Спорт
(Видео) НБА не ги откажа мечевите, кошаркарите плачеа на клупата

НБА лигата не најде за сходно да ги откаже денешните мечеви по смртта на Коби Брајант, што донесе навистина срцепарателни сцени на терените.
Ова посебно се забележа на мечот Хјустон-Денвер, каде што кошаркарите едноставно не можеа да ги заддржат солзите во една траорна атмосфера.
Мечот Торонто-Сан Антонио пак почна на необичен начин – двата тима решија да не играат во првите 24 секунди од мечот поради Коби.
Tyson Chandler clearly heartbroken. Not sure how these players are able to focus on the game. #Rockets pic.twitter.com/QlO0ByjsEI
— Alykhan Bijani (@Rockets_Insider) January 26, 2020
all the players at this NBA game are crying how do they still expect them to play????? pic.twitter.com/TNJh9NVteE
— lu (@fentadore) January 26, 2020
The Raptors and Spurs both took 24-second violations at the start of their game in honor of No. 24, Kobe Bryant.
The crowd gave a standing ovation along with Kobe chants. pic.twitter.com/C2VD5iZez9
— ESPN (@espn) January 26, 2020
DeMar DeRozan and some of the @Raptors share a moment during warmups. pic.twitter.com/BXDWGRzWgK
— Sportsnet (@Sportsnet) January 26, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шпански тинејџер е најскапиот играч во историјата на Комо

Шпанскиот крилен играч Хесус Родригез потпиша за Комо до 2030 година во трансфер вреден 22 милиони евра. Родригез стана најскапиот играч во историјата на клубот.
Рекордот што претходно го држеше Мартин Батурина брзо беше срушен. Пред една недела Батурина дојде во Комо од Динамо Загреб за 18 милиони евра.
Хесус Родригез ќе наполни 20 години во ноември, а минатата сезона постигна пет гола на 44 натпревари за Бетис.
Момчето родено во Севилја често се споредува со легендата на клубот, познатиот Хоакин, во однос на неговиот стил на игра.
Foto/ EPA
Спорт
Голманот на Порто пред трансфер во Манчестер Сити

Манчестер Сити е блиску до потпишување на договорот со голманот на Порто и Португалија, Диого Кошта, тврди британскиот сервис Би-би-си.
Повикувајќи се на свои извори, Би-би-си, пишува дека Сити се согласил да ја активира откупната калузула во договорот на голманот која изнесува 75 милиони евра.
Според овој извор, Кошта веќе се согласил да се пресели во Манчестер Сити, а неговиот менаџер, Жорге Мендеш, моментално е во интензивни преговори со двата клуба за трансферот да се реализира што е можно поскоро.
Диого Кошта одигра 43 натпревари за Порто минатата сезона, прими 45 гола, на 19 натпревару не прими гол.
Foto/ EPA-EFE/ANNA SZILAGYI
Спорт
Легендарниот Уругваец ќе се пензионира

Легендарниот напаѓач Луис Суарез ќе стане слободен агент на крајот од оваа година, бидејќи му истекува договорот со Интер Мајами.
Како што пишува шпански „Ас“, Уругваецот размислува да стави крај на својата феноменална кариера по завршувањето на соработката. Суарез има 39 години и во последните неколку сезони има проблеми со коленото, што му отежнува да игра натпревари секоја недела.
Суарез би сакал да се збогува со Интер со освојување на титулата. Тој моментално е втор најдобар стрелец во историјата на клубот со 34 гола, а првиот е Лионел Меси со 50.
Пред неколку недели, Суарез го објави новиот уругвајски клуб што го формираше заедно со Аргентинецот. Гласините сугерираат дека уругвајскиот напаѓач би можел целосно да се посвети на проектот, особено ако се пензионира.
Интер планира да стане поамбициозен во следните неколку месеци, бидејќи Светското клупско првенство покажа дека тимот не не конкурентен против некои од најдобрите тимови во светот.
Клубот е фокусиран Меси, односно да го убеди да остане, а потоа се засили со врвни играчи за да создадат конкурентен тим. Според најновите извештаи, Суарез не е дел од плановите.
Foto/ EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH