Спорт
Зенит доби „вајлд-кард“, ќе игра в Евролигата
Зенит од Санкт Петербург доби специјална покана за учество во Евролигата во сезоната 2019/2020. Финансиски моќниот клуб, чии спонзор е „Гаспром“ ја комплетира листата на учесници во наредната сезона. Новата сезона е прва во која ќе учествуваат 18 екипи, односно секој тим ќе одигра 34 натпревари.
Русија покрај Зенит ќе ја претставуваат ЦСКА Москва и Химки, што е прв пат оваа земја да има три екипи во елитата. Од регионот место во Евролигата избори Црвена ѕвезда.
Новата сезона во Евролигата ќе започне на 3 октомври, а финалето на завршниот турнир ќе се одигра на 24 мај 2020 година во Атина.
Учесници во Евролигата, сезона 2019/2020:
Шпанија: Басконија, Барселона, Реал Мадрид, Валенсија
Русија: ЦСКА Москва, Химки, Зенит
Грција: Олимпијакос, Панатинаикос
Турција: Фенербахче, Анадолу Ефес
Германија: Алба Берлин, Баерн Минхен
АБА-лига: Црвена ѕвезда
Италија: Армани Милано
Литванија: Жалгирис
Франција: Асвел
Израел: Макаби Тел Авиви
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Нан го продолжи договорот со Панатинаикос
Американецот Кендирк Нан денеска, како што беше најавено, потпиша нов договор со Панатинаикос.
Нан, кој го однесе Панатинаикос на завршниот турнир во Евролигата, имаше желба да се врати во НБА веќе летово, но како што изјави му се допаѓа Европа, Атина и Панатинаикос.
Тој е еден од најдобрите играчи во Евролигата во моментов и е фигура која може да ја направи разликата на теренот во корист на Панатинаикос на претстојниот фајналфор.
Тој ќе биде член на зелените во следните две сезони, со излезна клаузула во НБА следното лето.
На 33 натпревари во Евролигата, Нан имаше просек од 16 поени, три асистенции и 2,6 скока (48 проценти од шутот за два поени, 42 проценти од шутот за три поени и 96 проценти од слободните фрлања).
Пред да дојде во европската кошарка, тој играше четири години во НБА лигата, а во првата сезона 2019/20 година се најде во најдобрата петорка на дебитанти. Во НБА играше за Мајами Хит и ЛА Лејкерс.
Спорт
Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер
Борусија Дортмунд е во финалето на Лигата на шампионите. Двата полуфинални натпревари против ПСЖ, Борусија ги доби со 1:0.
На „Паркот на принцовите“, победникот го реши голот што го постигна Матс Хумелс во 50. минута.
Ова ќе биде трето финале во Лигата на шампионите за Борусија. Во првата, во 1997 година, го победија Јувентус со 3:1, а во 2013 година загубија со 2:1 од Баерн.
На првиот натпревар во Дортмунд, ПСЖ погоди две стативи, а во Париз само во вториот дел уште четири пати ја погодија рамката на голот.
„Морам да бидам искрен и да кажам дека моравме да го добиеме натпреварот. Имавме 30 удари кон голот, дури четири пати ја погодивме стативата. Фудбалот понекогаш е толку неправеден“, изјави тренерот на ПСЖ, Луис Енрике за „ТНТ“ по натпреварот и продолжи.
„Честитки за нив. Тие се одличен тим и се надевам дека ќе победат во финалето. Мораме да се регрупираме и да создадеме нешто посебно и да се вратиме следната сезона и да го освоиме ова натпреварување”.
Спорт
Видео на денот – Марко Ројс како водач на навивачите
Борусија Дортмунд ја пишува приказната на сезоната во Европа, а во центарот на вниманието е клупската легенда Марко Ројс.
Во пресрет на реваншот со Пари Сен Жермен, Ројс официјално објави дека го напушта саканиот клуб на крајот на сезоната, по истекот на договорот.
Не можеше да замисли подобро збогување од финалето на Лигата на шампионите на „Вембли“, каде што беше актер и во 2013 година во поразот од Баерн Минхен.
Токму затоа ова е видеото на денот, Марко Ројс го предводи навивањето по победата над „светците“ во Париз.
Борусија славеше со голот на уште еден ветеран, Матс Хумелс и со вкупен резултат 2:0 се пласира во финалето.
🇩🇪 Marco Reus celebrating with the Dortmund fans last night… 🫂🗣️
𝙄𝙣𝙘𝙧𝙚𝙙𝙞𝙗𝙡𝙚. ⚫️🟡 pic.twitter.com/laOKT95VvJ
— PurelyFootball ℗ (@PurelyFootball) May 8, 2024