Спорт
Затоа е „крал“! Рафа го демолираше Ѓоковиќ за рекордна 20. гренд слем круна

И покрај сите најави дека е во проблеми поради временските услови и потешките топчиња, Рафаел Надал необично лесно го декласираше Новак Ѓоковиќ во уште една пресметка на двајцата најдобри тенисери на денешницата, за со 6:0/6:2/7:5 победа во финалето на Ролан Гарос за освојување на рекордна 20-та гренд слем титула.
„Кралот на земја“ уште еднаш покажа дека суверено владее на земјените терени во Париз, освојувајќи ја неверојатната 13-та титула од францускиот гренд слем и вкупно 20-та гренд слем титула, со која се израмни со уште еден свој голем ривал, Роџер Федерер. Ѓоковиќ, помлад од двајцата великани, останува на 17 гренд слем титули.
Стартот на 56-тиот дуел меѓу Надал и Ѓоковиќ беше шокантен за Србинот, кој вторпат во кариерата загуби сет без освоен поен против Шпанецот. На светскиот број 1 му беа потребни повеќе од час игра за да го освои првиот гем во мечот, за 1:1 израмнување, но веќе во следниот гем Надал направи брејк, за да го освои и вториот сет со релативно лесни 6:2 за час и пол игра. Во првите два сета, Надал направи само три неизнудени грешки, додека Ѓоковиќ имаше дури 28!
Надал ја продолжи одличната игра со брејк за 3:2 водство во третиот сет, пред Србинот, конечно, да се разбуди и да врати брејк за 3:3. Двајцата не успеаја да направат брејкови, а публиката, конечно, се стави на страната на Србинот, но Надал повторно направи брејк за 6:5 водство и го комплетираше триумфот за нешто помалку од три часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.