Спорт
Жиру и Челси ја продолжија соработката

Францускиот репрезентативец Оливие Жиру, во вторникот, го продолжи договорот со Челси. Жиру пред 18 месеци стана играч на „сините“, а бидејќи му истекуваше договорот со клубот, тој се поврзуваше со трансфери во неколку тимови од татковината. На крајот решил да ја прифати понудата и да остане на „Стенфорд Бриџ“.
„Среќен сум што го продолжив договорот. Навистина имав желба да останам уште една година. Од почетокот се чувствувам дека сум дела од тимот, се надевам дека ќе освоиме многу трофеи во наредниот период“, рекол Жиру откако го потпишал новиот договор.
Жиру сезонава е најдобариот стрелец на Челси во Лига Европа, на 13 натпревари има постигнато 10 гола. Во кариерата настапувал за Арсенал и Монпелје.
Allez les Bleus! ?@_OlivierGiroud_ has signed a contract extension with the Blues! ✍️
— Chelsea FC (@ChelseaFC) May 21, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Њукасл брзо најде замена за Исак

Челниците на Њукасл се во незавидна позиција откако првата ѕвезда, Александар Исак, изрази желба да го напушти „Сент Џејмс Парк“. Оваа шокантна вест го принуди клубот итно да бара замена, на врвот на листата на желби се наоѓа словенечкиот репрезентативец и напаѓач на РБ Лајпциг, Бенјамин Шешко.
Шешко, за кого претходно интерес покажуваше Арсенал, минатото лето потпиша нов договор со РБ Лајпциг до 2029 година.
Не е познато колкава сума бара клубот за Словенецот, познато е само дека на почетокот на преодниот рок Манчестер јунајтед се повлече од преговорите кога Германците побараа 77 милиони евра.
Шешко постигна 39 гола на 87 настапи за Лајпциг, а претходно постигна 29 гола на 79 натпревари за РБ Салцбург. Тој беше импресивен и во дресот на словенечката репрезентација, за која постигна 16 гола на 41 натпревар.
Спорт
Ферстапен за отказот на Хорнер: Така решија менаџерите и акционерите

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, изјави дека шефовите имале право да го отпуштат досегашниот директор Кристијан Хорнер и додаде дека одлуката нема да влијае на неговата иднина.
„Менаџментот и акционерите одлучија дека сакаат промена и на крајот на денот, тие го водат тимот, јас сум само возач. Значи, што и да одлучат, тие имаат целосно право да прават што сакаат. И во основа тоа се случи“, рече Ферстапен на прес-конференција во Спа, објави „Скај спортс“.
Хорнер беше ненадејно отпуштен на почетокот на јули по 20 години во Ред Бул. Компанијата Ред Бул не прецизираше зошто Хорнер е отпуштен, а тоа се случи поради шпекулациите дека Ферстапен би можел да го напушти тимот.
„Во исто време, гледајќи наназад на тие 20 години во Ред Бул, мислам дека имавме многу, многу одлични години и многу, многу одлични резултати. Секако, има години кога работите не одат толку добро, и мислам дека последната година и пол не беше како што сакавме и менаџментот одлучи да оди во друга насока. И тогаш сите мора да се согласат со тоа и да гледаат напред“, додаде тој.
Хорнер беше заменет на функцијата од Лоран Макис, кој ќе го води тимот за прв пат на претстојната трка за Големата награда на Белгија овој викенд.
Многумина шпекулираат дека Ред Бул го отпушти Хорнер за да ги зголеми шансите да го задржи холандскиот возач по оваа сезона. Исто така, се претпоставува дека лошиот однос на Хорнер со таткото на возачот, Јос Верстапен, влијаел врз одлуката шефот на тимот да добие отказ.
Фото/ Принскрин
Спорт
Никола Јокиќ ќе игра на Европското првенство

Никола Јокиќ ѕвездата на Денвер Нагетс ќе игра за Србија на претстојното Европско првенство.
Ова го напиша американскиот новинар Иван Сидери, кој работи за Форбс.
„Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо ќе настапат на Евробаскетот следниот месец за своите земји. За сите фанови на НБА кои сакаат да гледаат акција со голем влог. Евробаскетот секогаш го исполнува тоа“, напиша Сидери.
Американските медиуми очигледно знаат нешто, што сè уште не го знаат ниту во Србија, бидејќи дури ни српските репрезентативци не можеа да потврдат дека најдобриот играч на светот ќе игра за репрезентацијата.
Европското првенство ќе се игра од 27 август до 14 септември во четири земји.
Фото/ Принтскрин