Спорт
„Зидан нема да замине. Ќе видите“

Повратникот во редовите на фудбалската репрезентација на Франција, Карим Бензема, за „Лекип“ проговорил за иднината на тренерот на Реал, Зинедин Зидан. Шпанските медиуми се сигурни дека Зидан ќе го напушти Реал.
„Не мислам дека ќе замине. Нема да замине, ќе видите“, рекол Бензема.
Мислењето на Бензема го делат и клупските челници, кои сакаат Зидан да остане. Прашање е само какви планови има Зизу кого во Италија го поврзуваат со клупата на Јувентус.
Кога сме кај Карим Бензема, сезоната ја заврши со 23 гола и двет асистенции. Со напаѓачот на Вилјареал, Џерар Морено, го подели второто место на листата со најдобри стрелци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Томас Милер по 25 години го напушта Баерн

Томас Милер по завршувањето на сезоната ќе го напушти Баерн Минхен. „Билд“ објави дека преговорите околу новиот договор не вродиле со плод.
Милер е во Баерн од својата 10-година, значи дресот на славниот клуб го носи 25 години. Беше предводник на секоја генерација на Баерн во последните речиси две децении.
За време на репрезентативната пауза билеа одржани неколку средби меѓу Милер и Макс Еберл, како и Кристофер Фројдн, кој е задолжен за спортските работи во баварскиот клуб.
„Билд“ објави дека договор не бил постигнат, па сигурно е дека Милер би можел да го напушти клубот и да бара нова клуб, бидејќи се уште нема намера да се повлече од фудбалот.
Милер оваа сезона одигра само 11 натпревари како стартер, а на 23 влезе од клупата за резерви, забележа по пет гола и асистенции.
Вкупно, Милер одигра 741 натпревар за првиот тим на Баерн, постигна 247 голови и забележа 273 асистенции.
Тој освои два трофеи во Лигата на шампионите, две титули на Светското клупско првенство, 12 трофеи во Бундес лигата и шест германски купови.
Веќе се зборува дека би можел да се пресели во САД.
Спорт
(Видео) Езе го однесе Кристал Палас во полуфиналето на ФА купот

Во градското дерби, Кристал Палас го совлада Фулам како гостин во четвртфиналето на ФА Купот. Головите за пласман во полуфиналето ги постигнаа Езе и Сар во првото полувреме, додека точка на натпреварот стави Енкетиа во 75. минута, за 0:3.
Кристал Палас во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот Брајтон – Нотингем Форест.
Денешната пресметка на овие ривали е осма во низа, на која победува гостинската екипа. Исто така, ова беше прв дуел на Фулам и Кристал Палас во ФА купот по 118 години. И во далечната 1907 година победи Палас.
Играчите на Кристал Палас одлично го отворија натпреварот, Езе го постигна првиот гол во 34. минута. Четири минути подцна нов шок за Фулам, Езе му асистираше на Сар за 0:2.
Вп вториот дел Фулам напаѓаше, но нападите беа стерилни, Паласбез проблем се бранеше, а на 15 минути до крајот поранешниот играч на Арсенал, Енкетија стави точка на натпреварот.
Спорт
Сити подготвиле 60 милиони евра за Камбијазо

Манчестер сити ја игра најлошата сезона во последната деценија, поради што клупските челници, заедно со тренерот Пеп Гвардиола, решија да направат целосен ремонт. Сити со ремонтот започна во јануари, кога се засили со четворица играчи, а според англиските медиуми веќе е познато кој играч ќе биде првото засилување во летниот преоден рок.
Станува збор за дефанзивецот на Јувентус, Андреа Камбијазо, кого клубот од Манчестер се обиде да го доведе во јануари.
Овој 25-годишен дефанзивец е проценет на 60 милиони евра.
Менаџерот Пеп Гвардиола инсистира да го доведе бидејќи верува дека Италијанецот ќе успее да си го реши проблемот на левата страна.
Поради ова, раководството на клубот веќе подготви пари за обештетување и се очекува Камбијазо да биде првото засилување за „Граѓаните“ ова лето.