Спорт
Зошто голот на Карим Бензема беше (правилно) поништен од ВАР?
Еден од моментите на вчерашното финале на Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул предизвика огромен интерес и многу контроверзи, откако голот на Карим Бензема во финишот на првото полувреме беше поништен поради офсајд.
Французинот ја смести топката во мрежата, откако според францускиот судија Клемен Турпан беше во офсајд позиција и покрај тоа што топката до него пристигна од Фабињо. Уште почудно, зад линијата на Бензема беше Енди Робертсон.
Судијата и ВАР проценија дека топката ја упатува Федерико Валверде, иако последниот допир доаѓа од Фабињо. Покрај тоа, Робертсон не се смета како играч кој би го поништил офсајдот, бидејќи Бензема е зад голманот, односно Робертсон во оваа ситуација се смета за голман – уште поточно, кога голманот не е на своја позиција, мора да има барем двајца дефанзивци зад стрелецот на голот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ѓимшити го честеше Интер за Нова година, нероазурите ја победија Аталанта
Фудбалерите на Интер ја победија Аталана, во Бергамо со 1:0 и се вратија на челната позиција цо Серија А. Годината Интер ја заврши со 36 бода, еден повеќе од Милан и дваод актуелниот шампион Наполи.
Интер не блескаше, но во Бергамо го искористи подарокот на Берат Ѓимшити. Дефанзивецот на Аталанта, во 65-та минута дозволи Лаутаро да го „пресече“, неговото нелогично додавање.
Аргентинецот потоа го проигра Еспозито, втрча во шеснаесетникот, се понуди, ја доби топката од соиграчот и рутински ја реши ситуацијата.
🇮🇹 Atalanta 0-1 Inter | Lautaro Martínez 65' pic.twitter.com/vXHyGqNsoA
— Goals Xtra (@GoalsXtra) December 28, 2025
Foto/ depositphotos
Спорт
Ракометарите загубија во Пореч од Хрватска
Ракометната репрезентација на Македонија доживеа пораз во првиот контролен меч, пред Европското првенство. Во Пореч, Хрватска ја победи Македонија со 26:23 (14:11).
Македонија имаше предност во воведните пет минути (3:2), потоа Хрватите започнаа да ја диктираат играта, благодарение на одличниот голман Дино Славиќ и нереализиранбите три седмерци, дојдоа до предност од четири гола. Разликата на полувремето беше три гола за домаќинот.
На почетокот на вториот дел Хрватите ја достигнаа највсоката предност, од пет гола. Македонија успеа да се врати во мечот, во 49.минута дојде до гол негатива (20:19).
Сепак некои избрзани одлуки во нападот и голманот Славиќ на крајот и ја донесоа победата на Хрватска.
Дино Славиќ беше најдобриот играч на теренот со 15 одбрани.
Никола Митревски запиша 11 одбрани за македонскара репрезентација, додека Филип Кузмановски постигна седум гола, но од 15 обиди.
Foto/ VANESA PANDZIC Cropix
Спорт
(Видео) Тинејџер погоди за победа на Тотенхем кај Кристал Палас
Фудбалерите на Тотенхем победија како гости кај Кристал Палас со 1:0 во натпревар од 18-то коло од Премиер лигата.
Стрелец на единствениот гол беше тинејџерот на Тотенхем, Арчи Греј (19) во 42-та минута. За Греј ова е прв сениорски гол во Премиер лигата.
Нему му асистираше Бразилецот Ричарлисон.
Tottenham midfielder Archie Gray scores with header!
🏴 Crystal Palace 0-1 Tottenhampic.twitter.com/5qcyoOTfPo
— Goals Xtra (@GoalsXtra) December 28, 2025
Малкумина на стадионот можеа да претпостават дека тоа ќе биде единствениот гол, бидејќи натпреварот беше отворен и зо многу шанси на двете страни.
Кристал Палас целосно ја презеде контролата во второто полувреме, притискајќи ги Спарс, сè повеќе и повеќе како што одминуваше времето, но играчите на домашниот тим не можеа да се справат со изворедната дефанзива на Тотенхем.
Тотенхем, од друга страна, ги имаше двете најдобри шанси за гол во второто полувреме.
Прво, во 75-тата минута, голот на Ричарлисон беше поништен бидејќи се најде во офсајд позиција во моментот кога Мохамед Кудус му асистирашес, а пред крајот, Вилсон Одоберт ја погоди стативата на голот на Палас.
Fptp/ freerangestock

