дали веќе не постои сомнеж во нејзината глава околу точноста на електронскиот систем.
„Постои“, со смеење одговара белоруската тенисерка. „Додуша, понекогаш, но не многу често. Најмногу би сакала да се потпирам на главниот судија тој тоа да го види, бидејќи хокај системот очигледно прави грешки. Судијата да има право да ја промени одлуката – можеби тоа би било подобро.“ – ја заклучува расправата Арина.
Дали е оправдана недовербата на Арина во соколовото око одговор може да даде оној кој и најдобро го познава овој електронски ситем. А, тоа е нашиот Блаже Трифуновски, Македонец кој од самото воведување на хохај системот работи за Меѓународната тениска федерација како официјален контролор на хокај системот (official review). За полесно да се разбере неговата улога, тој е одговорното лице на кое судијата од терен по телефон му се јавува и го замолува да го прегледа спорниот поен.
Во интервјуто за Макфакс дадено во 2022. година, еве што ни одговори Блаже на прашањето „дали може да згреши безгрешниот хокај систем“:
„Како и секоја друга технологија и хокајот може да направи грешка и тоа зависи од многу фактори. Направен како технологија за следење на топче кое се движи со голема брзина, има многу елементи кои можат да афектираат во одредени случаји. На пример, кога има сенки во теренот, или пола терен е на сонце, а пола во осојница, тоа може да предизвика конфузија за камерите, бидејќи тие третираат топче кое има една боја и светлост и одеднаш доаѓа до промена кога топчето ќе дојде во сенка. Значи, може во некои случаји да има грешка, но тоа се толку ретки случаји, на пример на 10 илјади поени, еден да биде погрешно следен“.
Ако не може да погреши, дали хокајот може да биде наместен, односно техничарот да манипулира и лажно да го прикаже движењето на топчето на анимацијата која се прикажува на семафорот на тенискиот терен и на телевизиите.
„Не, системот е автоматски, а техничарот само го стартува и стопира кога да почне да го следи топчето и кога да престане“ – појаснува Трифуновски.
Со ова, една дилема е разрешена, но друга е пред нас: што е следното од традицијата што ќе попушти и отиде во заборав пред налетот на модерното време и технолошкиот напредок? Дали, можеби, следни за „отсрел“ ќе бидат собирачите на топчиња, и на нивно место ќе гледаме хуманоиди во улога на балбој и балгирл?! Ионака и овие од крв и месо се „испрограмирани“ како да се роботи.
Ненад Живановски-Столиќ
Спорт
Арина Сабаленко не му верува на соколовото око

Вимблдон