Спорт
Зубименди се кае што останал во Реал Сосиедад, во јануари се сели во Манчестер сити
Манчестер сити во зимскиот преоден рок ќе биде активен на пазарот, во обид да донесе замена за Родри, кој поради тешка повреда ја заврши сезоната.
Како што открива шпански „Релево“, Сити е подготвен да ја активира откупната клаузула од 60 милиони евра и да го доведе Мартин Зубименди од Реал Сосиедад.
Зубименди летово беше пред трансфер во Ливерпул, клубот од „Енфилд“ го извести Реал Сосиедад дека е подготвен да ја активира откупната клаузула од 60 милиони евра, но шпанскиот репрезентативец одби да го напушти Сан Себастијан.
Медумите во Шпанија тврдат дека Зубименди се кае што донел ваква одлука. Реал Сосиедад летово го напуштија Микел Мерино и Робин Ле Норман, а клубот не донесе адекватни засилувања, поради што во првите девет кола Реал Сосиедад освои само 10 бода.
Зубименди би бил замена за Родри, а подоцна и алтернатива, особено ако се земе предвид дека Матеус Нуњез не ги оправда очекувањата, а Кевин Де Брујне и Илкај Гундоган наредното лето веројатно ќе си заминат од „Етихад“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити на колена пред Јувентус, Феран Торес го замолкна Дортмунд
Фудбалрите на Јувентус го победија Манчестер сити со 2:0, а Барселона славеше во Дортмунд 3.2 во најпривлечните вечерашни натпревари во Лигата на шампионите.
Јувентус го освои 11-от бод и се искачи на врвот на табелата, додека Сити остана на осум и се наоѓа на 22-та позиција.
Ова беше седми пораз за „граѓаните“ во последните десет натпревари, при што имаат само една победа.
Во првите 45 минути од мечот во Торино практично не се случуваше ништо, неколку почушанси и обидот на Халанд во 40.минута чии удар го одбрани Ди Грегорио.
Второто полувреме беше поофанзивно од двете страни. Во 53. минута, Влаховиќ некако успеа да ја смести топката зад грбот на Емерсон.
Сити, потоа тргна во офанзива, имаше шанси преку Бернардо Силва и Де Брујне, но резултатото остана 1:0.
Казната ги стигна „граѓаните“ во 75.минута, Веа ја уфрли топката во шеснаесетникот, а Мекени со полуволеј ја испрати во голот.
Двата тима сега одат на пауза, па во седмото коло од Лигата на шампионите, на 22 јануари, Јувентус гостува кај Бриж, додека Сити истиот ден ќе игра против ПСЖ.
Фудбалерите на Барселона ја совладаа Борусија Дортмунд со 3:2 (0:0), ја запишаа петтата победа и се искачија на второто место на табелата.
Каталонците го контролираа мечот во првиот дел, ја држеа топката во своите нозе повеќе од 70 проценти од времето, упатија и повеќе удари. Сепак, Борусија Дортмунд беше поконкретна, но обидите на Серхио Гираси и Марсел Сабицер завршија крај голот.
Вториот дел од натпреварот започна со гол на Каталонците. Во улога на асистент се најде Дани Олмо, а Рафиња ја затресе мрежата. Водството на Барселона не траеше долго бидејќи, во 60. минута од „белата точка“ беше прецизен Гираси.
Ефикасното второ полувреме го продолжи Феран Торес кој и ја врати предноста на Барселона, но само две минути подцна изедначи Гираси. Сепак, во 85. минута Торес со вториот гол на натпреварот го замолкна „Сигнал Идуна Парк“ и им донесе победа на гостите.
Резултати:
Атлетико – Слован 3:1 (2:0)
/Алварез 16, Гризман 42, 57 – Стрелец 51/
Лил – Штурм 3:2 (2:1)
/Сахаруи 37, Бекер 45+2, Харалдсон 81 – Китешвили 45+4, Бирт 47/
Милан – Црвена Звезда 2:1 (1:0)
/Леао 43, Ејбрахам – Радоњиќ 67/
Арсенал – Монако 3:0 (1:0)
/Сака 34, 78, Хаверц 88/
Бенфика – Болоња 0:0 (0:0)
Борусија Д. – Барселона 2:3 (0:0)
/Гираси 60, 78 – Рафиња 53, Торес 75, 85/
Феенорд – Спарта 4:2 (3:1)
/Тронер 8, Паишао 10, Муса 30, Хименез 63 – Рахмани 42, Белен 79г/
Јувентус – Манчестер Сити 2:0 (0:0)
/Влаховиќ 53, Мекени 75/
Штутгарт – Јанг Бојс 5:1 (1:1)
/Стилер 25, Мијо 53, Фурих 61, Фагноман 66, Кајтел 76 – Лакоми 6/
Спорт
Олимпијакос се засили на центарската позиција
Кошаркарскиот клуб Олимпијакос донесе нов центар. Грчкиот клуб мораше да реагира на пазарот, бидејќи Мозес Рајт ја заврши сезната, а извезен период поради повреда ќе паузира и Мустафа Фал.
Нов играч на Олимпијакос, кој треба да му биде поддршка на Никола Милутинов во рекотот е Нејтан Менсах. Кошаркарот од Гана е висок 206 сантиметри, а има распон на има распон на рацете од 226 сантиметри.
Менсах договори соработка со тимот од Пиреја до крајот на сезоната, а во договорот има опција за продолжување на уште една година.
Кошаркарот од Гана ќе има можност да дебитира веќе во петок против Црвена звезда кога Олимпијакос гостува на „Белградска Арена“ во 15. коло од Евролигата.
Менсах досега главно играше во Развојната лига, каде што оваа сезона го носеше дресот на филијалата на Сан Антонио Спарс. Тој имаше просек од 5,4 поени, шест скока и две блокади по натпревар.
Спорт
(Видео) Гризман за нов триумф на Атлетико, Лил во трилер меч го победи Штурм
Атлетико Мадрид и Лил според прогнозите забележаа победи во првите натпреври од вечерашната програма во Лигата на шампионите. Атлетико, рутински го победи Слован од Братислава со 3.1, а Лил потешко од прогнозите славеше со 3:2 во дуелот со Штурм.
На „Метрополитано“ во Мадрид, Атлетико доминираше 70 минути кога реши да го спушти ритамот. Хулијан Алварез постигна убав гол во 16.минута, до крајот на полувремето, апзолутната доминација на теренот во 42.минута со втори гол ја круниса Гризман.
Слован во првиот дел имаше само еден обид, кога поранешниот играч на Вардар, барсегјан ја погоди гредата.
Во второто полувреме, сомнителен пенал добија играчите на Слован во 51.минута. Прецизен од белата точка беше Стрелец. Само шест минути подцна Гризман со својот втор гол го постави конечниот резултат.
Во Лил се одеше според планот на „догите“ до последните секунди од првиот дел. Имаа домашните предност од 2:0 со головите на Шарауи во 37. и Бакер во втората минута од судискоот надополнување. Сепак веќе во следниот напад Штурм се врати во мечот со голот на Китишвили.
По две минути игра во вториот дел целосен шок за Лил, на 2.2 изедначи Бирет. Сепак австрискиот првак не издраж, во 81.минута Харалдсон го постави конечниот резултат.