Спорт
Златан стана легенда на Милано, Лече сонува за опстанок, Чиро поблиску до „златната копачка“

Златан Ибрахимовиќ постигна два гола, а Милан стигна до импресивна 4:1 победа на гостувањето кај Сампдорија, со што Швеѓанецот стана првиот фудбалер во историјата кој има постигнато над 50 голови за двата клуба од Милано, Милан и Интер.
Со овие два гола, 38-годишниот Златан има вкупно 51 постигнато голови за „росонерите“, откако постигна 42 во 61 меча од 2010 до 2012, и девет гола од враќањето во Милано во јануари. Ибрахимовиќ исто така има и 57 гола за Интер од 2006 до 2009, со што е првиот фудбалер кој постигнал над 50 гола за двата легендарни клубови. Златан исто така има 553 гола во 934 меча, достигнување до кое од активните фудбалери имаат стигнато само Лео Меси и Кристијано Роналдо.
Ибрахимовиќ го отвори резултатот во 4. минута, пред Хакан Чалханоглу во 54. минута да зголеми на 0:2, а само четири минути подоцна му асистираше на Ибрахимовиќ за вториот гол. Самп пропушти шанса да се доближи со промашениот пенал на Марони во 78. минута, но Аскилдсен со убав гол во 87. минута намали на 1:3, пред Рафаел Леао во 92. минута да ги постави конечните 4:1. Со победата, Милан се одвои на четири поени пред Наполи на шестото место на табелата.
Во борбата за опстанок, Џенова на Горан Пандев загуби со катастрофални 5:0 на гостувањето кај Сасуоло, за да ја продолжи битката со Лече за опстанок во лигата, откако Лече ги изненади Удинезе на Илија Несторовски со 2:1 победа. Двајцата македонски репрезентативци беа стартери на мечевите, но не успеаја да се запишат во листата на стрелците.
Овие резултати значат дека пред последното коло Џенова на 17. место има 36 поени, само еден повеќе од Лече на 18. место. Во последното коло, Грифоне на Пандев игра дома со Верона, додека Лече игра со Парма.
Чиро Имобиле, пак, постигна гол при 2:0 победата на Лацио над „отпишаната“ Бреша за да се одвои на четири гола пред Кристијано Роналдо во трката за најдобар стрелец во италијанската Серија А. Со 35 постигнати голови, Имобиле исто така го помина Роберт Левандовски како најдобар стрелец во топ 5 европските лиги.
СЕРИЈА А, 27.КОЛО
Лацио – Бреша 2:0
Сампдорија – Милан 1:4
Сасуоло – Џенова 5:0
Удинезе – Лече 1:2
Верона – СПАЛ 3:0
САМПДОРИЈА – МИЛАН
ЛАЦИО – ВЕРОНА
САСУОЛО – ЏЕНОВА
УДИНЕЗЕ – ЛЕЧЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Суарез „стрелаше“ на својот 34. роденден, Атлетико се врати за победа над Валенсија

Атлетико Мадрид триумфираше над Валенсија со 3:1 за да се одвои на седум поени предност на врвот на Ла лига пред градскиот ривал Реал Мадрид и тоа со натпревар помалку, откако Жоао Феликс, Луис Суарез и Анхел Кореа стрелаа откако претходно „лилјаците“ дојдоа до шокантно водство на „Ванда Метрополитано“.
Србинот Урош Рачиќ во 11. минута од мечот постигна еден од најубавите голови во Ла лига оваа сезона, удар кој ниту Јан Облак немаше шанси да го стигне. Жоао Феликс во 23. минута успеа да израмни на 1:1 со интересен гол, по што во второто полувреме, „рохибланкос“ ја презедоа контролата – Суарез го постигна својот 12. гол во 15 меча оваа сезона во 54. минута, за Кореа да го потврди триумфот во 72. минута.
Тимот на Диего Симеоне сега има 47 поени на врвот од табелата по 18 меча, додека со 19 одиграни меча, Реал е втор со 40, а Барса трета со 37 поени. Валенсија е само 14. со 20 освоени поени досега и само четири победи.
Спорт
Французите и Швеѓаните со супериорност до четврт-финале

Фаворитите Франција и Шведска не дозволија никаква неизвесност околу нивниот пласман во четврт-финалето на Светското првенство во Египет, стигнувајќи до убедливи победи во последните мечеви од втората групна фаза на Мундијалот.
Избегнувајќи секакви „комбинаторики“, Французите го одиграа најдобриот меч на првенството, доминирајќи над Португалија и стигнувајќи до победа од 32:23 за прво место во групата 3 пред Норвешка, а во исто време Шведска исто толку беше супериорна над Русија, победувајќи со неверојатни 14 гола разлика (34:20) за да го освои првото место во групата 4 пред Египет.
Освен на почетокот на мечот, кога двапати Португалија имаше по гол предност, Франција ја имаше контролата на играта, правејќи дури +10 во второто полувреме. Иго Деска имаше осум гола за „триколорите“, по пет уфрлија Н’Гесан и Мем. Шведска, пак, работите ги реши уште во првото полувреме, кога имаа дури девет гола предност против Русија (17:8)
Швеѓаните во четврт-финалето ќе се сретнат со второпласираниот од групата 2, каде што во игра уште се Данска, Аргентина и Хрватска, додека Французите ќе играат со второпласираниот во групата 1, Унгарија или Шпанија.
СП ЕГИПЕТ, ВТОРА РУНДА
ГРУПА 3
Алжир – Швајцарија 24:27 (13:15)
Исланд – Норвешка 33:35 (18:18)
Португалија – Франција 23:32 (12:16)
Табела: 1.Франција 10, 2.Норвешка 8, 3.Португалија 6, 4.Швајцарија 4, 5.Исланд 2, 6.Алжир 0
ГРУПА 4
Македонија – Белорусија 26:30 (14:14)
Словенија – Египет 25:25 (14:8)
Русија – Шведска 20:34 (8:17)
Табела: 1.Шведска 8, 2.Египет 7, 3.Словенија 6, 4.Русија 5, 5.Белорусија 4, 6.Македонија 0
Спорт
Капа долу, капитену – Кирил Лазаров е најголемиот!

Македонија имаше неславен настап на Светското првенство во ракомет во Египет, со една победа и пет порази во шест меча, но никој не може да ја потцени големината на нашиот капитен, Кирил Лазаров, кој стигна до митската бројка од 500 гола во македонскиот дрес на големите натпреварувања, 22 години по неговиот прв настап на СП, токму во Египет во 1999 година.
Тој со право беше прогласен за играч на мечот по поразот од Белорусија, а во негова чест претходно ИХФ направи интересна компилација од неговите настапи за македонската репрезентација.
View this post on Instagram
Lazarov the Great 🇲🇰 #Egypt2021
22 years after his first IHF World Championship, precisely in Egypt, a thankful @LazarovKiril7 looks back at his most glorious days with the North Macedonia jersey 🙌
Full feature ▶️ https://t.co/qfVIZDdyyB pic.twitter.com/4wwQbFiYE5
— International Handball Federation (@ihf_info) January 24, 2021
Llegó el fin de una era.
🇪🇬 1999
🇭🇷 2009
🇪🇦 2013
🇶🇦 2015
🇫🇷 2017
🇩🇪🇩🇰 2019
🇪🇬 2021Kiril Lazarov se despide de los Mundiales. ¡Leyenda! pic.twitter.com/1wknPObvFF
— Asier Oiarbide (@AsierOiarbide) January 24, 2021
Пораз од Белорусија за крај на катастрофалното СП за Македонија
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот