Спорт
Жестока тепачка на навивачи на Севилја и Динамо – видео
Динамо од Загреб, во среда, игра во Севилја против истоимената екипа во четвртото коло, во Лигата на шампионите, а ноќ пред натпреварот екстремните навивачи на двата тима со тепачка во центарот на градо го „најавија“ натпреварот.
Хрватскиот шампион е без победа во Лигата на шампионите, а во четвртото коло ќе и гостува на Севилја, а на трибините на „Санчез Писхуан“ ќе го бодрат точно 208 навивачи.
Навивачите на Динамо, наречени „Бед Блу Бојс“, во вторникот вечерта имале блиска средба со екстремните фанови на Севилја.
„Навивачите на Динамо беа во еден ресторан кога беа нападнати од навивачи на Севилја, по што започна застрашувачка тепачка, во која се користеа палки и столици“, раскажал за „АБЦ“, очевидец на тепачката.
„Мундо Депортиво“ пишува дека стотина хрватски навивачи кои со часови пиеле во центарот на градот започнале да кршат се околу себе, а „АС“ наведува дека „Бед Блу Бојс“ веќе ја имаат покажано својата лоша страна на шпанска почва.
Полицијата успеала да уапси неколку навивачи, а засега нема информации за повредени во тепачката. Шпанците овој меч го означија како „натпревар од висок ризик“. крај/мф/нц
Се вчитува прикажувачот на видео…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

