Спорт
Застрашувачкиот пад на шпански атлетичар, заврши во болница
Шпанскиот атлетичар Енрике Љопис итно беше префрлен во болница по страотниот пад во финалето на трката на 60 метри со пречки на Европското првенство во сала.
Љопис беше еден од претендентите за медал, но непосредно пред целта со нога ја фати последната пречка и ја повреди главата.
Медицинскиот тим веднаш влезе на патеката, а персоналот го опколи спортистот и го блокираше погледот на публиката за тоа што се случува во Атака арената во Истанбул.
Тој беше изнесен на носилки со имобилизиран врат.
Шпанската атлетска федерација подоцна објави дека на Љопис се чувствува добро.
Златото на оваа трка го освои Швајцарецот Џејсон Џозеф пред Полјакот Јакуб Шимански.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Премиер лигата ќе гласа за укинување на ВАР од следната сезона
Преставници на клубовите од англиската Премиер лига следниот месец ќе гласаат за укинување на ВАР, пишува The Athletic. За да се укине ВАР потребно е најмалку две третини од клубовите да гласаат за таа опција. Во случајот со Премиер лигата, тоа значи 14 од 20 клубови.
ВАР (Видео помошник судија) беше воведен во Премиер лигата во 2019 година, но беше предмет на бројни контроверзии. Во кои случаи може да се вклучи и какви одлуки се носат со негово користење се постојани прашања во англискиот фудбал. Предлогот е направен на иницијатива на Вулверхемптон.
Видео проверките ја успорија играта, па често се трошеше многу време за проверка и цртање линии. Сето тоа предизвикува фрустрации кај навивачите и затоа се предлага да се укине ВАР. Исто така, ВАР не ги елиминираше судиските грешки бидејќи лошите одлуки се носат и по прегледување на видеата.
Спорт
Првиот асистент на Клоп ќе го предводи Салцбург
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп заедно со своите соработници го напушта клубот. В недела последен пат Клоп со својот стручен штаб ќе ги води „црвените“.
Јирген Клоп по девет години на „Енфилд“ реши да паузаира една сезона. За разлика од него, неговиот прв асистент Пеп Лајндерс веќе знае каде ќе биде наредната сезона.
Лајндерс денеска потпиша тригодишен договор со Ред Бул Салцбург.
41-годишниот Холанѓанецот пристигна во Ливерпул во 2018 година и со клубот ги освои сите можни трофеи.
Лајндерс е четврти тренер на Салцбург за само една година. На крајот од претходниот шампионат клубот се раздели со Матијас Џејсли, диригентската палка ја презеде Герхард Штрубер, но по слабите резултати во првенството (три бода помалку од Штурм) си замина, па сезоната ќе ја заврши Онур Цинел.
Спорт
Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен
Шампионот на Германија Баер Леверкузен успеа да го задржи тренерот Чаби Алонсо, вундеркиндот Флоријан Вирц, но по се изгледа ќе остане без еден од клучените играчи.
Десниот бек Џереми Фримпонг има неверојатна сезона. На 44 натпревари постигна 13 гола и забележа 12 асистенции.
Неговата откупна клаузула е 40 милиони евра и тој автоматски ќе биде слободен доколку некој клуб ја активира.
За холандскиот репрезентативец има голем интерес. Прв во редот Манчестер јунајтед, а 40 милиони се подготвени да потрошат и Арсенал, Баерн и ПСЖ.