Спорт
Застрашувачко боксерско видео – боксер целосно се „загуби“ сред меч
Видео-снимките од боксерскиот меч во Јужна Африка повторно покажуваат колку овој спорт може да биде опасен, откако еден од боксерите беше толку дезориентиран во рингот, што почна да упатува удари кон имагинарен противник.
Симисо Бутелези, кој беше непоразен пред мечот со Сифесиле Мнтунгва за ВБФ африканската титула во средна категорија, на мечот во Дурбан изгледаше дека ја има контролата кога во 10. рунда го прати противникот низ јажињата во нокдаун. Но, додека Мнтунгва успеа да се соземе додедка судијата му одбројуваше, Бутелези очигледно се „загуби“ и почна да упатува удари во возух, пред судијата да го прекине мечот.
Бутулези на крајот заврши во болница и јужноафриканските медиуми тврдат дека ќе остане таму неколку дена.
Very scary in South Africa please ?? for Simiso Buthelezi (4-1). At 2:43 of the 10th & final round, Siphesihle Mntungwa (7-1-2) falls through the ropes but then Buthelezi appears to lose his understanding of the present situation. Mntungwa takes the WBF African lightweight title pic.twitter.com/YhfCI623LB
— Tim Boxeo (@TimBoxeo) June 5, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Меси го прослави 35. роденден во „одбрано“ друштво на Ибица

Лионел Меси, живата легенда на светскиот фудбал, денеска го прослави својот 35. роденден, потсетувајќи дека е во последните години од неговата кариера. Местото на прослава беше посебно избрано, изнајмен хотел на островот Ибица во друштво на најблиските пријатели.
Откако беа посебни гости на свадбата на Жорди Алба, сопругата на Луис Суарез, Софија Балби сподели фотографија на социјалните мрежи каде што покрај двајцата поранешни соиграчи од Барселона беа и Цеск Фабрегас и неговата сопруга, како и сестрата на Балби, Марија Балби со нејзиниот партнер.
Меси и Фабрегас, кои се познаваат од деновите во кои беа дел од славната „Ла масија“ на Барселона, веќе неколку дена уживаат на Ибица, каде што од неодамна се приклучи уште еден поранешен фудбалер на Каталонците, Луис Суарез.
Спорт
Ледецки по петти пат златна на 800 метри, нов триумф за домашниот фаворит Милак!

Американката Кејти Ледецки победи и во својата четврта дисциплина на Светското првенство во пливање во Будимпешта, завршувајќи го настапот со своја петта последователна титула на 800 метри слободно, нешто што досега не успеало на ниту еден пливач.
Со време од 8:08.4, Ледецки беше за 10.73 секунди пред Австралијката Каја Мелвертон, за сега да ги има 27-те најдобри резултати во историјата на дисциплинта. Ова беше петто најбрзо во историјата. Со вкупно 19 освоени златни медали на СП, таа се одвои на второто место на вечната листа пред Рајан Лохти и заостанува само зад 26-те на Мајкл Фелпс.
Унгарецот Кристоф Милак, пак, повторно ја воодушеви домашната публика, победувајќи на 100 метри пеперутка со време од 50.14 секунди, победувајќи го Јапонецот Наоки Мизунума и Канаѓанецот Џош Лиено. Милак претходно во вторникот на 200 метри пеперутка стигна до златото со нов светски рекорд (1:50.34).
Швеѓанката Сара Сјестром, пак стигна до својот 18. медал на СП, победувајќи на 50 метри пеперутка, и може да стигне до 19-тото злато на 50 метри слободно, каде што е апсолутна фаворитка.
Спорт
Јунајтед не можат да комплетират трансфер, Глејзери си исплатија дивиденда

Семејството Глејзери, вклучувајќи ги извршните ко-претседатели Џоел и Аврам Глејзер добија 11 милиони фунти дивиденда од Манчестер јунајтед во петокот, навлекувајќи го бесот на независната навивачка група на клубот.
Исплатата доаѓа по најлошата сезона на „ѓаволите“ во Премиерлигата, која ја завршија на 6. место и не влегоа во Лигата на шампионите. Покрај тоа, иако му беа ветени средства за засилувања на новиот менаџер Ерик Тен Хаг, Јунајтед засега не успеаја да донесат ниту еден фудбалер, и се вклучени во игра на нерви со Барселона, околу Френки де Јонг.
Според Трастот на навивачи на Манчестер јунајтед (МУСТ), одлуката е „целосно неприфатливаа“.
„Денеска Глејзери ќе си платат голем дел од дивидендата од 11 милиони фунти на крајот на една од најлошите сезони во нашето сеќавање. Награда за неуспех е лоша практика за било кој бизнис, и целосно неприфатлива ако се земе состојбата на работите во Јунајтед. МУСТ постојано бара вклученост во одлуките на клубот, за да се слушне гласот на навивачите, но ова е непростливо. Ќе бараме одговори на директните состаноци“, се вели во објавата на МУСТ.
Јунајтед нема освоено трофеј од 2017 година, а за титула од Премиерлигата чекаат од 2013 година.